Арџан или Хараџиново (грчки: Κάστρο : Κάστρο, Кастро, катаревуса Κάστρον ) — село во Грција, општина Пајонија, област Централна Македонија со 8 жители (2001).
Географија
Селото се наоѓа северно од градот Ругуновец (Поликастро), близу до границата со Република Македонија. Јужно од селото е сместено Арџанско Езеро, кое денес е пресушено.
Историја
Во Османлиското Царство
Во „Етнографија се вели дека во 1878 г. Арџан било населба во казата Аврет Хисар (Кукуш) со 30 домаќинства, со 170 Македонци.[2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) во 1900 селото има 100 жители Македонци.[3]
По податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („Lа Mаcédoinе еt sа Populаtion Chrétiеnnе“) во 1905 година во Арџан има 64 „бугари егзархисти“ (Македонци).[4]
Во Грција
После Втора балканска војна во 1913 година селото останува во Грција.
Наводи