Карпин — поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција.
Географија
Селото се наоѓало на источните падини на планината Пајак, северозападно под врвот Баруч (1.003 м)[1]. Лежело на 4 км северно од с. Црна Река, на патот за с. Купа.[2]
Историја
Карпин било македонско село распаднато во средината на XIX век поради чести напади од разбојнички банди сочинети од турски и албански дезертери од турската војска, месно познати како „тумбулеци“.[2] Истата судбина ја доживеале и другите помали села на ова подрачје.
Населението се преселило во селата Бојмица и Црна Река, и го паметат своето потекло. Меѓу тие родови се издвојуваат Котевци, Доневци и др.[2]
Наводи