Паљори или Палиохори[1][2] — поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија во областа Централна Македонија, Грција.
Селото се наоѓало во падините на планината Пајак, околу 3 км западно од селото Баровица.[3]
Паљори било мало македонско село кое се распаднало пред основањето на Баровица. Според сознанијата на Тодор Симовски, кон крајот на XX век сѐ уште постоеле видливи остатоци од некогашните селски гробишта.[3]