Петрово или Петрево (грчки: Άγιος Πέτρος, Агиос Петрос; до 1927 г. Πέτροβο, Петрово[2]), на турски Педрели — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Населението брои 1.291 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци кои денес сепак се многубројно малцинство во селото.[3]
В XIX век Петрово е чисто българско село в Ениджевардарска каза на Османската империя. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Петрово како македонско село.[4][5] Во црквата „Св. Петар и Павле“ има икони на кулакискиот зограф Маргарит Ламбу и петровскиот зограф Димитар Вангелов.[6]
Селото го признавало врховенството на Бугарската егзархија. Во мај 1880 г. уапсени се старешините на неколку ениџевардарски села и од нив е побарана гаранција дека се доверливи, што би можел да го даде само грчкиот митрополит. Така митрополитот успеал да ги откаже од Егзархијата селата Крива, Баровица, Црна Река, Тушилово, Петрово, Бозец, Постол, Геракарци и Кониково.[7]
На австроунгарската военна карта селото е означено како Педерли (Петрово) (Pederli (Petrovo)),[8] а на картата на Кондојанис како Петровон (Πέτροβον), христијанско село.[9]
Според податоци на кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. во Петрово имало бугарски учител назначен од Егзархијата, но властите не дозволиле отворање на бугарско училиште поради статуквото.[15]
По податоци на Егзархијата во 1910 г. Петрово имало 110 семејства сочинети од 689 жители Македонци, 10 Роми (299 чифлигари) и една црква.[10][16]
За време на Првата балканска војна Петрово е окупирано од бугарска војска. Во 1913 г. кметот Н. Новаков е принуден да избега поради упадите на грчки чети. Подоцна 60 грчки војници навалиле на Петрево и ги измачувале селаните Б. Гердан, Г. Бубаќовски, И. Оржанов, Т. Аларов, Й. Рьошев и И. Газлев под сомнение дека кријат пушки.[18]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Петрово пред Балканските војни имало 115 куќи на Македонци христијани.[19]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. Петрово било пропоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1912 г. е заведено како село со христијанска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. селото (Πέτροβο, Μπεδρελή) имало 787 жители, од кои 390 мажи и 397 жени.[9] Во 1920 г. населението спаднало на 708 лица.[3]
Уште во 1914 г. некои семејства се иселиле во Бугарија поради неподносливите малтретирања на грчката власт. Во 1924-1925 г. принудно биле иселени во Бугарија уште 233 жители (56 семејства),[3] а на нивно место се доселени грчки колонисти. Во 1927 г. името на селото е преведено во Агиос Петрос („Свети Петар“). Во 1928 г. селото е претставено како мешано со вкупно 1.907 жители од кои 434 лица (101 семејство) биле грчки дојденци, а останатите биле домородни Македонци.[20]
Ставро (Крсте) Ќучуков (Σταύρος Κιτσούκης) — гркомански андартски деец, агент од II ред[24]
Ст. Карастојанов (Στ. Καρατραγιάννης) — гркомански андартски деец, агент од II ред[24]
Христо Иванов (Χρήστος Ιωαννίδης) — гркомански андартски деец, агент од III ред, организатор на грчка милиција во селото, одржувал врски со Зервас, убиен по наредба на Петар Пецанов[24]
Христо Попилиев (Χρήστος Παπιλίδης) — гркомански андартски деец од II ред[27]
Поврзани со Петрово
Иванчо Карасулията (1875 – 1905) — револуционер, војвода на ВМОРО, по татко од петровскиот род Орџановци
Починати во Петрово
Георгиос Пападопулос (Капетан Никифорос II, ? – 1907) — грчки андартски капетан
↑Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските български училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 год. – В: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 86.
↑Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
↑Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος (1910). Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι.
↑Генов, Георги (2007). Беломорска Македония : 1908 - 1916(PDF). Toronto, New York: Благотворително издание на бежанците от Вардарска и Егейска Македония, емигранти в САЩ и Канада, Veritas et Pneuma Publishers Ltd., Multi-lingual Publishing House. стр. 163, 183. ISBN978-954-679-146-4 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).