Казаново (грчки : Κοτύλη , Котили ; до 1928 г. Καζάνοβο , Казаново [ 2] ) — село во Кукушко , Егејска Македонија , денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија , Грција. Сè Втората балканска војна било населено исклучиво со Македонци .[ 3]
Географија
Селото е сместено на околу 8 км југоисточно од градот Ругуновец .
Историја
Во Отоманското Царство
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника “ се вели дека во 1873 г. Казаново (Cazanovo) е село во Кукушката каза со 40 домаќинства на 1.848 Македонци .[ 4] [ 5]
Меѓу 1896 и 1900 г. селото преминало под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда .[ 6] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne “) во 1905 г. Казаново (Kazanovo) било село во Кукушката каза со 240 Македонци и во него работело бугарско училиште.[ 4] [ 7]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Казаново имало 25 куќи на Македонци христијани.[ 8]
Во Грција
За време на Втората балканска војна во 1913 г. селото било опустошено, а населението побарало спас во Вардарска Македонија . Истата година тоа е припоено кон грчката држава согласно Букурешкиот договор , а на пописот од таа година се води како напуштено.[ 3]
По Првата светска војна атарот на селото е откупен од неколку велепоседнички семејства на чело со родоначалникот Котили, по кој е дадено неговото ново име. Поседниците се стекнале со 750 хектари првокласна земја. Во 1920 г. селото имало 53 жители, а во 1928 г. тие биле 42.[ 3]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
112
151
131
88
53
67
40
16
Извор за 1940-1991 г. : Т. Симовски , Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
Личности
Дејци на ВМОРО од Кукушко. Трајко Косето Аџаларски, Мине Токлев и Доне Постоларски; Јане Лисичин Казановлија, Лазар Голов и Христо Дили-пале, 19 октомври 1904 г.
Вангел Казански (1860 – по 1943) — револуционер
Јане Казански — револуционер, деец на ВМОРО
Јане Георгиев — револуционер на ВМОРО, четник на Аргир Манасиев [ 10]
Гоце Запрев (Запров, 1884/1885 – ?) — борец во МОО , Кукушка чета, II чета на XIV Воденска дружина[ 11]
Jордан Христов (1885 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, XIV Воденска дружина[ 12]
Мице Колев (1879 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, IV чета на XIV Воденска дружина[ 13]
Наводи
↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“ . Државен завод за статистика на Грција.
↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“ . Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021 .
↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF) . II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 95. ISBN 9989-9819-6-5 .
↑ 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари , и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г . София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 161–162. ISBN 954-8187-21-3 .
↑ Шалдевъ, Хр (1936). „Екзархъ Йосифъ I за задачата на Екзархията следъ 1887 год“ (PDF) . Илюстрация Илиндень . Илинденска организация. 9 (79): 1.
↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF) . Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 98–99.
↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF) . Насеља српских земаља . стр. 32.
↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/24412/504/8-6-1987 – ΦΕΚ 378/Β/27-7-1987“ . Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-11. Посетено на 20 октомври 2014 .
↑ „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.25
↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF) . София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 108 и 263. ISBN 954-9800-52-0 .
↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF) . София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 769. ISBN 954-9800-52-0 .
↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF) . София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 355. ISBN 954-9800-52-0 .