Бен Хур е американски историски филм од 1959, режиран од Вилијам Вајлер. Сценариото на филмот е засновано на романот на Лу Валас од 1880. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Чарлтон Хестон, Стивен Бојд, Џек Хокинс, Хју Грифит, Хаја Харирит, Марта Скот, Кејти О'Донел, Финли Кари и Теренс Лонгдон. Филмот освоил четири награди „Златен глобус“ и рекордни девет награди „Оскар“, со што долго време бил најнаградениот филм (до појавата на „Титаник“ и на „Господар на прстените:Враќањето на кралот“).
Јуда Бен (го игра Хестон) од еврејската куќа Хур е еден од најугледните трговци за време на владеењето на римските цареви Август и Тибериј. Неговиот пријател од детството Месала (го игра Бојд), сега веќе висок офицер во римската војска, се враќа во Јудеја и ја посетува куќата Хур за да се поздрави со Јуда Бен и да го замоли да му помогне да ги запре еврејските бунтови. Јуда Бен го одбива и поради тоа, Месала го протерува на една галија и ја уништува куќата Хур. Како морнар, во една борба, Јуда спасува висок римски офицер, кој го посинува и му подарува слобода. Кога се враќа во Јудеја, Бен Хур запознава еден арапски љубител на коњи и станува возач на неговите тркачки коли. Со него се враќа во Рим и учествува во големата трка...
|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>