Кога јагнињата ќе стивнат (филм)

„Кога јагнињата ќе стивнат“
Плакатот на македонски
РежисерЏонатан Дем
ПродуцентКенет Ут
Едвард Саксон
Рон Бозман
СценаристТед Тали
Главни улогиЏуди Фостер
Ентони Хопкинс
Скот Глен
Тед Левин
Ентони Хелд
Жанртрилер
МузикаХауард Шор
КинематографијаТак Фуџимото
МонтажаКрег МекКеј
ДистрибутерОрион
ПремиераСАД:
14 февруари, 1991
Времетраење118 мин.
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет19,000,000 долари [1]
ПретходенЧовеколовец (1986)
СледенХанибал (филм) (2001)

Кога јагнињата ќе стивнат (англиски: The silence of the Lambs) — американски трилер на Џонатан Дем од 1991, со Џуди Фостер и Ентони Хопкинс во главните улоги. Филмот е снимен според романот на Томас Харис, кој е негово второ дело за д-рот Ханибал Лектор, генијалниот психијатар и канибалец, сериски убиец. Во филмот, Кларис Старлинг, младиот агент на ФБИ, е пратена во затворот кај Лектер да го праша за совет како да фатат сериски убиец наречен Бафало Бил, кој грабнува жени и им ја отстранува кожата. Филмот освоил пет Оскари, вклучувајќи го Оскарот за најдобар филм и со тоа станува единствениот филм на ужасите што ја освоил оваа награда.

Содржина

ФБИ очајнички го бара суровиот сериски убиец „Бафало Бил“, кој киднапира жени и им ја остранува кожата. Со надеж дека ќе откријат нешто повеќе за случајот, директорот на ФБИ одделот за бихејвиорални испитувања, Џек Крафорд, ја праќа младата агентка Кларис Старлиг да го испита злогласниот Ханибал Лектер, брилијантен форензичарски психијатар кој станал канибалистички сериски убиец.

Кларис го посетува Лектер, но одбива да даде каква било информација. Одејќи си од ќелијата, манијакален пациент од соседната ќелија ја прска со сперма. Тоа го налутува Лектер, ја повикува Кларис да се врати и ѝ дава информација во форма на загатка. Со решавањето на загатката, Кларис се наоѓа на земјиштето на Бенџамин Распал, покоен пациент на Лектер. Во неговиот автомобил, таа наоѓа глава која веројатно припаѓа на Распал. Старлниг се враќа кај Лектер и го прашува за главата на Распал, но тој одрекува дека има каква било врска со тоа убиство. Тогаш, тој ѝ понудува помош да го пронајде Бафало Бил, но ако таа успее да го префрли во друга установа. Кларис прифаќа.

Бафало Бил ја киднапира Кетрин Мартин, ќерка на американската сенаторка Рут Мартин. Истовремено, пронајдена е и шестата жртва на Бил, исто без кожа. Клерис му помага на Крафорд при абдукцијата на девојката, во чие грло наоѓаат чаура од лептир.

Крафорд му ветува на Лектор трансфер во болница во Њујорк. Кларис го посетува и со тоа се заплеткува во неговата игра на загатки и лаги. Лектер вели дека договорот е предобар за да е вистинит, па затоа бара од Кларис лични информации во замена за информации за Бил (quid pro quo). Крафорд ја предупредува да не му кажува ништо лично на Лектер, но таа, во очајнички обид да добие информации, му ги открива најболните спомени од детството.

Кларис почнува да му раскажува на Лектер за смртта на татко ѝ, кој бил убиен од страна на двајца провалници додека тој бил на ноќна смена. Неа ја пратиле на ранч во Монтана, каде држеле овци и коњи. Во замена за ова, Лектер ѝ открива дека симболиката на лептировата чаура е промена (од чаура во лептир), што значи дека Бафало Бил сака промена. Тој ѝ кажува за сексуалниот идентитет на Бил – Лектер верува дека тој е транссексуалец. Ја советува да побара документи од болниците каде вршат операции за промена на пол, и тоа за пациенти кои биле одбиени бидејќи паднале на психолошкиот тест.

Во меѓувреме, се открива дека Фредерик Чилтон, директорот на болницата, тајно ги снимал разговорите меѓу Лектер и Кларис во обид да изгради профил на Ханибал Лектер. Чилтон дознава за понудата на Крафорд и му кажува на Лектер. Во замена, тој му нуди своја понуда на Лектер – ако го открие идентитетот на Бафало Бил, тој ќе го префрли во друга установа, но под услов нему да му каже што знае. Лектер настојува дека ќе открие информација само на сенаторката Рут Мартин, и тоа лично со неа, во Тенеси. Задоволен со помислата дека по осум години ќе се ослободи од Лектер, Чилтон се согласува и ја напушта ќелијата на Лектер. Во Тенеси, Лектер почнува да си игра со сенаторката Мартин, уживајќи во нејзината мака, но сепак ѝ дава некои информации за Бафало Бил – неговото вистинско име е Луис Френд. Тој нему му го пратил Распал, бидејќи Распал и Френд биле љубовници. Со новите информации, ФБИ тргнува да ја спаси Кетрин.

Кларис се соочува со Лектер, велејќи му дека ѝ дал погрешно име на Сенаторката и му го бара вистинското име. Лектер одбива и бара од неа да ја заврши приказната за најлошиот спомен од нејзиното дејство. Таа е свесна дека тоа е единствениот начин да дојде до информација и му раскажува како едно утро се разбудила од врисоците на јагнињата кои ги колеле. Таа се обидела да спаси едно од нив бегајќи со него, но набрзо ја фатиле, а јагнето сепак го заклале. Лектер ја прашува Кларис дали сè уште ја прогонуваат пискотниците на јагнињата, и ѝ кажува дека таа најверојатно се надева дека ќе најде мир спасувајќи ја Кетрин. Нервозната Кларис нестрпливо го бара името на Бил, но пред да го дознае, чуварите на Чилтон и Лектер ја исфрлаат од зградата. Сепак, таа успева да го земе документот кој ѝ го дава Лектер, при што тој успева нежно да ѝ ја допре раката.

Ентони Хопкинс како Ханибал Лектор

Истата вечер, Лектер бара втор оброк. Додека Чилтон го испитуваше Лектер во ќелијата во Балтимор, тој успеа да му го земе пенкалото. Лектер го голтнал пенкалото, а откако ќе го поврати, го употребува за да си ги отклуча лисиците додека двајцата полицајци му го внесуваат оброкот. Слободниот Лектер на едниот полицаец му ја распорува утробата, а другот го гризнува за лице. Кога доаѓаат специјалците, мислат дека Лектер се наоѓа во лифтот, тешко ранет. Но, пред тие да пристигнат, Лектер ја заменил облеката со другиот полицаец, а неговата кожа му служи како маска на лицето. Верувајќи дека вториот полицаец е жив, го ставаат Лектер во амбулантната кола и се упатуваат кон болинцата. Во меѓувреме, откриваат дека телото во лифотот е всушност телото на вториот полицаец, а за тоа време, Лектер ја убива целата болничка екипа во амбулантната и бега. Кларис се изненадува кога открива дека Лектер ѝ оставил уште траги за Бил во досието. Со помош на својата цимерка, Кларис открива нешто карактеристично во начинот на убивање на Бил. Фредерика Бимел била првата убиена жртва, но е пронајдена трета по ред, што значи дека Бил сакал да го скрие нејзиниото тело. Кларис претпоставува дека Фредерика приватно го познавала Бил.

Крафорд ја праќа Кларис во родниот град на жртвата, Белверд, Охајо, каде открива дека таа била кројачка. Облеката во нејзиниот ормар има облик на ромб, исто како закрпите од кожи кои Бафало Бил ги одрал од последната жртва. Кларис открива дека Бил е вешт кројач кој сака да се трансформира во жена носејќи „женско одело“ од вистинска кожа. Таа му се јавува на Крафорд, кој веќе тргнал да го уапси. Лектеровата теорија за транссексуална хирургија ја довела полицијата до Џејм Гамб, од болницата Johns Hopkins Hospital. Крафорд го предводи нападот на ординацијата на Гамб, додека специјалци одат во неговата куќа. Кларис продолжува испрашувајќи ги пријателите на Бимел.

Кларис дознава дека Бимел некогаш работела за извесна г-ѓа Липман, но на вратата на нејзината куќа отвора маж кој се претставува како Џек Гордон. На Кларис ѝ текнува дека Гордон е Бафало Бил и дека вистинското име му е Џејм Гамб. Во куќата успева да види траги кои посочуваат на тоа. Го вади својот пиштол и се обидува да го уапси, но тој одеднаш се губи во подрумот, а таа почнува да го следи. Ја наоѓа Кетрин Мартин, жива, во сув бунар. Светлото се гаси, оставајќи ги во потполн мрак. Гамб, носејќи ноќен двоглед, стои зад Кларис со пиштолот вперен во неа. Кларис слуша како тој го одблокира пиштолот, одеднаш се врти и пука во него. Повикува засилување, а Кетрин Мартин е спасена.

За време на забавата по повод доделување на нејзината диплома на Академијата на ФБИ, Кларис се запрепастува кога Лектер ѝ се јавува по телефон. Тој ја прашува дали јагнињата престанале да пискаат, и ѝ ветува дека нема да ја бара ако таа не го бара него. Освен тоа, ѝ кажува дека „вечера стар пријател“. Пред одјавната шпица, се прикажува како Лектер го следи Фредерик Чилтон, кој дошол на истото место (Бахами) за да се скрие од Лектер, знаејќи дека тој сигурно ќе тргне по него поради неговата суровост како директор на болницата.

Наводи

Надоворешни врски

|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>


Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!