Најдобрите години од нашиот живот

„Најдобрите години од нашиот живот“
Плакат за филмот
РежисерВилијам Вајлер
ПродуцентСемјуел Голдвин
СценаристРоберт И. Шервуд
Мекинли Кентор
Главни улогиФредрик Марч
Мирна Лој
Дејна Ендрус
Тереза Рајт
Вирџинија Мајо
Харолд Расел
МузикаХјуго Фридхофер
КинематографијаГрег Толанд
МонтажаДениел Мендел
Студио„Samuel Goldwyn Productions
ДистрибутерRKO Radio Pictures
Премиераноември 21 1946 (1946-11-21)
Времетраење172 минути
ЗемјаСАД
ЈазикАнглиски
Буџет$2,1 милиони
Бруто заработка$23,650,000[1]

Најдобрите години од нашиот живот е американски драма филм, режиран од Вилијам Вајлер, во кој глумат Фредрик Марч, Мирна Лој, Дејна Ендрус, Тереза Рајт, Вирџинија Мајо и Харолд Расел. Во филмот се обработува приказната за тројца американски војници кој се обидуваат да си ги средат своите живот по враќањето од Втората светска војна. За продуцирањето на овој филм, Семјуел Голдвин бил инспириран откога прочитал колумна за ветерани објавена во магазинот Тајм на 7 август 1944, во која биле опишани тешкотиите на војниците по нивното враќање од војна и живеење како цивили. Голдвин најмил поранешен воен репортер за да напише сценарио. Неговото дело, најпрво било објавено како новела именувана „Слава за мене“.[2][3] Подоцна, Роберт Шервуд ја адаптирал новелата на сценарио.[3]

„Најдобрите години од нашиот живот“ освоил седум оскари во 1946, меѓу кои и оскар за најдобар филм, оскар за најдобар глумец, оскар за најдобар глумец во споредна улога, оскар за најдобра монтажа, оскар за најдобро адаптирано сценарио и оскар за најдобар резултат.[4] Филмот веднаш добил пофални критики и набрзо станал најголемиот комерцијален успех по издавањето. Во САД и Обединетото Кралство, Најдобрите години од нашиот живот станал најпосетениот филм по издавањето на „Однесени од виорот“. Во ОК се наоѓа на шестото место на најпосетени филмови на сите времиња со продадени над 20 милиони билети.[5] Како филм меѓу оние со највисока гледаност, при продажбата на билети ја надминал сумата од 20,4 милиони долари.[6]

Награди

Награда Резултат Победник
Најдобар филм Победник „Samuel Goldwyn Productions“ (Семјуел Голдвин, продуцент)
Најдобар режисер Победник Вилијам Вајлер
Најдобар глумец Победник Фредрик Марч
Најдобро адаптирано сценарио Победник Роберт И. Шервуд
Најдобар глумец во споредна улога Победник Харолд Расел
Најдобра монтажа Победник Дениел Мендел
Најдобра музика Победник Хјуго Фридхофер
Најдобар звук Номинирана Гордон И. Сојер
Победил Џон П. Ливадри за филмот Приказната Џолсон
Почесна награда Победник На Харолд Расел


Наводи

  1. „Најдобрите години од нашиот живот“ (1946). Бокс Офис Моџо. Проверено на 4 февруари 2010.
  2. Орис, 1984, стр. 119.
  3. 3,0 3,1 Емануел Ливај. „Преглед: „Најдобрите години од нашиот живот“ (1946). Архивирано на 24 септември 2015 г. emanuellevy.com, 4 мај 2010. Проверено на 20 ноември 2011.
  4. "19. доделување на оскари, номинации и победници. Архивирано на 8 октомври 2014 г. oscars.org. Проверено на 20 ноември 2011.
  5. "BFI'S Ultimate Film Chart." Архивирано на 26 март 2010 г. BFi.org.uk. Проверено на 27 јули 2010.
  6. Топ 100 филмови. Channel 4. Проверено на 25 октомври 2010.

Надворешни врски

ККатегорија:Филмови засновани на романи

|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!