Крилја — безвучен филм од 1927 за борбени пилоти од Првата светска војна. Продуциран е од Лусиен Хјубард, режиран од Вилијам А. Велмaн и издаден од „Paramount Pictures“. Крилја е еден од двата безвучни филмови кои добиле оскар за најдобар филм. (другиот е „Уметникот“ кој ја добил наградата во 2012).[4] Во „Крилја“ глумат Клара Боу, Чарлс „Бади“ Роџерс и Ричард Арлин. Гери Купер се појавува во улога која ќе му помогне за понатамошната кариера во Холивуд, а и улога која го обележала почетокот на неговата афера со Клара Боу.[5]
Филмот бил реиздаден од „Cinemark“ во ограничена верзија во мај 2012.
Наводи
↑Кевин Браунлоу и Дејвид Гил, Холивуд: Прослава за американскиот безвучен филм (телевизиска докуметарна серија во 13 дела). Њујорк: „HBO Home Video“, 1980.
↑Вилијам Велман на продукција на Крилја во епизода Холивуд оди во војна каде што започнува Ото Кан бил финансиер на Крилја посетувајќи ја продукцијата во Тексас.