Артистот

„Артистот“
Филмскиот плакат
РежисерМајкл Хазанавициус
ПродуцентТомас Ленгмен
СценаристМајкл Хазанавициус
Главни улогиЖан Дужардин
Беренис Бежо
МузикаЛудовик Бурс
КинематографијаГулем Шифмен
МонтажаЕн-Софи Бијон
Мајкл Хазанавициус
Студио„La Petite Reine“
„ARP Sélection“
„Studio 37“
„La Class Americane“
„France 3 Cinema“
„U Film“
„Jouror Productions“
„JD Prod“
„Wild Bunch“
ДистрибутерWarner Bros.(Франција)
The Weinstein Company(САД/Авс)
Entertainment Film Distributors(ОК)
Премиера15 мај 2011
Кан
12 октомври 2011
Франција
Времетраење100 минути
ЗемјаФранцијаФранција
ЈазикБезвучен
Англиски превод
Буџет$15 милиони
Бруто заработка$133.432.856[1]

Артистот е француски безвучен[бе 1][2][3][4][5][6] филм од 2011. Филмот припаѓа на жанровите комедија и драма и е снимен во црно-бела техника.[7][8][9][10] „Артистот“ е режиран од Мишел Хазанавициус, кој е автор и на сценариото, а главните улоги ги толкуваат Жан Дужарден, Беренис Бежо и Џон Гудмен.[11]

Филмот постигнал огромен успех кај филмската критика, т.е. на разни фестивали освоил дури 160 награди, а покрај тоа, имал уште 146 номинации. Така, во 2011 година, Дужарден ја освоил наградата за најдобар глумец на Канскиот филмски фестивал, а посебна награда му била доделена и на кучето Уги. Истата година, филмот ја освоил наградата за музика на Европските филмски награди. Филмот освоил пет награди „Оскар“ во 2012 година, и тоа, во категориите: најдобар филм, најдобра главна машка улога, најдобар режисер, најдобра костимографија и најдобра оригинална музика. Истата година, филмот освоил и три награди „Златен глобус“: најдобар глумец, најдобра музика и најдобар филм.[12]

Содржина

Дејствието во филмот се одвива во Холивуд, помеѓу 1927 и 1932 година, и се фокусира на љубовната врска помеѓу постара филмска ѕвезда и млада глумица, која штотуку започнува да се издигнува во филмската индустрија, поточно правејќи безвучни филмови, кој, пак, тренд започнал да опаѓа со појавувањето на звучните филмови.

Џорџ Валентин (го игра Дужарден) е голема ѕвезда на немиот филм. По успешната премиера на неговиот најнов филм, тој излегува пред кино-салата за да се фотографира, а една од неговите обожавателки се судира со него. Џорџ ја прегрнува и, додека се фотографираат, девојката го бакнува, а фотографијата излегува на насловните страници на сите весници. Подоцна, девојката, која се вика Пепи Милер (ја игра Бежо), се пријавува на аудиција во студиото во кое снима Валентин. Таа е вљубена во него, но тој, иако таа го привлекува, се држи воздржано, бидејќи е оженет со една позната глумица. Валентин и Пепи снимаат еден заеднички филм, по што, нивните патеки се разидуваат.

Тогаш, настапува пресврт во технологијата на снимање на филмовите и немите филмови се заменети од звучните. Валентин цврсто одбива да снима звучни филмови и доаѓа во судир со сопственикот на филмското студио, по што самостојно снима нем филм, кој поминува слабо во кино-салите. Во меѓувреме, Пепи Милер станува голема ѕвезда на звучниот филм, нејзините филмови се многу гледани и таа е постојано присутна во медиумите. При една случајна средба во ресторан, каде што Пепи дава интервју, Валентин ѝ се налутува поради нејзината изјава дека старите ѕвезди треба да направат место за новите. Подоцна, Пепи доаѓа во неговиот дом за да му се извини, но тој, со повредена гордост, студено ја одбива.

Потоа, доаѓа големиот крах на берзата, по што Валентин го губи своето богатство. Истовремено, неговата жена го брка од луксузната куќа и тој мора да се пресели во евтин, мал стан. Притиснет од немаштијата, тој го отпушта својот личен шофер (кого го вработува Пепи) и започнува да се опива. На крајот, тој е принуден да ги продаде сите свои работи на аукција, а нив тајно ги купува Пепи, која сè уште го сака.

Валентин е очаен и само тоне во својата лоша состојба. Еден ден, тој оди во кино-салата за да гледа филм со Пепи Милер, а потоа доаѓа во својот стан и ги пали сите ролни со своите филмови. Тогаш, станот се запалува, а Валентин паѓа во несвест, но неговото куче повикува полицаец, кој го спасува онесвестениот Валентин. Валентин завршува во болница, а таму го посетува Пепи, која го пренесува во својот стан. Некое време, таа и Валентин живеат среќно, но повторно доаѓа до израз суетата на Валентин. Еден ден, додека Пепи е на снимање, тој случајно влегува во собата во која таа ги чува сите негови работи кои ги купила на аукцијата. Налутен, тој на напушта нејзината куќа и оди во својот опожарен стан, каде го зема револверот и го става во устата, сакајќи да се убие.

За тоа време, во филмското студио, Пепи му поставува услов на сопственикот дека ќе го напушти студиото, ако не ѝ дозволи да сними заеднички филм со Валентин. Тој се согласува, а таа радосна оди во својот дом за да му ја соопшти веста на Валентин. Кога не го наоѓа таму, Пепи заминува во неговиот стан, пристигајќи токму во моментот кога тој сака да изврши самоубиство. Двајцата се прегрнуваат, а потоа започнуваат да го снимаат заедничкиот филм.[13]

Белешки

  1. Постои недоразбирање околу тоа дали филмот е француски или американски. Официјалното американско мрежно место наведува „тоа е американски филм од реномираниот француски писател/режисер Мајкл Хазанавициус, додека, пак, академијата за филмска уметност и наука го опишува како француски филм, потенцирајќи дека филмот е режиран и продуциран од Французин и двете главни улоги во филмот ги толкуваат, исто така, Французи.

Наводи

  1. „„Артистот" (2011)“. „Box Office Mojo“. Посетено на 23 јуни 2012.
  2. „Кански фестивал: „Артистот". Кан. Архивирано од изворникот на 2012-03-07. Посетено на 24 јануари 2012.
  3. „Реакциите во Франција по петте освоени оскари на „Артистот". „Los Angeles Times“. 27 февруари 2012. Посетено на 27 февруари 2012.
  4. Томпсон, Ник (27 февруари 2012). „Како безвучен, црно-бел француски филм освои многу оскари“. „CNN“. Посетено на 27 февруари 2012.
  5. Пател, Тара (27 февруари 2012). „Рекордни пет оскар за француски филм, „Артистот". „Bloomberg Businessweek“. Посетено на 27 февруари 2012.
  6. Фанер, Ерик (27 февруари 2012). „Француската филмска индустрија го слави своето највисоко културолошко достигнување“. Њујорк Тајмс. Посетено на 27 февруари 2012.
  7. „Номинирани & Приматели: „ACE Film Editors". „ACE Film Editors“. Архивирано од изворникот на 2012-03-22. Посетено на 26 февруари 2012.
  8. „Номинации за Златен Глобус“. Архивирано од изворникот на 2012-10-26. Посетено на 2012-08-03.
  9. „Артистот“ на „Rotton Tomatoes“
  10. 3 1/2 ѕвезди за „Артистот“ „Chicago Tribune“
  11. Смит, Ијан Хајден (2012). Интернационален филмски прирачник, 2012. стр. 117. ISBN 978-1908215017. |access-date= бара |url= (help)
  12. IMDb, The Artist I (2011) (пристапено на 4.1.2015)
  13. IMDb, The Artist I (2011) (пристапено на 4.1.2015)

Надворешни врски

|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!