„Крамер против Крамер“ (англиски: Kramer vs. Kramer) — американски филм (драма) од 1979 година, во режија на Роберт Бентон, кое е автор и на сценариото зановано врз истоимениот роман од Ејвери Кормен. Главните улоги ги граат: Дастин Хофман, Мерил Стрип и Џејн Александер. Филмот добил пет „Оскари“, и тоа: Оскар за најдобар филм, за најдобар глумец, за најдобар режисер, за најдобра глумица во споредна улога и за најдобро адаптирано сценарио.
Синопсис
Тед (го игра Хофман) е целосно посветен на кариерата. На крајот од работниот ден, неговиот претпоставен му соопштува дека ќе биде унапреден, но кога Тед се враќа дома, дознава дека сопругата Џоана (ја игра Стрип) го напушта, оставајќи му го малолетниот син. На почетокот, Тед не може да се снајде во улогата на родител и често го запоставува детето, но со текот на времето, тие се зближуваат сè повеќе. Сето тоа е на штета на работните обврски на Тед. Еден ден, Џоана се враќа во Њујорк и поведува судски процес за старателство над детето. Истовремено, Тед е отпуштен од работата, но веднаш наоѓа друга, помалку платена, работа. За време на судењето, Тед сфаќа дека Џоана била несреќна во бракот, а таа дознава дека Тед се изменил и прераснал во посветен родител. На крајот, таа го добива судскиот спор и Тед е принуден да се раздели од синот. Меѓутоа, Џоана сфаќа дека нема право да ги раздели и се согласува детето да остане со Тед.[2]
Надворешни врски
Наводи
|
---|
| 1920-ти | |
---|
| 1930-ти | |
---|
| 1940-ти | |
---|
| 1950-ти | |
---|
| 1960-ти | |
---|
| 1970-ти | |
---|
| 1980-ти | |
---|
| 1990-ти | |
---|
| 2000-ти | |
---|
| 2010-ти | |
---|
|
|group11 = 2020-ти
|list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022)
}}
</noinclude>