„12 години роб“ |
---|
Постер за филмот |
Режисер | Стив Меквин |
---|
Продуцент | Бред Пит, Диди Гарднер, Џереми Клејнер, Бил Похлад, Стив Меквин, Арнон Милчен, Ентони Катагас |
---|
Главни улоги | Чуетел Еџиофор, Мајкл Фасбендер, Бенедикт Камбербач, Пол Дејно, Пол Џијамати, Лупита Нјонго, Сара Полсон, Бред Пит, Алфри Вудвард |
---|
Музика | Ханс Зимер |
---|
Кинематографија | Шон Бобит |
---|
Монтажа | Џо Вокер |
---|
Студио | Summit Entertainment, Regency Enterprises, River Road Entertainment, Film4, Plan B |
---|
Дистрибутер | Fox Searchlight Pictures (САД), Entertainment One (Обединето Кралство) |
---|
Премиера | август 30 2013 (2013-08-30) (Telluride Film Festival) ноември 8 2013 (2013-11-08) (САД) јануари 10 2014 (2014-01-10) (Обединето Кралство) |
---|
Времетраење | 134 минути[1] |
---|
Земја | Обединето Кралство, САД |
---|
Јазик | англиски |
---|
Буџет | [2][3] $18 милиони |
---|
Бруто заработка | $172,036,000[4] |
---|
12 години роб (англиски: 12 Years a Slave) — британско-американски историски филм од 2013 година, во режија на Стив Меквин, според сценариото на Џон Ридли, засновано врз истоимената книга на Соломон Нордап од 1853 година. Главните улоги ги играат: Чиветел Еџиофор, Мајкл Фасбендер, Бенедикт Камбербач, Пол Дејно, Гарет Дилахант, Мајкл Кенет Вилијамс, Брет Пит, итн. Филмот опишува вистински настани: Соломон Нордап, роден како слободен човек во државата Њујорк, во 1841 година бил грабнат во Вашингтон и продаден како роб, по што поминал 12 години во ропство, работејќи на плантажите во Луизијана. Филмот освоил три награди „Оскар“ (за најдобар филм, најдобра споредна улога и најдобро адаптирано сценарио) при што за првпат во историјата оваа награда ја освоил афроамерикански режисер. Исто така, филмот ја освоил наградата „Златен глобус“ за најдобар филм и две награди на БАФТА (за најдобар филм и најдобар глумец).[5] Првото научно издание на мемоарот на Нортап, издадено во 1968 од страна на Су Икин и Џозеф Логсдон, внимателно ги опишува и верифицира настаните во мемоарот за кои се смета дека се точни и прецизни.[6]
Синопсис
Соломон е слободен човек кому му е направена голема неправда: тој е грабнат, затоа што е Црнец и потоа е продаден како роб при што добива новот има - Плат. Така, тој поминува 12 години работејќи на плантажата за памук во Луизијана при што постојано се истакнува со својата дарба. Работејќи како роб, тој е принуден да ја трпи бруталноста на неговиот сопственик. Бидејќи е разделен од своето семејство, тој сонува да побегне и еден ден сонот му се остварува: на имотот каде што работи доаѓа дрводелец кој, иако е Белец, не го поддржува ропството. Плат го замолува да ги извести неговите пријатели и тие доаѓаат на имотот со потврда дека тој е слободен човек. Така, Соломон најпосле се враќа дома, каде во меѓувреме неговата ќерка се омажила и добила бебе кое го крстиле Соломон.[7]
Наводи
|
---|
| 1920-ти | |
---|
| 1930-ти | |
---|
| 1940-ти | |
---|
| 1950-ти | |
---|
| 1960-ти | |
---|
| 1970-ти | |
---|
| 1980-ти | |
---|
| 1990-ти | |
---|
| 2000-ти | |
---|
| 2010-ти | |
---|
|
|group11 = 2020-ти
|list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022)
}}
</noinclude>