Ова е страница за помош на македонската Википедија. Ова не е енциклопедиска содржина. Видете Помош:Содржина за индекс на сите страници за помош, или оставете прашање на Селската чешма каде што можете да добивате одговори.
Википедија е посебен вид на мрежно место наречено „вики“, што значи дека секој може лесно да промени било која незаштитенастатија и тие промени да се прикажат веднаш на страницата.
Уредувањето на викистраница е многу лесно. Едноставно стиснете на „Уреди“ јазичето најгоре (или стиснете на „уреди“ десно или долу) на викистраница. Тоа ќе ве донесе до страница со поле за текст во кој се наоѓа постоечкиот текст на страницата кој може да го менувате. Ако само сакате да експериментирате, тоа правете го во песокот; а не овде. Треба да напишете кратко резиме во малото поле под полето за текст. Откако ќе завршите, стиснете на копчето „Прегледај“ да видите како изгледаат вашите промени. Можете да ги видите и разликите меѓу вашите промени и веќе постоечката страница стискајќи на копчето "Прикажи промени’. Ако сте задоволни со промените, стиснете на „Зачувај“ и вашите промени веднаш ќе се појават во статијата. Не се потпишувајте во статиите, софтверот автоматски ги памти сите промени (како и тоа кој ги направил).
Можете да стиснете и на „Разговор“ јазичето за да ја видите соодветната разговорна страница, која содржи коментари околу статијата од други Википедија корисници. Стиснете на „нов поднаслов“ јазичето за да додадете нов поднаслов, или да ја уредите страницата исто како и статиите. Кога уредувате разговорни страници, потпишете ги вашите промени (видете Википедија:Потписи).
Секогаш пишувајте од неутрална гледна точка, бидејќи Википедија не е место за промовирање на различни погледи. Исто така, видете и некои начела и насоки кои би требало да ве водат во уредувањето на статиите.
Наведете ги вашите извори за други да можат да ја проверат и прошират вашата статија. Повеќето статии на Википедија немаат добри наводи, и ова придонесува до најголемата критика - Википедија не е сигурен извор. Помогнете со истражување на интернет и користење на разни печатени ресурси за статиите на кои работите, а потоа наведете ги во соодветна форма. Нив можете да ги вметнете на два начина, како академска форма, т.е. коментар во текстот напишан во заграда (Пример, 2004, стр. 22-23) или како фуснота1 на која се сместува на крајот на статијата.
По создавањето на нова статија, препорачливо е да:
користете Што води овде? (со вашата прикажана статија) да ги проверите статиите кои веќе содржат врски кон вашата, и да се осигурате дека сите тие очекуваат исто значење; и да го
користете го Пребарај копчето за пребарување на Википедија за вашиот наслов и потенцијални варијанти - со цел да најдете статии во кои се споменува насловот и да направите врски кон вашата статија.
Кога уредувате статија, најавен корисник може да означи промена како „ситна“. Ситни промени главно значат правописни исправки, форматирање и ситно преуредување на текстот. Можно е да се сокријат ситните промени кога се гледаат скорешните промени. Означување на голема промена како ситна се смета за лошо однесување, уште повеќе ако се избрише текст. Ако случајно се обележи некоја измена како ситна, корисникот треба да ја уреди статијата повторно, ја означи како крупна (т.е. да се осигура дека копчето „Ова е ситна промена“ не е штиклирано), и во делот за коментар да напише дека претходната промена е голема.
Викијазик е синтаксен систем кој се користи кога уредувате Википедија страница.
Во левата колона во долната табела можете да ги видите можните ефекти. Во десната колона се наоѓаат како добиените ефекти се постигнати. Со други зборови, текстот во сорсот на десната страница се прикажува како оној на левата во статијата.
Како изгледа
Што внесувате
Почнете го вашиот поднаслов вака:
Нов поднаслов
Под-поднаслов
Под-под-поднаслов
Почнете со второстепен наслов (==); не користете наслов за прво ниво (=).
Не прескокнувајте нивоа.
Содржината автоматски се додава на статијата кога има четири или повеќе поднаслови.
Доколку можете, вметнете ги под-поднасловите по азбучен редослед. Доколку листате држави, наведете ги по азбучен редослед.
== Нов поднаслов ==
=== Под-поднаслов ===
==== Под--под-поднаслов ====
Единечна нова линија
обично нема влијание на изгледот.
Може да се користат за одделување
на реченици во параграф.
Некои уредувачи го користат тоа
и го помага уредување функцијата разл
(интерно се користи за различни верзии
на страница).
Но празна линија
почнува нов параграф.
Кога се користи во листа, нова линија има влијание на изгледот (види подолу).
Единечна [[нова линија]]
обично нема влијание на изгледот.
Може да се користат за одделување
на реченици во параграф.
Некои уредувачи го користат тоа
и го помага уредување функцијата ''разл''
(интерно се користи за различни верзии
на страница).
Но празна линија
почнува нов параграф.
Можете да користите
тагови без почнување на нов параграф.
Користете го повремено.
Затворајте ознаки поѓу линии, не почнувајте врска или искосен или здебелен текст на една линија и го затворите во друга.
Можете да користите <br/>
ознаки без почнување на нов параграф.
Листи се создаваат лесно:
Почнете ја секоја линија со ѕвездичка.
Повеќе ѕвездички значат подлабоко ниво.
Нова линија во листа
означува крај на елемент во листата.
Празна линија почнува нова листа.
* Листи се создаваат лесно:
** Почнете го секој ред со ѕвездичка.
*** Повеќе ѕвездички значат подлабоко ниво.
**** Нова линија во листа
означува крај на елемент во листата.
* Празна линија почнува нова листа.
Нумерирани листи се исто така корисни
добро организирани
лесно се следат
уште полесни
# Нумерирани листи се исто така корисни
## добро организирани
## лесно се следат
### уште полесни
Можете да користите и комбинирани
и да ги вгнездите
вака
* Можете да користите и комбинирани
*# и да ги вгнездите
*#* вака
Листа на дефиниции
листа на дефиниции
елемент
дефиниција
друг елемент
дефиниција на другиот елемент
Еден елемент по линија; нова линија може да се појави пред двете точки, но користење на празно место пред двете точки го подобрува парсирањето.
; Листа на дефиниции : листа на дефиниции
; елемент : дефиниција
; друг елемент
: дефиниција на другиот елемент
Две точки назабуваат линија или параграф.
Рачна нова линија почнува нов параграф.
Ова главно се користи за прикажување материјали, но се користи и во дискусии во разговорните страници.
: Две точки назабуваат линија или параграф.
Рачна нова линија почнува нов параграф.
Кога има потреба за посебни блокови за текст
blockquote командата ќе ги назаби двете маргини наместо само левата како двете точки.
Ова е корисни за вметнување блокови на цитиран текст.
<blockquote>
'''blockquote''' командата ќе ги назаби
двете маргини наместо само
левата како двете точки.
</blockquote>
АКО линија почнува со празно место, ТОГАШ
автоматски ќе биде форматирано како
што е типкано;
во фонт со фиксна ширина;
линиите нема да се прекршат;
КРАЈАКО
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако го направите текстот широк, автоматски ја присилувате страницата да биде широка и со тоа помалку читлива, посебно за корисниците кои користат пониски резолуции. Никогаш не почнувајте обични линии со празно место.
АКО линија почнува со празно место, ТОГАШ
автоматски ќе биде форматирано како
што е типкано;
во фонт со фиксна ширина;
линиите нема да се прекршат;
КРАЈАКО
Центриран текст.
Имајте го во предвид американскиот спелинг на "center."
Делот по знакот # мора да одговара на наслов на некој поднаслов на целната страна. Тој мора да одговара по синтакса, како и големина на букви. Врски кон непосточки поднслови се третираат како врски кон почетокот на страната.
Може да се создаваат називи со додавање на id="..."> атрибутот на скоро било кој HTML елемент.
[[Северен Пол#Поврзани Статии]] е врска
кон поднаслов на друга страна.
[[#Врски и адреси]] е врска кон
поднаслов на сегашната страна.
[[#пример]] е врска кон
симбол кој е создаден со
<div id="пример">ид атрибут</div>
Автоматски сокриј нешто од насловот на статијата:
Јава.
Серверот автоматски го пополнува делот по знакот | кога зачувувате страница. Следниот пат кога ќе ја уредувате страницата ќе ја видите целата експандирана врска. Кога се прегледува промената, не се врските не се експандирани, барем сè додека не стиснете на Зачувај копчето. Истото се однесува и на врски кон поднаслови на истата страница.
Автоматски сокриј нешто од насловот на статијата:
[[Java (програмски јазик)|Јава (програмски јазик)]].
Автоматски сокриј namespace:
[[Wikipedia:Портал|Портал]].
Горните два примера може да се комбинираат:
Но не и:
[[Wikipedia:Manual of Style#Links|]]
Кога додавате коментар во страниците за Разговор,
треба да додате и потпис со внесување три
знаци тилда (~) за додавање на вашето име:
: ~~~
или четири за додавање на името и датумот/времето:
: ~~~~
Пет тилди го даваат само датумот/времето:
: ~~~~~
Една статија се пренасочува кон друга со додавање на наредба како на десната страна на првата линија во статијата (пр. статијата ОН е пренасочување кон статијата за Обединети Нации).
Имајте во предвид дека иако можете да создадете врска кон поднаслов, не можете да направите пренасочување кон поднаслов.
#REDIRECT [[Обединети Нации|ОН]]
Врски кон статија со ист наслов во друг јази се додаваат во облик: [[јазичен код:Наслов]].
Нема разлика каде ќе ги поставите овие врски, тие секогаш се прикажуваат на исто место кога ќе зачувате страница. Сепак, пожелно е тие да стојат на крајот од текстот.
Страниците '''Што е поврзано со ова''' и '''Поврзани промени'''
можат да се поврзат со:
[[Специјални:Whatlinkshere/Помош:Како да уредам страница]]
и
[[Специјални:Recentchangeslinked/Помош:Како да уредам страница]]
'''Придонесите''' на корисник може да се додадат со:
[[Специјални:Contributions/КорисничкоИме]]
или
[[Специјални:Contributions/192.0.2.0]]
За да додате статија кон одредена Категорија, додадете врска како онаа десно било каде во статијата. Како и кај меѓујазичните врски, нема разлика каде ќе ја поставите врската бидејќи секогаш ќе се појави на исто место кога ќе ја зачувате страницата. Сепак, пожелно е да се постави на крајот на текстот.
[[Категорија:Меѓународни институции]]
За да направите врска конкатегорија без да ја додадете статијата во таа категорија, додадете две точки (:) во врската.
[[:Категорија:Меѓународни институции]]
Постојат три начини да создадете врски кон надворешни извори:
Средни загради укажуваат на надворешна врска. Обратете внимание на празното место (не |) за одделување на адресата од текстот во „именуваната“ верзија.
Во адресата, сите симболи мораат да бидат меѓу : A-Z a-z 0-9 . _ \ / ~ % - + & # ? ! = ( ) @ \x80-\xFF
Адресите мораат да почнат со протоколот (пр. [http://www.nupedia.com], а не [www.nupedia.com])
Ако адреса содржи знак надвор од листата, треба да се кодира со помош на знакот за процент (%) следен од хексадецималниот код на знакот, кој може да се најде во ASCII табелата. На пример, знакот капа (^) ќе се кодира како %5E.
Постои класа која може да се користи за отстранување на сликата до надворешните врски. Се користи во Предлошка:Ref за да се спречи експандирањето на адресите при печатење. Тоа не смее да се користи во тело на статија. Сепак, постојат исклучоци: викиврски во Слики. На пример:
Постојат три начини да создадете врски кон надворешни извори:
# Чиста адреса: http://www.nupedia.com/ (лош стил)
# Неименувана врска: [http://www.nupedia.com/] (се користи само за фусноти)
# Именувана врска: [http://www.nupedia.com Нупедија]
Приметете дека меѓујазичните врски го користат внатрешниот стил за врски.
Видете MetaWikiPedia:Interwiki_map за список на кратенки; ако страницата кон која сакате да додаде врска не е на списокот, користете надворешна врска (видете погоре).
Врски кон други викија:
# Меѓујазична врска: [[Wiktionary:Hello]]
# Именувана меѓујазична врска: [[Wiktionary:Hello|Hello]]
# Меѓујазична врска без претставка: [[Wiktionary:Hello|Hello]]
Врски кон wiktionary на друг јазик
# [[Wiktionary:fr:bonjour]]
# [[Wiktionary:fr:bonjour|bonjour]]
# [[Wiktionary:fr:bonjour|fr:bonjour]]
Врските кон датуми можат да бидат во еден од горните формати, за секој да може да го подеси редоследот. Ако корисникот е пријавен, може да го подеси изгледот..
За да додадете врска кон не-сликовни датотеки како звуци, користете ја „media“ врската. За слики, видете ја следниот поднаслов.
[[media:Sg_mrob.ogg|Sound]]
Слики
Само слики што се подигнати на Википедија може да се користат. За да подигнете слики, корситете ја страницата за подигање. Листата на веќе подигнати слики се наоѓа овде.
Како изгледа
Што внесувате
Слика:
Слика:
[[Image:wiki.png]]
Со алтернативен текст:
Со алтернативен текст:
[[Слика:wiki.png|глобус]]
Алтернативниот текст се прикажува кога ќе се помине со глувчето над сликата или кога сликате нема да се вчита во прелистувачот, или кога ќе се прочита на глас.
Лебдечки на десната страна од страницата со наслов:
Лебдечки на десната страна од страницата со наслов:
[[Слика:wiki.png|рамка|Википедија Енциклопедија]]
Ознаката рамка автоматски ја поставува сликата десно.
Насловот исто така се користи како алтернативен текст.
Лебдечки на десната страна од страницата без рамка:
Лебдечки на десната страна од страницата ''без'' рамка:
[[Слика:wiki.png|десно|Википедија Енциклопедија]]
На од англиската википедија се објаснети повеќе опции.
Директна врска кон слика без да се прикаже сликата:
[[медија:wiki.png|Лого]]
За да вклучите врски кон слики наместо да ги прикажете, користете ја „media“ врската.
Видете ја image use policy како упатство за користење на слики на Википедија.
За понатамошна помош околу сликите, вклучувајќи и понапредни можности видете ја англиската страница за .
Форматирање текст
Како изгледа
Што внесувате
Нагласи, силно, уште посилно.
Ова се двојни, тројни и квартерни апострофи, а не двојни наводници.
''Нагласи'', '''силно''', '''''уште посилно'''''.
sinx + lny
x = 0
Во обичен текст треба да се користи викијазикот за нагласување, а не use <i> или <b>. Сепак, математчки формули често се пишуваат со искосени букви, некогаш здебелени. Сложени формули треба да користат <math> јазик, а едноставни формули може да користат <math>; или <i> и <b>; или '' и '''. Според , викијазикот се препорачува пред HTML како <i> и <b>.
Фонт за monospace текст
или за програмски код: int main()
Заради подобра семантика, се препорачува користење не <code> пред <tt>.
Фонт за <tt>monospace текст</tt>
или за програмски код: <code>int main()</code>
Можете да користите мал текст за индекси.
Можете да користите <small>мал текст</small> за индекси.
Можете да прешкртате избришен материјал
и да подвлечете нов материјал.
Можете и да означите избришан материјал и
вметнат материјал со користење на логичко означување
наместо визуелен.
Кога уредувате обични статии на Википедија, само зачувајте ги вашите промени и не ги означувајте на ниеден посебен начин.
Кога менувате ваши претходни мислења во разговорните страници, пожелно е да ги означите избришаните или вметнатите делови.
Можете да <s>прешкртате избришен материјал</s>
и да <u>подвлечете нов материјал</u>.
Можете и да означите <del>избришан материјал</del> и
<ins>вметнат материјал</ins> со користење на логичко означување
наместо визуелен.
Дијакритички знаци:
À Á Â Ã Ä Å
Æ Ç È É Ê Ë
Ì Í
Î Ï Ñ Ò
Ó Ô Õ
Ö Ø Ù
Ú Û Ü ß
à á
â ã ä å æ
ç
è é ê ë ì í
î ï ñ ò ó ô
œ õ
ö ø ù ú
û ü ÿ
Методите на индексирање не би требало да се користат по секоја цена, бидејќи зависат од Јуникод поддршката на корисничките компјутери. За 1-2-3 индексите, сепак е преорачливо да се користат (пр мерни единици) бидејќи повеќето пребарувачи полесно се справуваат со нив.
Според сегашната состојба на викијазикот, при постоење на барем четири наслови содржината автоматски се прикажува на почетокот на првиот наслов (или по воведниот дел). Додавање на __TOC__ било каде во текстот приморува содржината да се покаже токму таму (наместо пред првиот наслов). Додавање на __NOTOC__ билокаде приморува содржината да не се прикажува. Видете компактна содржина за азбучни или годишни наслови.
NUMBEROFARTICLES е бројот на страници во главниот namespace кои содржат врски и не се пренасочувања, т.е. број на статии, никулци и страни за појаснување.
Предлошки
МедијаВики софтверот има поддршка за предлошки. Според тоа, стандардизирани текстови може да се внесуваат во статиите. На пример, со внесување на {{никулец}} ќе се испише текстот "Оваа статија е никулец. Стиснете на "уреди" да ја прошириш статијата." кога ќе ја зачувате статијата. Видете Помош:Предлошки за комплетна листа. Други често користени предлошки се: {{појасн}} за страници за појаснување, {{spoiler}} за предупредување spoiler и {{секник}} за никулец за поднаслов. Постојат многу специфични никулци за одредени теми, како: {{Geo-stub}}, {{Hist-stub}}, и {{Linux-stub}}. За комплетна листа видете WP:WSS/ST.
Криење на врската „уреди“
Вметнете __БЕЗ_УРЕДУВАЊЕ_НА_ПОДНАСЛОВИ__ во документот за да спречите појавување на уреди врската до секој наслов на поднаслов.