Лоренс од Арабија (англиски: Lawrence of Arabia) — британски биографски филм од 1962 година, заснован на животот на Т. И. Лоренс. Филмот бил режиран од Дејвид Лин (David Lean) и продуциран од Сем Спигел со неговата продуцентска куќа, „Horizon Pictures“, а сценариото било напишано од Роберт Болт и Мајкл Вилсон. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Питер О'Тул (Peter O'Toole), Омар Шариф (Omar Sharif), Алек Гинис (Alec Guinness), Ентони Квин (Anthony Quinn), Џек Хокинс (Jack Hawkins) и Хосе Ферер (Jose Ferrer). Музиката за филмот е дело на Морис Жар (Maurice Jarre) кој за неа ја добил наградата „Оскар“. Филмот се смета за еден од најдобрите филмови во историјата. На пример, според анкетата на британското филмско списание Sight and Sound, филмот бил пласиран на четвртото место според гласањето на режисерите, а во повеќе други анкети бил прогласен за најдобар британски филм на сите времиња. Во 1963 година, филмот освоил седум награди „Оскар“, меѓу кои и оние за најдобар филм и за најдобра режија.[1]
Содржина
Контроверзниот војник и авантурист Т.Е. Лоренс (го игра О'Тул) умира во сообраќајна несреќа, возејќи мотоцикл. По комеморацијата, присутните започнуваат разговор за покојникот, а клучниот период од неговиот живот е Првата светска војна, кога тој бил поручник во британската војска во Каиро. Притоа, тој бил на лош глас како своеглав и непослушен офицер, но поради познавањето на арапската култура го испраќаат во мисија со цел да го придобие арапскиот принц Фејсал (го игра Гинис) во војната против Турција. Со својот шарм и снаодливост, Лоренс успева да ги придобие Арапите и така игра голема улога во натамошниот развој на војната...[2]
Надворешни врски
Наводи
|
---|
| 1920-ти | |
---|
| 1930-ти | |
---|
| 1940-ти | |
---|
| 1950-ти | |
---|
| 1960-ти | |
---|
| 1970-ти | |
---|
| 1980-ти | |
---|
| 1990-ти | |
---|
| 2000-ти | |
---|
| 2010-ти | |
---|
|
|group11 = 2020-ти
|list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022)
}}
</noinclude>