Светска турнеја на UCI 2014

Светска турнеја на UCI 2014
Четврто издание на Светска турнеја на UCI
Поединости
Датуми21 јануари - 14 октомври
МестаЕвропа, Канада, Австралија и Кина
Трки29
Прваци
Поединечен пласман Алехандро Валверде (ШПА) (Мовистар Тим)
Екипен пласманМовистар Тим
Државен пласманШпанија
2013
2015


Светска турнеја на UCI 2014 — шесто издание на системот за рангирање започнат од Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) во 2009. Серијата започнала со Тур Даун Андер на 21 јануари и завршила со последната етапа на Трката околу Пекинг на 14 октомври.

По победата на UCI ProTour 2008, Шпанецот Алехандро Валверде ја освоил првата поединечна титула во Светската турнеја, освојувајќи 686 бодови во текот на сезоната. Возачот на Мовистар Тим завршил 66 бода пред најблискиот соперник и сонародник Алберто Контадор од Тинкоф-Саксо, додека австралискиот возач Сајмон Геранс бил трет за екипата Орика-ГринЕЏ, но имал над 200 бода помалку од Валверде. Во екипниот пласман, Мовистар Тим завршиле први втора година по ред со вкупно 1440 бода. Второпласирани биле Ванти-Груп Гобер откако ги освоиле двете од трите последни трки во сезоната, додека Тинкоф-Саксо завршиле на третото место. Националниот пласман бил удобно предводен од Шпанија во текот на целата сезона и на крајот имале 764 бода пред Италија.

Екипи

На Светската турнеја право на настап на секоја од трките имаат UCI World Tour екипите, додека професионалните континентални екипи или националните екипи, можат да настапат на некоја од трките само со посебна покана од организаторот.

Екипи кои имаат право на настап на секоја од трките за 2014 се следниве.[1]

Код Официјално име Носител на лиценцата Земја Делови Велосипед
ALM Аг2р-Ла Мондијал EUSRL France Cyclisme  Франција SRAM Focus
AST Астана Abacanto SA  Казахстан Campagnolo Specialized
BEL Белкин Про Сајклинг Rabo Wielerploegen  Холандија Shimano Giant
BMC Ванти-Груп Гобер Continuum Sports LLC  САД Shimano BMC
CAN Канондејл Brixia Sports  Италија SRAM Cannondale
EUC Тим Јуропкар SA Vendée Cyclisme  Франција Campagnolo Colnago
FDJ FDJ.fr Société de Gestion de L'Echappée  Франција Shimano Lapierre
GIA Џајант-Шимано SMS Cycling B.V.  Холандија Shimano Felt
GRS Гармин-Шарп Slipstream Sports, LLC  САД Shimano Cervélo
KAT Катјуша Katusha Management SA  Русија Shimano Canyon
LAM Лампре-Мерида CGS Cycling Team AG  Италија Shimano Merida
LTB Лото-Белисол Belgian Cycling Company sa  Белгија Campagnolo Ridley
MOV Мовистар Тим Abarca Sports S.L.  Шпанија Campagnolo Pinarello
OGE Орика-ГринЕЏ GreenEdge Cycling Австралија Австралија Shimano Scott
OPQ Омега Парма-Квик Степ Esperanza bvba  Белгија SRAM Specialized
SKY Тим Скај Tour Racing Limited  Обединето Кралство Shimano Pinarello
TFR Трек Фактори Рејсинг Trek Bicycle Corporation  САД Shimano Trek
TSB Тинкоф-Саксо Tinkoff Sport  Данска SRAM Specialized

Настани

Сите трки од минатата сезона се вклучени.

Трка Датум Победник Втор Трет Други бодови[2]
(4. место, па надолу)
Етапни бодови
Австралија Тур Даун Андер 21-26 јануари  Сајмон Геранс (АВС) 100 бода  Кедел Еванс (АВС) 80 бода  Диего Улиси (ИТА) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 6, 4, 2, 1, 1
Франција Париз-Ница 9-16 март  Карлос Бетанкур (КОЛ) 100 бода  Руј Кошта (ПОР) 80 бода  Артур Вишо (ФРА) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 6, 4, 2, 1, 1
Италија Тирено-Адријатико 12-18 март  Алберто Контадор (ШПА) 100 бода  Наиро Кинтана (КОЛ) 80 бода  Роман Кројцигер (ЧЕШ) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 6, 4, 2, 1, 1
Италија Милано-Санремо 23 март  Александер Кристоф (НОР) 100 бода  Фабијан Канчелара (ШВА) 80 бода  Бен Свифт (ВБР) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 нема
Шпанија Волта а Каталуња 24-30 март  Хоаким Родригес (ШПА) 100 бода  Алберто Контадор (ШПА) 80 бода  Тиџеј ван Гардерен (САД) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 6, 4, 2, 1, 1
Белгија Е3 Харелбеке 28 март  Петер Саган (СВК) 80 бода  Ники Терпстра (ХОЛ) 60 бода  Герајнт Томас (ВБР) 50 бода 40, 30, 22, 14, 10, 6, 2 нема
Белгија Гент-Вевелгем 30 март  Џон Дегенколб (ГЕР) 80 бода  Арно Демар (ФРА) 60 бода  Петер Саган (СВК) 50 бода 40, 30, 22, 14, 10, 6, 2 нема
Белгија Трка околу Фландрија 6 април  Фабијан Канчелара (ШВА) 100 бода  Грег ван Авермат (БЕЛ) 80 бода  Сеп Ванмарке (БЕЛ) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 нема
Шпанија Трка околу Баскија 7-12 април  Алберто Контадор (ШПА) 100 бода  Михал Квјатковски (ПОЛ) 80 бода  Жан Кристоф Перо (ФРА) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 6, 4, 2, 1, 1
Франција Париз-Рубе 13 април  Ники Терпстра (ХОЛ) 100 бода  Џон Дегенколб (ГЕР) 80 бода  Фабијан Канчелара (ШВА) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 нема
Холандија Амстел Голд Рејс 20 април  Филип Жилбер (БЕЛ) 80 бода  Јеле Ванендерт (БЕЛ) 60 бода  Сајмон Геранс (АВС) 50 бода 40, 30, 22, 14, 10, 6, 2 нема
Белгија Флеш Валон 23 април  Алехандро Валверде (ШПА) 80 бода  Даниел Мартин (ИРС) 60 бода  Михал Квјатковски (ПОЛ) 50 бода 40, 30, 22, 14, 10, 6, 2 нема
Белгија Лиеж-Бастон-Лиеж 27 април  Сајмон Геранс (АВС) 100 бода  Алехандро Валверде (ШПА) 80 бода  Михал Квјатковски (ПОЛ) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 нема
Швајцарија Тур де Романди 29 април — 5 мај  Крис Фрум (ВБР) 100 бода  Симон Шпилак (СЛО) 80 бода  Руј Кошта (ШВА) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 6, 4, 2, 1, 1
Италија Џиро д’Италија 9 мај — 1 јуни  Наиро Кинтана (КОЛ) 170 бода  Ригоберто Уран (КОЛ) 130 бода  Фабио Ару (ИТА) 100 бода 90, 80, 70, 60, 52, 44, 38, 32, 26, 22, 18, 14, 10, 8, 6, 4, 2 16, 8, 4, 2, 1
Франција Критериум ду Дофине 8-15 јуни  Ендру Талански (САД) 100 бода  Алберто Контадор (ШПА) 80 бода  Јурген ван ден Брук (БЕЛ) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 6, 4, 2, 1, 1
Швајцарија Тур де Свис 14-22 јуни  Руј Кошта (ПОР) 100 бода  Матијас Франк (ШВА) 0 бода[заб. 1]  Бауке Молема (ХОЛ) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 6, 4, 2, 1, 1
Франција Тур де Франс 5-27 јули  Винченцо Нибали (ИТА) 200 бода  Жан Кристоф Перо (ФРА) 150 бода  Тибо Пино (ФРА) 120 бода 110, 100, 90, 80, 70, 60, 50, 40, 30, 24, 20, 16, 12, 10, 8, 6, 4 20, 10, 6, 4, 2
Шпанија Класика де Сан Себастијан 2 август  Алехандро Валверде (ШПА) 80 бода  Бауке Молема (ХОЛ) 60 бода  Хоаким Родригес (ШПА) 50 бода 40, 30, 22, 14, 10, 6, 2 нема
Полска Трка околу Полска 3-9 август  Рафал Мајка (ПОЛ) 100 бода  Јон Изагире (ШПА) 80 бода  Бењат Инчаусти (ШПА) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 6, 4, 2, 1, 1
Белгија Холандија Енеко Тур 11-17 август  Тим Веленс (БЕЛ) 100 бода  Ларс Бом (ХОЛ) 80 бода  Том Димулен (ХОЛ) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 6, 4, 2, 1, 1
Шпанија Вуелта а Еспања 23 август — 14 септември  Алберто Контадор (ШПА) 170 бода  Крис Фрум (ВБР) 130 бода  Алехандро Валверде (ШПА) 100 бода 90, 80, 70, 60, 52, 44, 38, 32, 26, 22, 18, 14, 10, 8, 6, 4, 2 16, 8, 4, 2, 1
Германија Ватенфал Класик 24 август  Александер Кристоф (НОР) 80 бода  Џакомо Ницоло (ИТА) 60 бода  Сајмон Геранс (АВС) 50 бода 40, 30, 22, 14, 10, 6, 2 нема
Франција ГП Западна Франција 31 август  Силвен Шаванел (ФРА) 0 бода[заб. 2]  Андреја Феди (ИТА) 0 бода[заб. 3]  Артур Вишо (ФРА) 50 бода 40, 30, 22, 14, 10, 6, 2 нема
Канада ГП Квебек 12 септември  Сајмон Геранс (АВС) 80 бода  Том Димулен (ХОЛ) 60 бода  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) 50 бода 40, 30, 22, 14, 10, 6, 2 нема
Канада ГП Монтреал 14 септември  Сајмон Геранс (АВС) 80 бода  Руј Кошта (ПОР) 60 бода  Тони Галопен (ФРА) 50 бода 40, 30, 22, 14, 10, 6, 2 нема
Шпанија ТТТ на Светското првенство[заб. 4] 21 септември Ванти-Груп Гобер 200 бода Орика-ГринЕЏ 170 бода Омега Парма-Квик Степ 140 бода 130, 120, 110, 100, 90, 80, 70 нема
Италија Џиро ди Ломбардија 5 октомври  Даниел Мартин (ИРС) 100 бода  Алехандро Валверде (ШПА) 80 бода  Руј Кошта (ПОР) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 нема
Кина Трка околу Пекинг 10-14 октомври  Филип Жилбер (БЕЛ) 100 бода  Даниел Мартин (ИРС) 80 бода  Естебан Чавес (КОЛ) 70 бода 60, 50, 40, 30, 20, 10, 4 6, 4, 2, 1, 1
Забелешки
  1. Бидејќи Франк вози за екипата ИАМ Сајклинг, која не е UCI World Tour екипа, нему не му се доделуваат бодови кон пласманот на Светската турнеја.
  2. Бидејќи Шаванел вози за екипата ИАМ Сајклинг, која не е UCI World Tour екипа, нему не му се доделуваат бодови кон пласманот на Светската турнеја.
  3. Бидејќи Феди вози за екипата Нери Сотоли, која не е UCI World Tour екипа, нему не му се доделуваат бодови кон пласманот на Светската турнеја.
  4. Светското првенство во екипен хронометар носи бодови само во екипниот поредок, не и во поединечниот или националниот.

Пласман

Поединечен

[3]

Возачите изедначени со ист број на бодови се рангираат по бројот на победи, потоа бројот на втори места, трети места и така натаму, на настаните и етапите од Светската турнеја.[4]

Место Име Екипа Бодови
1  Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим 686
2  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо 620
3  Сајмон Геранс (АВС) Орика-ГринЕЏ 478
4  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида 461
5  Винченцо Нибали (ИТА) Астана 392
6  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим 346
7  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај 326
8  Александер Кристоф (НОР) Катјуша 321
9  Даниел Мартин (ИРС) Гармин-Шарп 316
10  Жан Кристоф Перо (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал 300
11  Фабијан Канчелара (ШВА) Трек Фактори Рејсинг 286
12  Хоаким Родригес (ШПА) Катјуша 286
13  Џон Дегенколб (ГЕР) Џајант-Шимано 278
14  Филип Жилбер (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер 272
15  Петер Саган (СВК) Канондејл 263
16  Михал Квјатковски (ПОЛ) Омега Парма-Квик Степ 257
17  Фабио Ару (ИТА) Астана 248
18  Ромен Барде (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал 247
19  Бауке Молема (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг 246
20  Рафал Мајка (ПОЛ) Тинкоф-Саксо 241
21  Том Димулен (ХОЛ) Џајант-Шимано 240
22  Тиџеј ван Гардерен (САД) Ванти-Груп Гобер 219
23  Сеп Ванмарке (БЕЛ) Белкин Про Сајклинг 216
24  Грег ван Авермат (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер 210
25  Тим Веленс (БЕЛ) Лото-Белисол 204
  • 236 возачи освоиле бодови, а 43 други возачи завршиле на места кои носат бодови, но не биле членови на некоја од UCI World Tour екипите, туку на некоја од професионалните континентални екипи.

Екипен

[5]

Екипниот пласман се пресметува со додавање на освоените бодови на најдобрите пет возачи од секоја екипа, плус бодовите освоени на Светското првенство во екипен хронометар (СПЕХ).

Место Екипа Бодови Најдобри пет возачи СПЕХ
1 Мовистар Тим 1440 Валверде (686), Н. Кинтана (346), Инчаусти (119), Ј. Изагире (105), Лобато (74) 110
2 Ванти-Груп Гобер 1212 Жилбер (272), Ван Гардерен (219), Ван Авермат (210), Еванс (188), Санчес (123) 200
3 Тинкоф-Саксо 1186 Контадор (620), Мајка (241), Кројцигер (135), Роџерс (60), Бенати (10) 120
4 Омега Парма-Квик Степ 1016 Квјатковски (257), Терпстра (200), Уран (173), Т. Мартин (146), Ванденберг (100) 140
5 Орика-ГринЕЏ 953 Геранс (478), Чавес (80), Албасини (80), Импи (73), Метјус (72) 170
6 Катјуша 938 Кристоф (321), Родригес (286), Шпилак (173), Д. Морено (84), Џ. Карузо (74) 0
7 Аг2р-Ла Мондијал 919 Перо (300), Барде (247), Поцовиво (197), Бетанкур (114), Риблон (61) 0
8 Џајант-Шимано 905 Дегенколб (278), Т. Димулен (240), Кител (136), Баргиј (103), Мезгец (58) 90
9 Тим Скај 890 Фрум (326), Томас (168), Ниеве (104), Свифт (91), Порт (71) 130
10 Астана 823 Нибали (392), Ару (248), Фуглсанг (97), Гривко (60), Гаспарото (26) 0
11 Гармин-Шарп 807 Д. Мартин (316), Талански (135), Навардаускас (126), Слагтер (84), Хесједал (76) 70
12 Белкин Про Сајклинг 795 Молема (246), Ванмарке (216), Келдерман (162), Бом (109), Гесинк (62) 0
13 Трек Фактори Рејсинг 759 Канчелара (286), Ницоло (108), Аредондо (101), Зубелдија (84), Кишерловски (80) 100
14 Лампре-Мерида 706 Кошта (461), Улиси (125), Њемјец (67), Модоло (36), Чимолаи (17) 0
15 Лото-Белисол 590 Веленс (204), Галопен (140), Ј. Ванендерт (104), Ван ден Брук (96), Грајпел (46) 0
16 FDJ.fr 505 Пино (162), Вишо (128), Буани (116), Демар (77), Жене (22) 0
17 Канондејл 456 П. Саган (263), Д. Карузо (47), Формоло (30), Де Марки (22), Басо (14) 80
18 Тим Јуропкар 271 Ролан (138), Готје (84), Сикар (22), Веклер (16), Кокар (11) 0

Национален

[6]

Националниот пласман се пресметување со додавање на освоените бодови на најдобрите пет возачи од секоја земја. Националниот пласман до 21. трка Класика де Сан Себастијан исто така се користи за одредување на тоа колку возачи ќе има одредена земја на Светските првенства.

Место Земја Бодови Најдобри пет возачи
1  Шпанија 1834 Валверде (686), Контадор (620), Родригес (286), Санчес (123), Инчаусти (119)
2  Италија 1070 Нибали (392), Ару (248), Поцовиво (197), Улиси (125), Ницоло (108)
3  Белгија 1006 Жилбер (272), Ванмарке (216), Ван Авермат (210), Веленс (204), Ј. Ванендерт (104)
4  Франција 987 Перо (300), Барде (247), Пино (162), Галопен (140), Ролан (138)
5  Холандија 957 Молема (246), Т. Димулен (240), Терпстра (200), Келдерман (162), Бом (109)
6  Австралија 869 Геранс (478), Еванс (188), Метјус (72), Порт (71), Роџерс (60)
7  Колумбија 814 Н. Кинтана (346), Уран (173), Бетанкур (114), Аредондо (101), Чавес (80)
8  Обединето Кралство 721 Фрум (326), Томас (168), Кевендиш (92), Свифт (91), А. Јејтс (44)
9  Германија 640 Дегенколб (278), Т. Мартин (146), Кител (136), Грајпел (46), Гешке (34)
10  Полска 565 Квјатковски (257), Мајка (241), Њемјец (67)
11  Португалија 463 Кошта (461), Кардозо (2)
12  САД 430 Ван Гардерен (219), Талански (135), Фарар (64), Хорнер (10), Кинг (2)
13  Швајцарија 423 Канчелара (286), Албасини (80), Морабито (42), Цауг (9), Дилие (6)
14  Ирска 357 Д. Мартин (316), Дејгнан (38), Роуш (3)
15  Норвешка 332 Кристоф (321), Хушовд (8), Боасон Хаген (2), Нордхауг (1)
  • Возачи од 34 земји освоиле бодови.

Напредок во водството

Трка
(Победник)
Поединечен Екипен Национален
Тур Даун Андер
(Сајмон Геранс)
Сајмон Геранс Орика-ГринЕЏ Австралија
Париз-Ница
(Карлос Бетанкур)
Карлос Бетанкур Лампре-Мерида
Тирено-Адријатико
(Алберто Контадор)
Аг2р-Ла Мондијал
Милано-Санремо
(Александер Кристоф)
Мовистар Тим
Е3 Харелбеке
(Петер Саган)
Волта а Каталуња
(Хоаким Родригес)
Алберто Контадор Аг2р-Ла Мондијал Шпанија
Гент-Вевелгем
(Џон Дегенколб)
Трка околу Фландрија
(Фабијан Канчелара)
Омега Парма-Квик Степ
Трка околу Баскија
(Алберто Контадор)
Париз-Рубе
(Ники Терпстра)
Амстел Голд Рејс
(Филип Жилбер)
Флеш Валон
(Алехандро Валверде)
Лиеж-Бастон-Лиеж
(Сајмон Геранс)
Тур де Романди
(Крис Фрум)
Џиро д’Италија
(Наиро Кинтана)
Наиро Кинтана
Критериум ду Дофине
(Ендру Талански)
Алберто Контадор
Тур де Свис
(Руј Кошта)
Тур де Франс
(Винченцо Нибали)
Мовистар Тим
Класика де Сан Себастијан
(Алехандро Валверде)
Алехандро Валверде
Трка околу Полска
(Рафал Мајка)
Енеко Тур
(Тим Веленс)
Ватенфал Класик
(Александер Кристоф)
ГП Западна Франција
(Силвен Шаванел)
ГП Квебек
(Сајмон Геранс)
Вуелта а Еспања
(Алберто Контадор)
Алберто Контадор
ГП Монтреал
(Сајмон Геранс)
Светско првенство во екипен хронометар
(Ванти-Груп Гобер)
Џиро ди Ломбардија
(Даниел Мартин)
Алехандро Валверде
Трка околу Пекинг
(Филип Жилбер)

Наводи

  1. „Registration of UCI ProTeams and UCI Professional Continental Teams for the 2014 season“. UCI.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. 10 декември 2013. Посетено на 31 декември 2013.
  2. „Распределба на бодови“. Архивирано од изворникот на 2014-07-12. Посетено на 2014-01-02.
  3. „Пласман на Светската турнеја на UCI 2014: Поединечен“. Светска турнеја на UCI. Infostrada Sports; Меѓународен велосипедистички сојуз. 14 октомври 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 20 октомври 2014.
  4. Еванс и Мартин изедначени во Светската турнеја
  5. „Пласман на Светската турнеја на UCI 2014: Екипен“. Светска турнеја на UCI. Infostrada Sports; Меѓународен велосипедистички сојуз. 14 октомври 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 20 октомври 2014.
  6. „Пласман на Светската турнеја на UCI 2014: Национален“. Светска турнеја на UCI. Infostrada Sports; Меѓународен велосипедистички сојуз. 14 октомври 2014. Архивирано од изворникот на 2014-10-23. Посетено на 20 октомври 2014.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!