Андре Грајпел

Андре Грајпел
Грајпел на Трката околу Келн 2022
Лични податоци
Цело имеАндре Грајпел
ПрекарГорила
Роден16 јули 1982(1982-07-16)(42 г.)
Росток,  Источна Германија
Висина1,83 м[1]
Маса78 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубПредлошка:Cycling data SVL
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улога
  • возач (пензиониран)
  • спортски директор
Вид на возачспринтер
Аматерски клубови
до 2001
2001
Полицај СВ Росток
Јан Улрих Нахвукстим
Професионални клубови
2002–2004
2005
2006–2010
2011–2018
2019
2020-2021
ТЕАГ Тим Кестрицер
Визенхоф
Т-Мобајл Тим
Омега Парма-Лото
Аркеа-Самсик
Израел старт-ап нејшн
Менаџер на клубови
2022–Предлошка:Cycling data SVL
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
11 поединечни етапи (2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016)
Џиро д’Италија
7 поединечни етапи (2008, 2010, 2015, 2016, 2017)
Вуелта а Еспања
Бодовен пласман (2009)
4 поединечни етапи (2009)

Етапни трки

Тур Даун Андер (2008, 2010)
Стер ЗЛМ Тур (2015)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2013, 2014, 2016)
Ватенфал Класик (2015)
Париз-Брисел (2013, 2014)

Андре Грајпел (германски: André Greipel; р. 16 јули 1982 во Росток, Источна Германија) — поранешен германски професионален друмски велосипедист,[2] кој возел професионално во периодот 2002-2021. По неговото пензионирање, Грајпел работи како спортски директор за континенталната екипа Предлошка:Cycling data SVL.[3]

Грајпел настапувал како чист спринтер и освоил 158 победи во текот на професионалната кариера. Негови големи успеси се 22 етапни победи на големите трки: 11 етапи на Тур де Франс, 4 на Вуелта а Еспања и 7 етапи на Џиро д’Италија. Исто така, Грајпел го освоил бодовниот пласман на Вуелта а Еспања 2009. Победил на класикот Париз-Бурж и го освоил генералниот пласман на австралиската трка Тур Даун Андер двапати, во 2008 и 2010 година.

Професионална кариера

Т-Мобајл Тим (2006–2010)

Грајпел на Трката околу Саксонија 2008

Тур Даун Андер 2008 бил првиот голем успех за Грајпел. Го освоил генералниот пласман со тесна разлика од седум секунди пред домашниот возач Алан Дејвис од екипата UniSA. Исто така го освоил и бодовниот пласман, благодарение на импресивните четири етапни победи од можните шест.[4] Подоцна во сезоната, ја освоил својата прва Гранд Тур етапа на Џиро д’Италија.

На Вуелта а Еспања 2009, Грајпел се натпреварувал како најдобар спринтер од Тим Колумбија-Хај Роад, добивајќи ги рамните етапи, тој го водел тимот, освојувајќи ги етапите 4, 5, 16 и 21 по групниот спринт. Исто така, ја освоил и престижната „зелена маичка“ во бодовен пласман. Грајпел ја завршил сезоната во 2009 со импресивни 20 победи, втор во победите, единствено зад неговиот екипен колега Марк Кевендиш.[5]

Во 2010 ја започнал годината со неговата втора победа во генералниот пласман на Тур Даун Андер. Тоа го постигнал благодарение на трите етапни триумфи. Бонусите од четири секунди на победникот на секоја етапа му помогнале да дојде до врвот на подиумот.[6] Во април, Грајпел целосно доминирал на Трката околу Турција во поглед на етапните победи, постигнувајќи 5 победи од осум можни, вклучувајќи го и воведниот хронометар. Завршил осми на крајот и ја освоил маичката за бодовниот пласман.[7] Подоцна, ја освоил втората негова етапа на Џиро д’Италија.

Омега Парма-Лото/Лото-Белисол (2011–2018)

Грајпел (десно) на подиумот на Светското друмско првенство 2011

Во 2011, по преместувањето во Омега Парма-Лото, ја имал првата победа на Тур де Франс на етапата 10, победувајќи го неговиот најголем соперник и поранешен совозач Марк Кевендиш.[8] Грајпел подоцна го освоил бронзениот медал на Светското друмско првенство во Копенхаген, откако завршил трет во масовниот спринт зад Кевендиш и Метју Гос, уште еден поранешен колега.

2012

Грајпел на Светскиот пристаништен класик 2012

На Тур де Франс, Грајпел и неговите колеги од Лото-Белисол имале големи надежи за етапни победи. Скоро да ја добиел етапата 2, каде бил поминат од Марк Кевендиш на самата линија и покрај тоа што имале „скоро совршен воз“ за негово донесување на целта.[9] На следната етапа со масовен спринт (Етапа 4 во Руан), се случил пад на нешто помалку од 3 километри пред целта, во кој бил вклучен и Кевендиш помеѓу останатите. Грајпел се одвоил по самата несреќа и го освоил спринтот, победувајќи ги Алесандро Петаки (Лампре-ИСД) и Том Велерс (Аргос-Шимано).[10] Грајпел го повторил овој подвиг следниот ден на етапата 5, каде ја освоил неговата втора етапна победа по ред, кога групата ги достигнала членовите на бегството во последниот километар. Кевендиш бил дел од спринтот, но овојпат завршил петти.[11] Тој повторил победил на етапата 13, преживувајќи го краткото, но стрмно искачување од трета категорија Мон Сен Клер, кое се наоѓало на 23 километри од целта, по што се одвоил во групата на рамниот дел. Неколку напади се случиле во последните километри, но тој го поминал Петер Саган на целта, со што ја освоил третата етапна победа на Тур.[12]

Во август, Грајпел го освоил второто место зад победникот Арно Демар (ФДЖ-БигМет) на Ватенфал Класик, единствената трка од Светската турнеја, која се одржува во Германија, неговата родна земја.[13] Тој изјавил дека неподносливата жештина воопшто не помогнала на трката од 245,6 километри и дека неговиот „мотор имал проблеми со ладењето“.[14] Исто така, по трката најавил дека нема да учествува на Светското првенство во Лимбург, наведувајќи дека патеката не е наменета за неговите одлики.[14]

Грајпел го освоил второто место на Трката околу Данска, откако ги освоил првите две етапи.[15] Во октомври, Грајпел дал мислење за аферата Ленс Армстронг-УСАДА: „[...] борбата против измамата и погрешно заработените успеси мора апсолутно да продолжи! Оваа борба за чесност и фер спорт веќе се докажала самата, дури и ако угледот на велосипедизмот продолжи да биде оштетуван“, напишал Германецот на неговиот блог, со поддршка за истрагата.[16]

2013

Грајпел ја започнал сезоната 2013 успешно во Австралија преку освојување на класикот Кансер Кансил Хелплајн и првата етапа на Тур Даун Андер два дена подоцна. Со таа победа, Грајпел го израмнил рекордот по бројот на освоени етапни победи на оваа трка (12 победи), кој бил држен од Роби Мекјуан.[17] Ги освоил етапите 4 и 6, потврдувајќи го својот рекорд по бројот на освоени етапи и забележувајќи ја својата 100. победа во кариерата во Аделаида, на последниот ден од трката.[18] Во текот на третата етапа на Трката околу Турција му било соопштено дека починала неговата баба. Зборувал со своето семејство и одлучиле дека треба да продолжи. Следниот ден, ја освоил четвртата етапа, преживувајќи ги последните 10 километри во искачување за да излезе како победник во група од 38 возачи. По етапата објавил: „Тие (неговото семејство) ме поддржаа да останам овде и да возам. Исто така е добро за мене. Ова е важна трка за моите подготовки за Тур де Франс. Му ветив на татко ми дека ќе освојам етапа за баба ми. Среќен сум што успеав“,[19] Ја освоил и наредната етапа следниот ден.[20] На крајот на јуни го освоил националното друмско првенство пред Гералд Чолек и Џон Дегенколб. Бил дел од водечката група и победил во спринтот на врнежливиот ден во Ванген во Алгој.[21]

2014

Податотека:Leuven - Grote Prijs Jef Scherens, 14 September 2014 (B138).JPG
Грајпел на ГП Џеф Шеренс во септември 2014

Во јануари, Грајпел ја започнал својата сезона со низа етапни победи во Австралија на Тур Даун Андер, што преминува во негова навика претходниве години.[22] Потоа настапил на Трката околу Оман, освојувајќи три етапи и бодовниот пласман.[23] Имал тежок пад на крајот на Гент-Вевелгем заедно со Тајлер Фарар, изместувајќи ја клучната коска и лигаментите. Бил успешно опериран истата вечер, но падот го попречил во пролетната тура.[24] Грајпел се вратил на Трката околу Турција, каде останал без победи откако сè уште се опоравувал од повредите и се обидувал да ја поврати својата форма.[25] Негова следна победа била на четвртата етапа на Трката околу Белгија. Подоцна учествувал на Трката околу Луксембург за да ја подобри својата форма пред Тур де Франс, каде освоил две етапи. На последната етапа, Грајпел сам стигнал до целта, редок подвиг за спринтер како него.[26] Пред Тур, Грајпел возел и на Стер ЗЛМ Тур. На Тур, имал успеш на шестата етапа откако соперниците Арно Демар и Марсел Кител отпаднале од главната група. Грајпел ги претекнал Александер Кристоф (Катјуша) и Самуел Димулен (Аг2р-Ла Мондијал) и стигнал до првото место.[27]

2015

Грајпел во зелената маичка на Тур де Франс 2015

Грајпел ја освоил неговата прва победа во сезоната на Волта ао Алгарве. Втора негова победа била на втората етапа на Париз-Ница, која ја посветил на неговата мајка, за која рекол дека „поминува низ многу тешко време“.[28] Во април бил спречен во третата победа во сезоната откако бил претекнат за 3/10.000 делови од секундата на целта од Александар Кристоф на Три дена Де Пане.[29] На крајот на месецот се вратил со победа на четвртата етапа на Трката околу Турција. Откако некои од главните негови соперници се откажале на искачувањето близу целта го освоил спринтот во намалената група.[30] Негова следна победа била шестата етапа на Џиро д’Италија пред Матео Пелуки и Сака Модоло.[31] Потоа, се повлекол од Џиро пред четиринаесеттата етапа.[32] Следен успех му бил на првата етапа на Трката околу Луксембург.[33]

На Тур де Франс, Грајпел бил победник на втората етапа, многу ветровита етапа, која ја поделила главната група. Бил во првата група и ги претекнал Петер Саган, Марк Кевендиш и Фабијан Канчелара.[34] На петтата етапа имало масовен спринт и Грајпел бил подобар од Саган и Кевендиш.[35] Исто така, го освоил масовниот спринт на крајот на петнаесеттата етапа, со што дошол до трета етапна победа.[36][37]

2016

Грајпел освои три спринтерски победи на Џиро д’Италија пред да одлучи да се повлече пред планинските етапи. Ја носел црвената маичка, кога одлучил да се повлече.[38] На 26 јуни го освоил своето трето национално друмско првенство, поразувајќи го Макс Валшајд (Џајант-Алпецин) и Марсел Кител (Етикс-Квик Степ) во масовен спринт во Ерфурт.[39]

2017

Грајпел имал успех на почетокот на сезоната 2017, освојувајќи ја првата победа на воведната трка на Предизвикот Мајорка кон крајот на јануари[40] пред да ја освои петтата етапа на Париз-Ница.[41] На Џиро д’Италија, Грајпел ја освоил втората етапа: собраните временски бонуси и третото место на воведната етапа му го донеле водството на трката, поради што ја носел розовата маичка по првпат во својата кариера.[42] Меѓутоа, подоцна имал суша со победи: на Тур де Франс, не успеал да освои етапа - првпат не освоил барем една етапа на големите трки од Џиро д’Италија 2008.[43] Не освоил друга трка до воведното издание на Омлоп Еурометропол на крајот на септември.[44]

2018

Грајпеј ја започнал својата сезона во јануари со победа на првата етапа на Тур Даун Андер 2018.[45] Исто така, ја освоил шестата етапа на трката.[46] Бил принуден да се повлече од пролетните класици откако ја скршил клучната коска при пад на Милано-Санремо, но се вратил на трките по седум недели на Четири дена Динкерк,[47] каде освоил неколку етапи и освоил уште две етапи и бодовната маичка на Трката околу Белгија.[48][49] Меѓутоа, не ја имал истата форма на Тур де Франс, и морал да се повлече од трката откако завршил надвор од временската граница на една од алпските етапи. Подоцна, Лото-Судал објавиле дека по осум сезони со екипата, Грајпел ќе ја напушти на крајот на сезоната.

Аркеа-Самсик (2019)

Во август 2018 година, Грајпел објавил дека потпишал двегодишен договор со Фортунео-Самсик, подоцна преименувана Аркеа-Самсик од 2019 година.[50] Грајпел го имал својот прв настап за екипата на трката Ла Тропикал Амиса Бонго, каде освоил етапа.[51] Меѓутоа, Грајпел се мачел да биде конкурентен на спринтовите во поголемиот дел од сезоната. Во октомври 2019 година, Грајпел и екипата објавиле дека се согласиле да се прекине договорот една година порано, со што последен пат за екипата се појавил на Минстерланд Џиро. Грајпел, исто така, открил дека неговата форма во првата половина од сезоната била погодена од бактериска болест, од која страдал со месеци, опоравувајќи се пред Тур де Франс.[52]

Израел старт-ап нејшн (2020–2021)

Во ноември 2019 година, Израел старт-ап нејшн објавиле дека потпишале со Грајпел за сезоната 2020.[53] Ја започнал својата прва сезона со екипата во Австралија, настапувајќи на Тур Даун Андер, на Трката Торкеј и на Големата океанска друмска трка „Кедел Еванс“, остварувајќи најдобар резултат со четврто место на четвртата етапа на Тур Даун Андер пред да се врати во Европа. Меѓутоа, во февруари 2020 година, Грајпел го скршил рамото при пад на тренинг близу Келн.[54] Повредата го спречила Грајпел од трки пред сезоната да се прекине поради пандемијата на КОВИД-19.[55]

Во април 2021 година, Грајпел изјавил дека ќе се повлече во 2022 година.[56] Следниот месец ја освоил својата прва победа во две години на Трофео Алкудија, откако двапати завршил втор на етапи на Трката околу Турција во април.[57] Подоцна освоил етапа на Вуелта а Андалусија.[58] Во јули, пред претпоследната етапа на Тур де Франс, Грајпел објавил дека ќе се повлече од натпреварувањето на крајот на сезоната.[2] Негова последна трка била Минстерланд Џиро, каде завршил десетти.[59]

Личен живот

Тој моментално живее во Хирт, близу Келн во Германија. По неговата победа на Тур Даун Андер 2008, тој бил наречен „Горила“ од неколку различни спортски медиуми.[4]

Достигнувања

2003
1. Гран при де Варегем
1. Етапа 1 Трка околу Берлин
1. Етапа 2 Трка околу Тирингија под 23 години
9. Трка околу Дирен
2004
Гран при Гијом Тел
1. Пролог
1. Етапа 4b
1. Етапа 3 Тур ду Лоар ет Шер
1. Етапа 1 Трка околу Тирингија под 23 години
3. Национално велокрос првенство под 23 години
6. Гран при де Варегем
9. Европско друмско првенство под 23 години
2005
4. Меморијал Рик ван Стенберген
4. Трка околу Нирнберг
10. Краен пласман Трка околу Данска
1. Етапа 6
2006
Трка околу Рајнска област-Пфалц
1. Етапа 1
1. Етапа 4
Класик Келн
1. Етапа 1
1. Етапа 2
8. Минстерланд Џиро
2007
Трка околу Саксонија
1. Етапа 1
1. Етапа 2
4. Национално хронометарско првенство
2008
1. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Етапа 6
1. Даун Андер Класик
1. Трка околу Нирнберг
1. Фландриско првенство
1. Минстерланд Џиро
1. Етапа 17 Џиро д’Италија
1. Етапа 4 Трка околу Австрија
1. Етапа 4 Трка околу Германија
3. Нокере Курсе
5. Краен пласман Енеко Тур
1. Етапа 2
10. Краен пласман Трка околу Саксонија
1. Етапа 1
1. Етапа 3
2009
1. Париз-Бурж
1. Класик Нојзен
1. Меѓународно првенство Филаделфија
Вуелта а Еспања
1. Бодовен пласман
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Етапа 16
1. Етапа 21
Трка околу Баварија
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 5
Стер Електротур
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 5
Трка околу Австрија
1. Етапа 1
1. Етапа 6
1. Етапа 8
1. Етапа 7 Трка околу Полска
1. Етапа 1 Тур Даун Андер
1. Етапа 1 Трка околу Саксонија
4. Краен пласман Четири дена Динкерк
1. Етапа 6
4. Даун Андер Класик
6. Минстерланд Џиро
2010
1. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Трофео Магалуф-Палманова
Трка околу Британија
1. Етапа 1
1. Етапа 6
1. Етапа 8
Трка околу Австрија
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 6
Трка околу Полска
1. Етапа 2
1. Етапа 7
Енеко Тур
1. Етапа 2
1. Етапа 6
Волта ао Алгарве
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 18 Џиро д’Италија
2. Трофео Кала Милор
2. Трка околу Келн
3. Шпаркасен Џиро Бохум
3. Ватенфал Класик
8. Краен пласман Трка околу Турција
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1 (ITT)
1. Етапа 2
1. Етапа 5
1. Етапа 6
1. Етапа 8
2011
Трка околу Белгија
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 5
Енеко Тур
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 10 Тур де Франс
1. Етапа 4 Волта ао Алгарве
1. Етапа 1 Три дена Де Пане
1. Етапа 6 Трка околу Турција
2. Меморијал Рик ван Стенберген
2. Фландриско првенство
3. Светско друмско првенство UCI
3. Курне-Брисел-Курне
4. Национално друмско првенство
4. Гент-Вевелгем
7. Краен пласман Тур Даун Андер
2012
1. Даун Андер Класик
1. Прорејс Берлин
1. ГП Импанис-Ван Петегем
Тур де Франс
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Етапа 13
Трка околу Белгија
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
Трка околу Луксембург
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
Тур Даун Андер
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 6
Трка околу Оман
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Етапа 2 Трка околу Турција
1. Етапа 2 Стер ЗЛМ Тур
2. Краен пласман Светски пристаништен класик
2. Ватенфал Класик
4. Меморијал Рик ван Стенберген
5. Ешборн-Франкфурт
6. Краен пласман Трка околу Данска
1. Етапа 1
1. Етапа 2
10. Курне-Брисел-Курне
10. Минстерланд Џиро
2013
1. Национално друмско првенство
1. Даун Андер Класик
1. Делта Тур Зеланд
1. Париз-Брисел
Тур Даун Андер
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Етапа 6
Трка околу Турција
1. Бодовен пласман
1. Етапа 4
1. Етапа 5
Трка околу Белгија
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 6 Тур де Франс
1. Етапа 4 Енеко Тур
1. Етапа 1 Средоземна трка
2. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
1. Бодовен пласман
2. Ватенфал Класик
2. ГП де Фурмие
3. Трка околу Франкфурт
3. Прорејс Берлин
9. ГП Џеф Схеренс
2014
1. Национално друмско првенство
1. Бриселски велосипедски класик
1. ГП Џеф Схеренс
1. Минстерланд Џиро
Трка околу Оман
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 6
Тур Даун Андер
1. Етапа 4
1. Етапа 6
Трка околу Луксембург
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Етапа 6 Тур де Франс
1. Етапа 4 Трка околу Белгија
1. Етапа 4 Стер ЗЛМ Тур
2. Даун Андер Класик
2. Даун Андер Класик
7. Краен пласман Светски пристаништен класик
1. Етапа 1
10. Краен пласман Трка околу Катар
1. Етапа 5
2015
1. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Ватенфал Класик
Тур де Франс
1. Етапа 2
1. Етапа 5
1. Етапа 15
1. Етапа 21
Енеко Тур
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
Трка околу Луксембург
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 6 Џиро д’Италија
1. Етапа 2 Париз-Ница
1. Етапа 4 Трка околу Турција
1. Етапа 7 Трка околу Британија
1. Етапа 5 Волта ао Алгарве
2. Трофео Плаја де Палма
8. Трофео Сантањи-Сес Салинес-Кампос
10. Краен пласман Три дена Де Пане
2016
1. Национално друмско првенство
1. Трофео Феланит-Сес Салинес-Кампос-Поререс
1. Трофео Плаја де Палма
Џиро д’Италија
1. Етапа 5
1. Етапа 7
1. Etapa 12
1. Етапа 21 Тур де Франс
1. Етапа 1 Трка околу Британија
1. Етапа 3 Трка околу Турција
1. Етапа 1 Трка околу Луксембург
2. Трка околу Келн
3. Схелдепрејс
10. ЈуроАјс Класик
2017
1. Трофео Поререс-Фелатнит-Сес Салинес-Кампос
1. Омлоп Еурометропол
Волта ао Алгарве
1. Бодовен пласман
1. Етапа 4
1. Етапа 2 Џиро д’Италија
1. Етапа 5 Париз-Ница
3. Бриселски велосипедски класик
3. Класик Примус
3. Минстерланд Џиро
4. Трофео Плаја де Палма
4. Омлоп ван хет Хутланд
4. Париз-Тур
5. Јуроајс Класик
7. Париз-Рубе
2018
Трка околу Белгија
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
Тур Даун Андер
1. Етапа 1
1. Етапа 6
Трка околу Британија
1. Етапа 1
1. Етапа 4
2. Краен пласман Четири дена Динкерк
1. Етапа 2
1. Етапа 5
4. Национално друмско првенство
4. Минстерланд Џиро
8. Класик Лондон-Сари
2019
2. ГП Стад Зотегем
3. Краен пласман Ла Тропикал Амиса Бонго
1. Етапа 6
5. Трофео Палма
8. Курне-Брисел-Курне
2021
1. Трофео Алкудија-Порт д’Алкудија
1. Етапа 4 Вуелта а Андалусија
10. Минстерланд Џиро

Пласмани на големите трки

2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021
Џиро ДНЕ ДНЕ 133 ДНЕ ДНС-18 ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНС-14 ДНС-13 ДНС-14 ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ
Освоени етапи 1 1 1 3 1
Бодовен пласман 32
Тур ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ 155 123 129 149 128 133 149 ДНФ-12 144 ДНФ-18 125
Освоени етапи 1 3 1 1 4 1 0 0 0 0
Бодовен пласман 7 2 3 7 2 4 2 41 15
Вуелта ДНФ-8 125 ДНЕ 107 ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ
Освоени етапи 0 0 4
Бодовен пласман 12 1
Легенда
1 Победник
2–3 Топ три
4–10 Топ десет
11– Друго место
ДНЕ Не учествувал
ДНФ-x Не завршил (се повлекол на етапа x)
ДСК Диквалификуван
Н/А Трката/пласманот не беше одржана
НР Нерангиран во овој пласман

Наводи

  1. 1,0 1,1 „André Greipel - Arkea-Samsic“. Архивирано од изворникот на 2019-07-05. Посетено на 5 July 2019.
  2. 2,0 2,1 Benson, Daniel (17 July 2021). „André Greipel to retire at the end of the season“. cyclingnews.com. Посетено на 19 July 2021.
  3. Lindner, Sebastian (14 January 2022). „Greipel gibt Starthilfe für Rostocker Talent“ [Greipel gives start-up help for Rostock talent]. Radsport-News.com (германски). Sport Aktiv Media GmbH. Посетено на 15 May 2022.
  4. 4,0 4,1 Грег Џонсон и Пол Веркујлен (27 јануари 2008). „„Горила" Грајпел ја доби етапата - и генералниот пласман“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 17 октомври 2012.
  5. „Cycling Quotient“. Cqranking.com. Посетено на 1 јуни 2012.
  6. „Сатон го освои финалето, додека Грајпел победи на Тур Даун Андер“. Velo News. 2012 Competitor Group, Inc. 24 јануари 2010. Посетено на 17 октомври 2012.
  7. Жан-Франсоа Кене (18 април 2010). „Грајпел ја освоил последната етапа“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 17 октомври 2012.
  8. Фаранд, Стивен (12 јули 2011). „Greipel defeats Cavendish for stage win in Carmaux“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 24 јули 2011.
  9. „Tour de France: Greipel pledges to try again after near miss on stage two“. VeloNation Press. VeloNation. 3 јули 2012. Посетено на 4 јули 2012.
  10. Бенсон, Даниел (4 јули 2012). „Грајпел освоил етапа на Тур де Франс во Руан“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 4 јули 2012.
  11. „Грајпел двојно на етапата 5 на Тур де Франс“. Cycling News. Future Publishing Limited. 5 јули 2012. Посетено на 5 јули 2012.
  12. „Грајпел го освои фото-финишот пред Саган на Тур де Франс“. Cycling News. Future Publishing Limited. 14 јули 2012. Посетено на 14 јули 2012.
  13. Сузан Вестемајер (19 август 2012). „Демар победи на Ватенфал Класик“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 20 август 2012.
  14. 14,0 14,1 „Грајпел ќе го пропушти Светското првенство во Лимбург“. Cycling News. Future Publishing Limited. 20 август 2012. Посетено на 20 август 2012.
  15. Greipel gav ny undskyldning for at sejre, Jyllands Posten, 23 јули 2012.
  16. „Грајпел изрази поддршка на истрагата на УСАДА“. Cycling News. Future Publishing Limited. 17 октомври 2012. Посетено на 17 октомври 2012.
  17. Питер Когој (22 јануари 2013). „Андре Грајпел ја освои воведната етапа на Тур Даун Андер“. The Australian. Посетено на 23 јануари 2013.
  18. Алекс Малон (27 јануари 2013). „100. победа во кариерата за Грајпел во Аделаида“. CyclingNews. Future Publishing Limited. Посетено на 27 јануари 2013.
  19. Жан-Франсоа Кене (24 април 2013). „Грајпел ја освои четвртата етапа на Трката околу Турција“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 25 април 2013.
  20. Шејн Стоукс (25 април 2013). „Tour of Turkey Video: Greipel in press conference after stage five victory“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 28 април 2013.
  21. Лукас Кнефлер (23 јуни 2013). „Грајпел победи во врнежливата трка за германски првак“. cyclingquotes.com. Посетено на 24 јуни 2013.
  22. Брајан Холкомб (25 јануари 2014). „Грајпел ја освои шестата етапа на Тур Даун Андер, Геранс ја обезбеди победата“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Посетено на 4 октомври 2014.
  23. „Андре Грајпел ја освои шестата етапа; Крис Фрум победи на Трката околу Омана 2014“. CyclingPerspective. Kim Hull. 23 февруари 2014. Архивирано од изворникот на 2014-02-23. Посетено на 4 октомври 2014.
  24. Стивен Фаранд (31 март 2014). „Грајпел на операција по падот на Гент-Вевелгем“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 4 октомври 2014.
  25. „Андре Грајпел се врати на трките“. DBM Endurance. 27 април 2014. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 4 октомври 2014.
  26. „Андре Грајпел победи на четвртата етапа; Мати Брешел победи на Трката околу Луксембург 2014“. CyclingPerspective. Kim Hull. 1 јуни 2014. Архивирано од изворникот на 2014-09-03. Посетено на 4 октомври 2014.
  27. „Андре Грајпел победи во спринтот на шестата етапа“. Bicycling. Rodale, Inc. 10 јули 2014. Посетено на 4 октомври 2014.
  28. „Париз-Ница: Грајпел победи во Сен Аман Монрон“. Cyclingnews.com. Future plc. 10 март 2015. Посетено на 10 март 2015.
  29. „Кристоф повторно победи на Три дена Де Пане“. Cyclingnews.com. Future plc. 2 април 2015. Посетено на 2 април 2015.
  30. „Грајпел влезе во брзина со победата на четвртата етапа во Турција“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 29 април 2015. Посетено на 29 април 2015.
  31. Спенсер Паулисон (14 мај 2015). „Грајпел победи на [[Џиро д'Италија 2015 - етапа 1 до етапа 11#Етапа 6|шестата етапа]] на Џиро д'Италија; Контадор падна“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Посетено на 4 јуни 2015. URL–wikilink conflict (help)
  32. Најџел Вин (23 мај 2015). „Андре Грајпел и Мајкл Метјус се повлекоа од Џиро д'Италија“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 4 јуни 2015.
  33. „Трка околу Луксембург: Грајпел ја освои првата етапа со спринт“. Cyclingnews.com. Future plc. 4 јуни 2015. Посетено на 4 јуни 2015.
  34. „Тур де Франс: Грајпел победи во бурна етапа до Нелтје Јанс“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 5 јули 2015. Посетено на 5 јули 2015.
  35. МекМајкл, Сајмон (8 јули 2015). „Етапа 5 на Тур де Франс: Андре Грајпел до втората победа, Марк Кевендиш трет“. RoadCC. Farrelly Atkinson Ltd. Посетено на 8 јули 2015.
  36. „Тур де Франс: Грајпел победоносен во Валенс“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 19 јули 2015. Посетено на 25 јули 2015.
  37. „Тур де Франс: Крис Фрум го освои Тур де Франс 2015“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 26 јули 2015. Посетено на 31 август 2015.
  38. Ендру, Худ (19 мај 2016). „Greipel defends decision to abandon Giro“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Посетено на 26 мај 2016.
  39. „Greipel besiegt Kittel bei Tour-Generalprobe“ (германски). MDR. 26 јуни 2016. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2016. Посетено на 29 јуни 2016.
  40. Вин, Најџел (26 јануари 2017). „André Greipel wins opening race of 2017 Challenge Mallorca (video)“. Cycling Weekly. Посетено на 5 септември 2018.
  41. Вин, Најџел (9 март 2017). „André Greipel storms to Paris-Nice 2017 stage five win“. Cycling Weekly. Посетено на 5 септември 2018.
  42. Браун, Грегор (6 мај 2017). „André Greipel: 'It's a childhood dream to wear the Giro d'Italia maglia rosa'. Cycling Weekly. Посетено на 5 септември 2018.
  43. „Andre Greipel's Grand Tour winning streak ends on the Champs-Élysées“. cyclingnews.com. 24 јули 2017. Посетено на 5 септември 2018.
  44. „Greipel wins Omloop Eurometropool in bunch sprint“. cyclingnews.com. 2 октомври 2017. Посетено на 5 септември 2018.
  45. „Greipel wins stage 1 of the Tour Down Under“. 16 јануари 2018. Посетено на 15 јануари 2018.
  46. „Impey wins 2018 Tour Down Under“. cyclingnews.com. 21 јануари 2018. Посетено на 5 септември 2018.
  47. „Greipel makes racing return at the 4 Jours de Dunkerque“. cyclingnews.com. 8 мај 2018.
  48. „Greipel and Lotto Soudal break-up confirmed“. sbs.com.au. 23 јули 2018. Посетено на 5 септември 2018.
  49. Бенсон, Даниел (6 август 2018). „Transfer mechanics: Andre Greipel, Lotto Soudal and the end of the road“. cyclingnews.com. Посетено на 5 септември 2018.
  50. „Marc Sergeant: We owe a great deal to Andre Greipel“. cyclingnews.com. 2 август 2018. Посетено на 5 септември 2018.
  51. Fletcher, Patrick (15 February 2019). „Greipel hoping for lift-off in Oman after disappointing African adventure“. cyclingnews.com. Посетено на 19 July 2021.
  52. „André Greipel terminates contract with Arkéa-Samsic but puts off announcing his future plans“. cyclingnews.com. 1 October 2019. Посетено на 19 July 2021.
  53. „André Greipel joins Israel Cycling Academy“. cyclingnews.com. 5 November 2019. Посетено на 19 July 2021.
  54. Ostanek, Daniel (16 February 2020). „Greipel undergoes successful shoulder surgery“. cyclingnews.com. Посетено на 19 July 2021.
  55. Ostanek, Daniel (16 April 2021). „Greipel centimetres away from first win for Israel Start-Up Nation at Tour of Turkey“. cyclingnews.com. Посетено на 19 July 2021.
  56. „André Greipel to retire at end of 2022“. cyclingnews.com. 14 April 2021. Посетено на 19 July 2021.
  57. „André Greipel celebrates breaking the dry spell with victory number 157“. cyclingnews.com. 17 May 2021. Посетено на 19 July 2021.
  58. „Greipel, Martin confirmed alongside Woods and Froome for Tour de France“. cyclingnews.com. 18 June 2021. Посетено на 19 July 2021.
  59. „Mark Cavendish wins reduced sprint at Sparkassen Münsterland Giro 2021“. Cycling Weekly. Future plc. 3 October 2021. Посетено на 3 October 2021.

Надворешни врски

Read other articles:

MuntokKecamatanKong Fuk Miau dan Masjid Jami di pusat kota MuntokMuntokPeta lokasi Kecamatan MuntokTampilkan peta Bangka BelitungMuntokMuntok (Sumatra)Tampilkan peta SumatraKoordinat: 2°03′53″S 105°09′53″E / 2.064794°S 105.164653°E / -2.064794; 105.164653Koordinat: 2°03′53″S 105°09′53″E / 2.064794°S 105.164653°E / -2.064794; 105.164653Negara IndonesiaProvinsiKepulauan Bangka BelitungKabupatenBangka BaratPemerintahan&...

 

Bay in southeastern Alaska This article is about the actual bay. For the associated national park, see Glacier Bay National Park and Preserve. Glacier Bay, AlaskaLandsat map of Glacier BayGlacier Bay, AlaskaLandsat image of Glacier BayLocationAlaska, United StatesCoordinates58°42′N 136°09′W / 58.700°N 136.150°W / 58.700; -136.150TypeBayPrimary inflowsPacific OceanBasin countriesUnited States and CanadaMax. length65 miles (105 km)Max. width15 miles (24...

 

Uranium tetrafluoride Names IUPAC names Uranium(IV) fluorideUranium tetrafluoride Identifiers CAS Number 10049-14-6 Y 3D model (JSmol) Interactive image ChemSpider 14676181 Y ECHA InfoCard 100.030.142 EC Number 233-170-1 PubChem CID 61461 UNII PJ46VTD8B2 Y CompTox Dashboard (EPA) DTXSID30892258 InChI InChI=1S/4FH.2U/h4*1H;;/q;;;;2*+2/p-4 YKey: CWWZGQYYTNZESQ-UHFFFAOYSA-J YInChI=1/4FH.2U/h4*1H;;/q;;;;2*+2/p-4Key: CWWZGQYYTNZESQ-XBHQNQODAW SMILES F[U](F)(F)F P...

Опис Герб 1 міської лікарні (Черкаси) Джерело власне фото Час створення березень 2010 Автор зображення Вальдимар Ліцензія Я, власник авторських прав на цей твір, публікую його на умовах такої ліцензії: Цей твір поширюється на умовах ліцензії Creative Commons Attribution-Share Alike 1.0.

 

Coordenadas: 26° 03' 31 N 80° 20' 14 O Southwest Ranches Localidade dos Estados Unidos Southwest Ranches Southwest Ranches Localização de Southwest Ranches na Flórida Southwest Ranches Localização de Southwest Ranches nos Estados Unidos Dados gerais Incorporado em 2000 (23 anos)[1] Prefeito Jeff Nelson[1] Localização 26° 03' 31 N 80° 20' 14 O Condado Broward Estado  Flórida Tipo de localidade Vila Fuso horário -5/-4 Características g...

 

Diagram Hertzsprung–Russell Tipe Spektrum Katai cokelat Katai putih Katai merah Subkatai Deret utama(katai) Subraksasa Bintang raksasa Raksasa terang Super raksasa Hiper raksasa Magnitudoabsolut(MV) Raksasa merah adalah bintang raksasa terang bermassa rendah atau menengah (kira-kira 0,3-8 massa matahari (M☉) dalam fase akhir dari evolusi bintang. Atmosfer luarnya menggembung dan lemah, membuat radiusnya membesar dan suhu permukaan rendah, sekitar 5.000 K (4.700 °C; 8.500 °F) a...

مدينة الشطرة بوابة مدينة الشطرة الشطرةشعار محافظة ذي قار اللقب شطرة المنتفك، شطرة العراق تاريخ التأسيس 1787 (منذ 236 سنة) تقسيم إداري البلد  العراق[1] المحافظة محافظة ذي قار القضاء قضاء الشطرة خصائص جغرافية إحداثيات 31°24′35″N 46°10′18″E / 31.409722222222°N 46.171666666667°E / 3...

 

Rumus kimia kalium L-hidrogentartrat Krim tartar memiliki nama ilmiah potassium bitartrat atau potassium hydrogen tartrat atau asam tartarat sebagai nama komersialnya.[1] Menurut Kamus Besar Bahasa Indonesia (KBBI), tartar sendiri memiliki arti zat yang mengendap dalam pemeraman hasil peragian.[2] Meskipun namanya adalah krim, namun zat ini berupa produk sampingan yang kering dan berbubuk. Krim Tartar merupakan asam fermentasi anggur. Ketika asam tartarat dinetralkan setengahn...

 

German politician (1937–2012) Gerhard PohlPohl in 1990Minister for Economics of the German Democratic RepublicIn office12 April 1990 – 16 August 1990Prime MinisterLothar de MaizièrePreceded byChrista LuftSucceeded byHelmut Haussmann (after German reunification) Personal detailsBorn(1937-08-16)16 August 1937Guben, Province of Brandenburg, Nazi GermanyDied30 May 2012(2012-05-30) (aged 74)Schwielochsee, Brandenburg, GermanyPolitical partyCDU (East Germany)Alma materDresden Uni...

Italian water polo player Nicholas PresciuttiPersonal informationBorn (1993-12-14) 14 December 1993 (age 29)Rome, ItalyHeight189 cm (6 ft 2 in)Weight93 kg (205 lb)SportSportWater poloClubPro Recco Medal record Representing  Italy Olympic Games 2016 Rio de Janeiro Team World Championships 2022 Budapest Team World Cup 2023 Los Angeles Nicholas Presciutti (born 14 December 1993) is a professional water polo player from Italy. He was part of the Italian team at ...

 

1954 film Mid-Century LovesDirected byGlauco Pellegrini Pietro Germi Mario Chiari Roberto Rossellini Antonio PietrangeliCinematographyTonino Delli ColliEdited byRolando BenedettiMusic byCarlo RustichelliRelease date 18 February 1954 (1954-02-18) LanguageItalian Mid-Century Loves (Italian: Amori di mezzo secolo) is a 1954 Italian anthology historical melodrama film consisting of five segments directed by Glauco Pellegrini, Pietro Germi, Mario Chiari, Roberto Rossellini and Anton...

 

American businessman (1929–2023) For other people named Gordon Moore, see Gordon Moore (disambiguation). Gordon MooreMoore in 1978BornGordon Earle Moore(1929-01-03)January 3, 1929Pescadero, California, U.S.[3]DiedMarch 24, 2023(2023-03-24) (aged 94)Waimea, Hawaii, U.S.Education University of California, Berkeley (BS) California Institute of Technology (PhD) Known for Intel Moore's law Gordon and Betty Moore Foundation Awards National Medal of Technology (1990) John Fritz M...

English women's rugby league team, based in York York RLFCClub informationFull nameYork Rugby League Football ClubNickname(s)ValkyrieColours Black and AmberFounded2016; 7 years ago (2016)WebsiteOfficial websiteCurrent detailsGround(s)York Community Stadium (8,500)CompetitionRFL Women's Super League20231st Current seasonRecordsWomen's Super League1 (2023)League Leaders' Shield2 (2022, 2023) The York Valkyrie are the women's rugby league team of York RLFC (known as York City K...

 

Frederick VI, Margrave of Baden-DurlachFrederick VI, Margrave of Baden-DurlachBorn(1617-11-16)16 November 1617Karlsburg Castle in DurlachDied31 January 1677(1677-01-31) (aged 59)Karlsburg Castle in DurlachNoble familyHouse of ZähringenSpouse(s) Christina Magdalena of the Palatinate-Zweibrücken Johanna Bayer of Sendau IssueDetail Christine Frederick Magnus Charles Gustav FatherFriedrich V, Margrave of Baden-DurlachMotherBarbara of Württemberg Frederick VI, Margrave of Baden-Durlach (16...

 

Shopping mall in Alabama, U.S.Quintard MallLocation700 Quintard Dr.Oxford, Alabama, U.S.Coordinates33°36′48″N 85°49′27″W / 33.613397°N 85.824165°W / 33.613397; -85.824165Opening dateAugust 1970DeveloperJames A. GrimmerManagementHull Property GroupNo. of stores and servicesApprox. 70No. of anchor tenants3 (2 open, 1 vacant)Total retail floor area720,000 square feet (67,000 m2)[1]No. of floors1 (2 in Dillard's and former Sears)Websiteshopquintard...

Suburb of Central Coast, New South Wales, AustraliaEttalong BeachCentral Coast, New South WalesView of Ettalong BeachEttalong BeachCoordinates33°30′54″S 151°20′06″E / 33.515°S 151.335°E / -33.515; 151.335Population4,793 (2016 census)[1] • Density2,820/km2 (7,300/sq mi)Postcode(s)2257Elevation7 m (23 ft)Area1.7 km2 (0.7 sq mi)Location 16 km (10 mi) S of Gosford 4 km (2 mi) S of Woy Wo...

 

2002 film by Roberto Benigni PinocchioItalian theatrical release posterDirected byRoberto BenigniScreenplay by Vincenzo Cerami Roberto Benigni Based onThe Adventures of Pinocchioby Carlo CollodiProduced byGianluigi BraschiStarring Roberto Benigni Nicoletta Braschi Mino Bellei Carlo Giuffrè Peppe Barra Franco Javarone Max Cavallari Bruno Arena Corrado Pani Kim Rossi Stuart Luis Molteni Alessandro Bergonzoni CinematographyDante SpinottiEdited bySimona PaggiMusic byNicola PiovaniProductioncompa...

 

Koyukon Athabascan activist (1933–2020) Mary Jane FateFate in 2014BornMary Jane Evans(1933-09-04)September 4, 1933Rampart, Territory of AlaskaDiedApril 10, 2020(2020-04-10) (aged 86)Fairbanks, AlaskaNationalityAmericanOccupationNative American activistYears active1962–2020Spouse Hugh Fate ​(m. 1954)​Children3RelativesDan Sullivan (son-in-law) Mary Jane Fate (née Evans; September 4, 1933 — April 10, 2020)[1] was a Koyukon Athabascan activis...

Drug storage and delivery device Two disposable injector pens containing insulin. An injector pen (also called a medication pen) is a device used for injecting medication under the skin. First introduced in the 1980s, injector pens are designed to make injectable medication easier and more convenient to use, thus increasing patient adherence. The primary difference between injector pens and traditional vial and syringe administration is the easier use of an injector pen by people with low dex...

 

Decade of the Gregorian calendar (2000–2009) For other uses, see 2000s (disambiguation). The examples and perspective in this article deal primarily with the United States and do not represent a worldwide view of the subject. You may improve this article, discuss the issue on the talk page, or create a new article, as appropriate. (December 2022) (Learn how and when to remove this template message) From top left, clockwise: The World Trade Center on fire and the Statue of Liberty during the...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!