Бауке Молема

Бауке Молема
Молема на Трката околу Алберта 2016
Лични податоци
Цело имеБауке Молема
Роден26 ноември 1986(1986-11-26)(38 г.)
Гронинген,  Холандија
Висина1,81 м[1]
Маса64 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубЛидл-Трек
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Аматерски клубови
2007 Рабобанк Континентал Тим
Професионални клубови
2008–2014
2015-
Рабобанк
Трек Фактори Рејсинг
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
1 поединечна етапа (2017)
Вуелта а Еспања
Бодовен пласман (2011)
1 поединечна етапа (2013)

Етапни трки

Трка околу Алберта (2015)
Тур де л’Авенир (2007)
Вуелта а Сан Хуан (2017)

Еднодневни трки и класици

Џиро ди Ломбардија (2019)
Класика де Сан Себастијан (2016)
Гран Премио Бруно Бегели (2018)
Јапонски куп (2015, 2019)
Последна промена
15 декември 2019

Бауке Молема (холандски: Bauke Mollema; р. 26 ноември 1986 во Гронинген) — холандски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Лидл-Трек.[2]

Завршил меѓу првите десет на сите три големи трки со етапна победа во 2011 година на Вуелта а Еспања, каде завршил на третото место и етапна победа на Тур де Франс 2017. Негов најдобар резултат во генералниот пласман на Тур де Франс бил во 2013 година кога завршил шести. Исто така, ја освоил Класика де Сан Себастијан во 2016 година и завршил на подиум трипати во претходните изданија на трката. Во 2019 година ја постигнал својата најголема победа во кариерата на Џиро ди Ломбардија.

Кариера

Рани години

Во 2007 година, Молема ги освоил престижните етапни трки за таленти, кои допрва доаѓаат, Тур де л‘Авенир и Сиркуито Монтањес.

Рабобанк (2008–2014)

2008–2009

Се придружил на Рабобанк ПроТим во 2008, потпишувајќи го својот прв договор како професионалец. Неговиот прв голем резултат бил шестото место на крајниот пласман на Вуелта а Кастиља и Леон 2008. Го направил неговото деби во ProTour на Тур де Романди 2008, но не ја завршил трката, поради пад, што довело до фрактура на клучната коска. Тој потполно се вратил во врвна форма на Трката околу Германија, во која започнал како водач на екипата Рабобанк, на крајот завршувајќи на седмото место во генералниот пласман. По разочарувачката пролет во 2009, сезоната била готова за Молема поради болест.

2010

Молема првпат настапил на една од големите трки на Џиро д‘Италија 2010, во која оставил добар впечаток, но излегол од првите 10 возачи во генералниот пласман, освојувајќи го пласманот за млад возач, делумно поради пропуштањето на бегството од 50 возачи, каде многу негови соперници направиле разлики до 12 минути. Молема продолжил да вози силно во сезоната со планинската етапна победа на Трка околу Полска и трето место во генералниот пласман зад победникот Даниел Мартин и второпласираниот Грега Боле.

2011

Молема на Лиеж-Бастон-Лиеж 2011

Во пролетта 2011 веќе ја покажал неговата добра форма со деветтото место во генералниот пласман на Париз-Ница и десеттото место во крајниот пласман на Волта а Каталуња. Но сепак на Арденските класици, тој не покажал многу, па така постигнал и разочарувачки резултати. Главната цел на Молема за сезоната 2011 било првото учество на Тур де Франс. Како подготовка за Трката, возел заедно со колегата Стевен Краусвајк, на Тур де Свис. Двајцата возачи се покажале многу добри на трката; со освоен подиум за Крујсвајк, додека Молема го изгубил местото на подиумот поради дупната гума. Поради болест, неговото учество на Тур де Франс не било некако успех. Во последната недела, се чувствувал подобри и се обидел со бегство. Бегството му го донело второто место на 17. етапа, веднаш зад Едвалд Боасон Хаген.

Молема се вратил на неговиот трет Гранд Тур, Вуелта а Еспања 2011. На стрмните врвови на етапите 5 и 8, завршил во првите пет возачи. Тој не заостанувал многу во генералниот пласман во првата недела и бил награден со водство во пласманот за црвената маичка по неговото второ место на етапата 9. Поради неговите послаби хронометарски вештини споредени со другите кандидати за генерален пласман, како Бредли Вигинс, Крис Фрум и Винченцо Нибали, тој ја загубил водачката маичка еден ден откако ја освоил. Молема возел исклучително силно по хронометарот и се борел за место на подиумот, но Холанѓанецот паднал на четвртото место поради резултататот на Хуан Хосе Кобо на Алто де Л’Англиру. На крај, Молема во Мадрид го освоил бодовниот пласман. Тоа било првпат од 1992, Холанѓанец да освои некој од пласманите во некоја од големите трки, откако тоа го направил Еди Бауман со пласманот за млад возач на Тур де Франс.

2013

Молема на Тур де Франс 2013

Во 2013, Молема имал добра форма, завршувајќи втор на Вуелта а Мурсија, трет на Вуелта а Андалусија и четврти на Критериум Интернасионал. На Тур де Свис, Молема ја освоил втората етапа, забележувајќи ја својата прва победа во 2013.[3] Откако добро се покажал на планините, Молема влегол на последниот хронометар на 4. место. Подоцна се поместил на второто место.[4]

Добрата форма на Молема продолжила на Тур де Франс, каде завршил четврти на првата планинска етапа, каде се искачил и на четвртото место и во генералниот пласман. Завршил осми на следната етапа и бил трет во генералниот пласман откако Ричи Порт загубил повеќе од 18 минути. На етапата 13 се искачил на второто место во генералниот пласман, кога Алехандро Валверде загубил скоро 10 минути поради дупната гума на околу 80 километри пред целта, успевајќи исто така да добие и минути во однос на водството на Фрум. Меѓутоа, изгубил време во последната недела поради болест и завршил шести во генералниот пласман.

Молема исто така возел и на Вуелта а Еспања 2013. Ја освоил седумнаесеттата етапа со напад од главната група на 500 метри од целта и се одржал пред групата предводена од Едвалд Боасон Хаген (Тим Скај).[5]

2014

Молема на Тур де Франс 2014

На Тур де Франс 2014, Молема завршил седум на крајот од претпоследната етапа, поединечен хронометар од 54 километри. Меѓутоа, возејќи на новиот Бјанки за првпат, Молема завршил дури на 140. место и на крајот завршил како десетти во генералниот пласман, 21 минута и 24 секунди зад победникот, Винченцо Нибали.[6]

На крајот на сезоната го напуштил Белкин и се приклучил на Трек Фактори Рејсинг.[7]

Трек Фактори Рејсинг (2015–денес)

2015

Молема (десно) со министерот за култура на Алберта, Дејвид Еген, по неговата победа на Трката околу Алберта 2015

Во март 2015 година, Молема завршил втор зад Наиро Кинтана (Мовистар Тим) на Тирено-Адријатико.[8] Меѓутоа, подоцна доживеал повреда на грбот, што го попречило во неговите подготовки за Тур де Франс 2015.[9] Молема завршил седми во генералниот пласман на Тур.

Во септември 2015 година, Молема ја освоил Трката околу Алберта.[10]

2016

Молема на Тур де Франс 2017

На дванаесеттата етапа на Тур де Франс 2016, Молема го неутрализирал нападот на предводникот во трката, Крис Фрум, и Ричи Порт, и бил единствениот кандидат за генералниот пласман, кој успеал во тоа. Меѓутоа, сите тројца возачи биле вклучени во несреќа со мотор откако публиката го принудила моторот да застане. Молема успеал да го оспособи својот велосипед и да продолжи да вози, додека Порт бил попречен и бил поминат од другите кандидати за генералниот пласман, а Фрум го фрлил својот велосипед и продолжил пеш додека не добил замена од екипниот автомобил. Молема ја завршил етапата 1 минута и 40 секунди пред Фрум и првичниот пласман го ставил Молема на второто место зад новиот предводник Адам Јејтс. Меѓутоа, Фрум го добил истото место како Молема по одлуката на жирито и ја задржал жолтата маичка.[11] Новиот пласман исто така го поставиле Наиро Кинтана пред Молема, кој сега бил четврти. Молема го критикувал раководењето на UCI за етапата.[12] На етапата 13, Молема го постигнал како што тоа тој го опишал „најдобриот хронометар во животот“, завршувајќи шести на ридскиот хронометар од 37,5 километри. Завршил 51 секунда зад Фрум, но освоил време пред сите други фаворити и се искачил на второто место во генералниот пласман.[13] На крајот завршил на единаесеттото место, поради пад во последната недела.[14] Само една недела по разочарувачкиот Тур, Молема успеал да ја освои Класика де Сан Себастијан со победа на класикот по доцен напад.[15]

2017

Молема на Тур де Франс 2017, каде освоил етапа

Во неговата трета сезона со екипата, Молема одбрал да вози на Џиро д’Италија, откако Алберто Контадор возел на Тур де Франс како предводник на екипата. Ја освоил првата победа веќе во јануари, кога го освоил генералниот пласман на Вуелта а Сан Хуан. Негов следен добар резултат бил во февруари, кога завршил четврти на новата трка од Светската турнеја, Трка Абу Даби. На неговиот прв вистински тест на Џиро, Молема завршил четврти на деветтата етапа до Блокхаус. Следната етапа, Молема го имал еден од најдобрите хронометри и завршил десетти, искачувајќи се на третото место во генералниот пласман. Меѓутоа, отпаднал од подиумот на предизвикувачката етапа до Оропа, кога загубил скоро 2 минути зад етапниот победник Том Димулен. Завршил седми на Џиро, што бил негов најдобар резултат. Негова следна трка била Тур де Франс, каде работел како помошник за предводникот на екипата Контадор. Ја имал својата шанса на етапата 15 кога заминал во бегство. Ги нападнал другите членови на бегството на последното големо искачување и успеал да биде напред до целта. Тоа што отпрвин изгледало на невозможен напад, Молема стигнал до својата прва етапна победа на Тур де Франс со 19 секунди пред Диего Улиси. Иако возел на две големи трки во сезоната, учествувал на Класика де Сан Себастијан следната седмица и завршил на третото место. Тоа бил трет подиум на трката.

2018

Откако пропуштил етапна победа на Волта ао Алгарве во февруари, Молема ја имал својата прва победа во сезоната на Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали, каде ја освоил втората етапа и завршил втор. Негов следен резултат бил следната седмица, кога завршил седми на Трката околу Баскија. Сезоната на класици била измешана за Молема, бидејќи успеал да заврши меѓу првите десет само на Флеш Валон (6. место). На Тур де Франс, Молема повторно бил предводник на екипата и изгледал ветувачки по првата добра недела, каде бил еден од најдобрите кандидати за генералниот пласман. Меѓутоа, веќе на втората планинска етапа, Молема паднал со форма и го префрлил фокусот на етапни победи. Бил близу победа на етапа, но морал да се задоволи со трето и четврто место на етапите. Повторно учествувал на Класика де Сан Себастијан неделата по Тур. Бил единствено кој можел да го следи темпото на Жилијан Алафилип во завршницата, но го изгубил спринтот од Французинот. Неговото второ место на трката бил четврти подиум вкупно и седма завршница меѓу првите десет на седум учества.

Молема одбрал да учествува на Вуелта а Еспања, што била негова втора голема трка во сезоната. Покажал добра форма на петтата етапа, кога завршил втор зад Сајмон Кларк. Четири дена подоцна уште еднаш бил во бегство и повторно морал да се задоволи со второто место. Бен Кинг нападнал пред завршното искачување и не бил следен веднаш од другите членови на бегството. Подоцна на брдото се чинело како Кинг да има проблеми и Молема постепено го стигнал. Меѓутоа, како целта била поблизу, Кинг продолжил да вози брзо темпо, кое Молема не можел да го следи. Молема завршил втор во планинскиот пласман. Во октомври го освоил италијанскиот полукласик Гран Премио Бруно Бегели, која му била втора победа во сезоната.

Достигнувања

2006
1. Етапа 2 Вуелта Сиклиста а Леон
2007
1. Краен пласман Тур де л’Авенир
1. Краен пласман Сиркуито Монтањес
1. Етапа 6
2008
6. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон
7. Краен пласман Трка околу Германија
2010
3. Краен пласман Трка околу Полска
1. Етапа 6
5. Краен пласман Вуелта а Андалусија
8. Џиро дел Пиемонт
2011
2. Џиро дел’Емилија
2. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон
1. Комбиниран пласман
4. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Бодовен пласман
Ја носел црвената маичка на етапата 9 Вуелта а Еспања
Ја носел белата маичка на етапите 9-12 Вуелта а Еспања
5. Краен пласман, Тур де Свис
9. Краен пласман, Париз-Ница
10. Краен пласман, Волта а Каталуња
2012
3. Краен пласман Трка околу Баскија
5. Класика де Сан Себастијан
6. Лиеж-Бастон-Лиеж
7. Џиро ди Ломбардија
2013
1. Етапа 17 Вуелта а Еспања
2. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 2
2. Вуелта а Мурсија
3. Краен пласман Вуелта а Андалусија
4. Краен пласман Критериум Интернасионал
4. Краен пласман Трка околу Норвешка
6. Краен пласман Тур де Франс
6. Краен пласман Средоземна трка
9. Флеш Валон
9. Класика де Сан Себастијан
10.Амстел Голд Рејс
2014
2. Класика де Сан Себастијан
3. Краен пласман Трка околу Норвешка
1. Етапа 4
3. Краен пласман Тур де Свис
4. Флеш Валон
6. Краен пласман Вуелта а Андалусија
7. Амстел Голд Рејс
10. Краен пласман Тур де Франс
10. Гран при Квебек
10. Гран при Монтреал
2015
1. Краен пласман Трка околу Алберта
1. Јапонски куп
2. Вуелта а Мурсија
2. Краен пласман Тирено-Адријатико
4. Трофео Андрат-Мирадор д’ес Коломер
6. Класика де Сан Себастијан
6. ГП Квебек
7. Краен пласман Тур де Франс
8. Класик Ла Дром
2016
1. Класика де Сан Себастијан
2. Краен пласман Трка околу Алберта
1. Етапа 4 (ITT)
3. Краен пласман Вуелта а Андалусија
8. ГП Квебек
9. Краен пласман Тирено-Адријатико
9. Краен пласман Тур де Романди
9. Лиеж-Бастон-Лиеж
2017
1. Краен пласман Вуелта а Сан Хуан
Тур де Франс
1. Етапа 15
Награда за борбеност на етапа 15
2. Краен пласман Трка околу Гуангси
3. Класика де Сан Себастијан
4. Краен пласман Трка Абу Даби
5. ГП Монтреал
7. Краен пласман Џиро д’Италија
9. Краен пласман Тирено-Адријатико
2018
1. Гран Премио Бруно Бегели
2. Краен пласман Сетимана Интернационале Копи е Бартали
1. Етапа 2
2. Класика де Сан Себастијан
4. Краен пласман Волта ао Алгарве
6. Флеш Валон
7. Краен пласман Трка околу Баскија
Вуелта а Еспања
Награда за борбеност на етапите 5, 11, 15 и на цела трка
2019
1. Светско првенство во екипен хронометар во мешан состав
1. Европско првенство во екипен хронометар во мешан состав
1. Џиро ди Ломбардија
1. Јапонски куп
3. Трофео Кампос, Поререс, Феланит, Сес Салинес
3. Трофео Андрат-Љосета
4. Краен пласман Етоал де Бесеж
4. Џиро дел’Емилија
5. Краен пласман Џиро д’Италија
5. Класика де Сан Себастијан
5. Гран Премио Бруно Бегели
6. Флеш Валон
7. Милано-Торино
10. Гран при Монтреал

Распоред на резултатите

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Џиро 12 7 5
Тур 70 СО 6 10 7 11 17 26 28
Вуелта 4 28 52 30
Распоред на резултатите на поголемите етапни трки
Етапна трка 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Париз-Ница 9 СО 30
Тирено-Адријатико 21 22 2 9 9
Волта а Каталуња 9 СО
Трка околу Баскија СО 98 3 28 СО 18 7 21
Тур де Романди СО 39 17 9
Критериум ди Дофине 60 СО
Тур де Свис 29 5 33 2 3 12

Распоред на резултатите на класиците

Монумент 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Милано-Санремо 37
Трка околу Фландрија никогаш не настапил во кариерата
Париз-Рубе
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 47 6 77 15 35 9 25
Џиро ди Ломбардија СО 68 12 СО 7 89 75 19 19 64 1
Класична трка 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Амстел Голд Рејс 10 10 7 55 14 35 12
Флеш Валон СО 69 53 7 9 4 19 6 6
Класика де Сан Себастијан СО 5 9 2 6 1 3 2 5
Гран при Квебек трката
не постоела
10 6 8 36 14
Гран при Монтреал 10 17 24 5 10

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Профил на Бауке Молема“.
  2. „Trek-Segafredo announce official 2019 rosters for men and women“. Trek Bicycle Corporation. Intrepid Corporation. 27 декември 2018. Посетено на 5 јануари 2019.
  3. „Бауке Молема победи на втората етапа на Тур де Свис 2013; Камерон Мајер го одржа водството“. VeloNation. VeloNation LLC. 9 јуни 2013. Архивирано од изворникот на 2013-06-12. Посетено на 17 јуни 2013.
  4. „Руј Кошта победил на Тур де Свис 2013“. VeloNation. VeloNation LLC. 16 јуни 2013. Посетено на 17 јуни 2013.
  5. http://www.bbc.co.uk/sport/cycling/24056089
  6. http://www.cyclingquotes.com/news/mollema_i_should_never_have_used_a_new_bike/
  7. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest-news/mollema-joins-trek-belkin-lose-another-star-rider-132199
  8. http://www.cyclingnews.com/blogs/bauke-mollema/bauke-mollema-my-season-review/
  9. http://www.cyclingnews.com/news/tour-de-france-mollema-over-his-injury-and-dialled-in-for-top-five-ambitions/
  10. http://www.edmontonsun.com/2015/09/07/bauke-mollema-wins-tour-of-alberta
  11. „Tour de France: Chris Froome forced to run up Mont Ventoux after crash“. BBC Sports. BBC.
  12. „Tour de France: Mollema angered by UCI's handling of Ventoux crash“. Cyclingnews.com.
  13. „Tour de France: Mollema produces 'best time trial of my life' to move to second overall“. Cyclingnews.com.
  14. „Tour de France: Mollema's podium hopes slide away in the rain“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 5 октомври 2018.
  15. „Bauke Mollema wins Clasica San Sebastian“. Cycling Weekly (англиски). 30 јули 2016. Посетено на 5 октомври 2018.

Надворешни врски

Read other articles:

State highway in the North Country of New York, USA New York State Route 812Map of northern New York with NY 812 highlighted in redRoute informationMaintained by NYSDOT and the Ogdensburg Bridge and Port AuthorityLength80.91 mi[1] (130.21 km)ExistedJuly 1, 1977[2]–presentMajor junctionsSouth end NY 12 / NY 26 in LowvilleMajor intersections NY 3 in Harrisville US 11 / NY 58 in Gouverneur NY 37 in Ogdensburg Nort...

 

Metropolitan statistical area in Ohio, United StatesColumbus metropolitan areaMetropolitan statistical areaColumbus, OH Metropolitan Statistical AreaDowntown Columbus, OhioColumbus–Marion–Zanesville, OH CSA   City of Columbus   Columbus MSA   Zanesville µSA  Chillicothe µSA  Marion µSA   Mount Vernon µSA  Athens µSA  Bellefontaine µSA   Cambridge µSA  Washington C.H. µSA Coord...

 

Questa voce o sezione sull'argomento società non cita le fonti necessarie o quelle presenti sono insufficienti. Puoi migliorare questa voce aggiungendo citazioni da fonti attendibili secondo le linee guida sull'uso delle fonti. Un nubendo viene accompagnato al suo addio al celibato L'addio al celibato è una festa tipica dei paesi anglosassoni in onore di un uomo in procinto di sposarsi, tenuta nei giorni immediatamente precedenti le nozze, nella quale viene celebrato simbolicamente l'a...

Этот участник передал свой вклад в общественное достояние Этот участник является одним из патрулирующих русской Википедии Если Вы хотите связаться с этим участником быстрее — воспользуйтесь электронной почтой. Этот участник является сторонником экоанархизма Этот у

 

Municipality in Schleswig-Holstein, GermanyKrempdorf Municipality Coat of armsLocation of Krempdorf within Steinburg district Krempdorf Show map of GermanyKrempdorf Show map of Schleswig-HolsteinCoordinates: 53°50′N 9°28′E / 53.833°N 9.467°E / 53.833; 9.467CountryGermanyStateSchleswig-HolsteinDistrictSteinburg Municipal assoc.Horst-Herzhorn Subdivisions2 OrtsteileGovernment • MayorDörte HarmsArea • Total5.64 km2 (2.18 sq ...

 

Autodromo José Carlos PaceCircuit d'Interlagos Caractéristiques générales Lieu  São Paulo Brésil Type Urbain, permanent Coordonnées 23° 42′ 03″ sud, 46° 41′ 47″ ouest Géolocalisation sur la carte : État de São Paulo Autodromo José Carlos Pace Géolocalisation sur la carte : Brésil Autodromo José Carlos Pace Construction 1938 Ouverture 1940 Homologation FIA Grade 1 Forme Sinueux Sens Anti-horaire Stands Garages permanents Capa...

法國-幾內亞關係 法國 几内亚 法國-幾內亞關係是指西非国家几内亚与法国历史上及现代的关系,几内亚自19世纪中叶至1958年曾为法兰西殖民帝国的一部分,直到1958年脱离法国获得独立。独立后,两国关系曾长期不睦,甚至于1965年一度断交,1975年恢复邦交后,两国关系向好发展。现今,法國對几内亚多方面的影響仍然通過几内亚在法國大量的僑民、法語國家組織以及法国

 

Pierre Laval, Menteri Luar Negeri Prancis, sekembalinya dari Moskow pada tahun 1935. Perjanjian Bantuan Bersama Prancis-Soviet adalah suatu perjanjian bilateral perjanjian antara Prancis dan Uni Soviet dengan tujuan mengepung Jerman Nazi pada tahun 1935 untuk mengurangi ancaman dari Eropa Tengah. Perjanjian ini berusaha dicapai kesepakatannya oleh Louis Barthou, Menteri Luar Negeri Prancis, tetapi dia dibunuh sebelum negosiasi selesai. Penggantinya, Pierre Laval, skeptis terhadap keuntungan d...

 

Toma Ikuta生田 斗真Informasi latar belakangNama lahirToma Ikuta (生田 斗真)Nama lainToma, Touma, Toma-chanLahir7 Oktober 1984 (umur 39)AsalHokkaido, JepangPekerjaanaktor, penyanyi, pembawa acaraLabelJohnny's EntertainmentSitus webSitus resmi Toma Ikuta (生田 斗真code: ja is deprecated , Ikuta Tōma, lahir 7 Oktober 1984 di Hokkaido) adalah seorang artis dan bintang film dari Jepang yang tergabung dalam Johnny's Jr. dari Johnny's Entertainment. Keluarganya terdiri dari ayah, i...

Pierre-Michel Lasogga Lasogga dengan Hertha pada 2011.Informasi pribadiNama lengkap Pierre-Michel LasoggaTanggal lahir 15 Desember 1991 (umur 31)Tempat lahir Gladbeck, JermanTinggi 1,89 m (6 ft 2+1⁄2 in)Posisi bermain Penyerang tengahInformasi klubKlub saat ini Hamburger SVNomor 10Karier junior1996–1999 1. FC Gladbeck1999–2006 Schalke 042006–2007 Rot-Weiss Essen2007 SG Wattenscheid 092008–2009 VfL Wolfsburg2009–2010 Bayer LeverkusenKarier senior*Tahun Tim T...

 

Alan TudykTudyk di San Diego Comic-Con International 2016LahirAlan Wray Tudyk16 Maret 1971 (umur 52)El Paso, Texas, A.S.PekerjaanAktor, pengisi suaraTahun aktif1997–sekarangSuami/istriCharissa Barton (m. 2016) Alan Wray Tudyk (/ˈtuːdɪk/ TOO-dik; lahir 16 Maret 1971) adalah aktor dan pengisi suara Amerika Serikat. Ia dikenal atas perannya sebagai Hoban Wash Washburne di seri televisi luar angkasa Barat Firefly dan film Serenity, Alpha di seri TV fiksi ilmiah Dollhouse, Tucker Mc...

 

United States lawyer and diplomat For his son, the lawyer and activist, see Joseph H. Choate Jr. Joseph Hodges ChoateJoseph Hodges Choate, 1898United States Ambassador to the United KingdomIn officeMarch 6, 1899 – May 23, 1905MonarchsVictoriaEdward VIIPresidentWilliam McKinleyTheodore RooseveltPrime MinisterThe Marquess of SalisburyArthur BalfourPreceded byJohn HaySucceeded byWhitelaw Reid Personal detailsBorn(1832-01-24)January 24, 1832Salem, MassachusettsDiedMay 14, 1917(1917-05-...

Fictional character from the BBC soap opera EastEnders Soap opera character Tony KingEastEnders characterPortrayed byChris CoghillDuration2008–2009First appearanceEpisode 364612 September 2008 (2008-09-12)Last appearanceEpisode 391318 December 2009 (2009-12-18)ClassificationFormer; regularIntroduced byDiederick SanterIn-universe informationWifeMichaela Turnbull (backstory)SonsLeo King[1]Adoptive sonsMorgan Butcher Tony King is a...

 

Lighthouse in Michigan, United States LighthouseMartin Reef Light Station LocationN Lake Huron, 4.3 miles (6.9 km) S of Cadogan PointCoordinates45°54′48″N 84°8′54″W / 45.91333°N 84.14833°W / 45.91333; -84.14833TowerFoundationcrib[1]Constructionreinforced concrete & steel[1]Height52 feet (16 m)[2]Shapesquare[1]Markingswhite with red roof[1]HeritageNational Register of Historic Places listed place ...

 

One of the engineering buildings on BYU campus This article relies excessively on references to primary sources. Please improve this article by adding secondary or tertiary sources. Find sources: Clyde Engineering Building – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (March 2022) (Learn how and when to remove this template message) Clyde Engineering BuildingGeneral informationTypeEducationalLocationProvo, UtahCoordinates40°14′48″N 111°38′52″...

هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. فضلًا، ساعد بإضافة وصلة إليها في مقالات متعلقة بها. (أبريل 2019) ستانلي والش معلومات شخصية الميلاد سنة 1938  إنجلترا  تاريخ الوفاة 17 سبتمبر 2008 (69–70 سنة)  مواطنة المملكة المتحدة  الحياة العملية المهنة منتج تلفزيو...

 

Ketua Menteri GoaPetahanaLaxmikant Parsekarsejak 8 November 2014Ditunjuk olehGubernur GoaPejabat perdanaDayanand BandodkarDibentuk20 Desember 1963 Ketua Menteri Goa adalah ketua eksekutif negara bagian pesisir India selatan Goa. Sesuai dengan Konstitusi India, gubernur adalah seorang kepala de jure negara bagian, namun otoritas eksekutif de facto dipegang ketua menteri. Setelah pemilihan-pemilihan dari Mahkamah Legislatif Goa, gubernur negara bagian tersebut biasanya mengundang partai (a...

 

2014 Czech filmThree BrothersDirected byJan SvěrákWritten byZdeněk SvěrákProduced byJan SvěrákStarringTomáš Klus, Vojtěch Dyk, Zdeněk PiškulaCinematographyVladimír SmutnýEdited byAlois FišárekMusic byJaroslav Uhlíř, Michal NovinskiProductioncompaniesBiograf Jan SvěrákPhoenix FilmNovinskiDistributed byBioscopRelease date 14 August 2014 (2014-08-14) Running time90 minutesCountriesCzech RepublicDenmarkLanguageCzechBudgetCZK 42 million[1]Box officeCZK 73...

Extinct species of gastropod Megasurcula condonana Original image of shells of Megasurcula condonana Scientific classification Domain: Eukaryota Kingdom: Animalia Phylum: Mollusca Class: Gastropoda Subclass: Caenogastropoda Order: Neogastropoda Superfamily: Conoidea Family: Pseudomelatomidae Genus: Megasurcula Species: M. condonana Binomial name Megasurcula condonana(F.M. Anderson & B. Martin, 1914) Synonyms † Bathytoma condonana F.M. Anderson & B. Martin, 1914 Megasurcula cond...

 

Artikel ini tidak memiliki referensi atau sumber tepercaya sehingga isinya tidak bisa dipastikan. Tolong bantu perbaiki artikel ini dengan menambahkan referensi yang layak. Tulisan tanpa sumber dapat dipertanyakan dan dihapus sewaktu-waktu.Cari sumber: Towuntu Timur, Pasan, Minahasa Tenggara – berita · surat kabar · buku · cendekiawan · JSTOR Towuntu TimurDesaNegara IndonesiaProvinsiSulawesi UtaraKabupatenMinahasa TenggaraKecamatanPasanKode pos959...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!