Класика де Сан Себастијан 2015

Класика де Сан Себастијан 2015
Светска турнеја на UCI 2015, трка 19 од 28
Детали за трката
Date 1 август 2015
Растојание 219 км
Време 5ч 30' 22" (39,8 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Адам Јејтс (ВБР) (Орика-ГринЕЏ)
Втор  Филип Жилбер (БЕЛ) (Ванти-Груп Гобер)
Трет  Алехандро Валверде (ШПА) (Мовистар Тим)
2014
2016

Класика де Сан Себастијан 2015 — 35. издание на еднодневната велосипедска класична трка, која се одржала во областа Баскија во Шпанија на 1 август 2015 година. Претставувала деветнаесетта трка во сезоната од Светската турнеја.[1][2] Бранителот на титулата бил Алехандро Валверде (Мовистар Тим), кој имал соло-победа на трката во 2014 година.

Трката се одржала во и околу градот Сан Себастијан, возена на растојание од 219 километри. Главна потешкотија во трката била низата искачувања во завршниот дел на патеката. Адам Јејтс (Орика-ГринЕЏ) нападнал на последното искачување, Бордако Тонтора. Во тоа време, на трката водел Грег ван Авермат (Ванти-Груп Гобер), но бил удрен од телевизиски мотор, принудувајќи го да се откаже од трката. Јејтс тргнал кон соло-победа, 15 секунди пред групата зад него, станувајќи првиот британски возач кој ја освоил трката. Валверде стигнал трет зад Филип Жилбер (Ванти-Груп Гобер).

Рута

Трката започнала во Сан Себастијан со неутрална зона од 3,7 километри и го напуштила градот од западниот дел, долж брегот на Бискајскиот Залив. По 22,6 километри, Зарауц, патеката одела кон југ во наредните 24 километри и доаѓала до Азпеитија. Тука, патеката вртела кон исток и започнала да се искачува кон првото категоризирано искачување на денот. Рутата постепено се искачувала 13 километри, но само завршните 3,5 километри биле категоризирани. Овој дел од патот, Алто де Итурбуру, имал просечен наклон од 5% и бил искачување од прва категорија. Врвот на искачувањето се наоѓал на 59,5 км.

Градот Сан Себастијан од врвот Бордако Тонтора, завршното искачување на трката

По спустот имало рамен дел на патеката. Ова ги одвело возачите североисточно, пред првите две искачувања на Алто де Јаизкибел. Ова, исто така, било искачување од прва категорија; долга 7,8 километри со просечен наклон од 5,8%. Врвот на искачувањето дошло на 125 километри, односно 94 км пред крајот. Потоа, следел спуст и рамен дел од 20 км низ Ирун. Следното искачување било Алто Аркале од втора категорија. Искачувањето било долго 2,7 км со просечен наклон од 6,3%; врвот бил на 71,2 км пред целта. Спустот ги одвел возачите до второто искачување на Алто де Јаизкибел и на Алто Аркале. По второто искачување на Алто Аркале, преостанувале 30,8 км до крајот.

Следниот дел на патеката бил рамен дел на растојание од 20 км. Во текот на овој дел, возачите се вратиле во Сан Себастијан и поминале низ целта; на оваа точка преостанувале уште 16 километри. Возачите повторно го напуштиле градот за да се соочат со последното искачување на патеката, Бордако Тонтора од втора категорија. Искачувањето било во должина од 2,5 км со наклон од 9%; по врвот имало спуст од 7,1 км и рамен пат до завршницата.[3] Завршното искачување било воведена на трката во 2014 година и вклучувало наклони до 20%; на трката во 2014 година на искачувањето се создала група, додека Алехандро Валверде нападнал на спустот и направил разлика до целта.[4]

Екипи

Бидејќи Класика де Сан Себастијан е настан од Светската турнеја, сите седумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат.[5] На две професионални континентални екипи, Каха Рурал-Сегурос РГА и Кофидис, им биле доделени специјални покани за трката и со тоа била создадена главната група од 19 екипи.[6] Седумнаесет екипи ја започнале трката со осум возачи; Тим Скај и Лото НЛ-Џамбо ја започнале трката со седум. Така имало 150 возачи во главната група на почетокот на трката.[7]

Екипи во Светската турнеја биле:

Екипи кои добиле специјални покани биле:

Фаворити пред трката

Победникот од изданието во 2014 година, Алехандро Валверде, бил сметан за фаворит за победа.

Класика де Сан Себастијан е најважна еднодневна трка во Шпанија. Се случила една недела по завршувањето на Тур де Франс. Некои возачи, вклучувајќи го Крис Фрум (Тим Скај), победникот на Тур, одлучиле да не учествуваат на трката. Возачите од Тур пристигнале во различна форма: некои биле во добра, додека некои сосема истрошени.[8] Уште еден од водечките возачи на Тур де Франс, Алберто Контадор (Тинкоф-Саксо), првично планирал да учествува, но бил приморан да се повлече поради треска.[9]

Главниот фаворит за трката бил Алехандро Валверде (Мовистар Тим), кој завршил трет на Тур де Франс. Валверде бил бранител на титулата, освојувајќи го изданието во 2014 година со напад на завршното искачување; исто така, победил во 2008 година во спринт на мала група.[8][10][11] Покрај неговото место на подиумот на Тур, Валверде ги освоил Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж во 2015 година. Друг голем фаворит бил Хоаким Родригес (Катјуша). Родригес освоил две етапи на Тур и се очекувал да има добра форма, бидејќи немал обиди за високо место во генералниот пласман.[8]

Неколку други возачи биле сметани со големи шанси за победа. Тоа биле Филип Жилбер (Ванти-Груп Гобер), победникот во 2011 година, Микел Ланда (Астана), кој бил трет на Џиро д’Италија 2015 и Жилијан Алафилип (Етикс-Квик Степ), кој завршил втор зад Валверде на Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж.[8]

Преглед на трката

Бегство од осум возачи се создало на почетокот на трката. Тоа биле Мануеле Боаро (Тинкоф-Саксо), Валерио Ањоли (Астана), Денис Ванендерт (Лото-Судал), Нејтан Хас (Канондејл-Гармин), Мартен Винантс (Лото НЛ-Џамбо), Томас Деганд (ИАМ Сајклинг), Љуис Мас (Каха Рурал-Сегурос РГА) и Ромен Арди (Кофидис). Овие возачи останале заедно околу 160 километри; Мовистар Тим ја контролирал главната група и го одржувал водството на бегството на околу три минути. Боаро нападнал од групата на второто искачување на Алто де Јаизкибел и направил разлика во однос на другите, но бил предалеку за да издржи до крајот.[12]

Адам Јејтс (Орика-ГринЕЏ) (сликан во 2014 г.) ја освоил трката по напад на завршното искачување

На завршното искачување на Алто де Јаизкибел имало неколку напади во главната група. Овие напади се случиле и на претпоследното искачување на трката, Алто Аркале, со што се создала водечка група од шеснаесет велосипедисти.[12] Оваа група ги вклучувала Варан Баргиј, Даниел Мартин, Филип Жилбер и Грег ван Авермат, Алехандро Валверде, Хоаким Родригес и Адам Јејтс.[13] Имало значајно недоразбирање на завршното искачување: последните возачи од првото бегство биле достигнати и телевизискиот пренос потфрлил, па така екипите се потпирале на радиото на трката за да ги следат возачите.[14]

Првите напади на завршното искачување дошле од Баргиј и Ван Авермат, следени од Јејтс, додека Родригес и Валверде чекале во главната група.[12] Јејтс го претекнал Баргиј и го следел Ван Авермат, кој се наоѓал во водство. Меѓутоа, кон врвот на искачувањето, Ван Авермат бил удрен од позади од еден од моторите кои обезбедувале телевизиски пренос на трката. Бил соборен на земја и рамот на неговиот велосипед бил скршен; Ван Авермат не успеал да ја заврши трката.[15] Јејтс потоа сам повел на врвот на завршното искачување, по што патеката се спуштала кон Сан Себастијан. За разлика од трката во 2014 година, кога паднал во водечката група на завршниот спуст, Јејтс го зголемил своето водство на 15 секунди и успеал да ја одржи оваа разлика до крајот на трката.[12] Кога поминал на целта, Јејтс не бил свесен дека ја освоил трката, бидејќи верувал дека првичното бегство не било достигнато. Му требало некое време да му кажат од екипата дека победил.[13] Во групата зад него, Жилбер спринтал за второто место пред Валверде.[12]

Победата на Јејтс била прва победа во Светската турнеја во неговата кариера[13] и прва победа од британски возач на Класика де Сан Себастијан.[16] Меѓутоа, Ван Авермат и БМЦ Рејсинг Тим, биле несреќни со падот кој го отстранил од трката и издале изјава: „Грег беше ограбен и БМЦ Рејсинг Тим беше ограбен“ и дека екипата „ќе ја истражи секоја правна можност“.[17] Сајмон Јејтс — братот на Адам и негов колега во Орика-ГринЕЏ — ги опишал овие коментари како „прилично без почит“; Ван Авермат подоцна појаснил дека победата на Јејтс е заслужена.[18] Организаторите на трката подоцна се извиниле за падот на Ван Авермат; меѓутоа, Ван Авермат не можел да го прочита бидејќи било напишано на шпански.[19]

Резултати

Велосипедист Екипа Време Бодови за
Светската турнеја
1  Адам Јејтс (ВБР) Орика-ГринЕЏ 5ч 30' 22" 80
2  Филип Жилбер (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер + 15" 60
3  Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим + 15" 50
4  Даниел Морено (ШПА) Катјуша + 15" 40
5  Хоаким Родригес (ШПА) Катјуша + 15" 30
6  Бауке Молема (ХОЛ) Трек Фактори Рејсинг + 15" 22
7  Даниел Мартин (ИРС) Канондејл-Гармин + 15" 14
8  Жилијан Алафилип (ФРА) Етикс-Квик Степ + 15" 10
9  Варан Баргиј (ФРА) Џајант-Алпецин + 15" 6
10  Ригоберто Уран (КОЛ) Етикс-Квик Степ + 15" 2

Наводи

  1. „UCI го потврди календарот на Светската турнеја 2015“. Cycling News. Посетено на 4 јануари 2015.
  2. „Календар на UCI 2015“. UCI. Посетено на 4 јануари 2015.
  3. Sari Nagusia. Сан Себастијан: Organizaciones Ciclistas Euskadi. 2015. стр. 4–6.
  4. Стоукс, Шејн. „Roche on Clasica San Sebastian: 'The new climb is one of the hardest all year'. cyclingtips.com.au. Посетено на 29 јули 2015.
  5. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). UCI. Посетено на 1 јули 2015.
  6. „Екипи на Класика де Сан Себастијан 2015“. Pro Cycling Stats. Посетено на 28 јули 2015.
  7. „Clasica Ciclista San SebastianClasica Ciclista San Sebastian 2015 - Classic“. ProCyclingStats. Посетено на 4 август 2015.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 Падикомб, Стивен (30 јули 2015). „Преглед на Класика де Сан Себастијан 2015“. Cycling Weekly. Посетено на 31 јули 2015.
  9. Кларк, Стјуарт (29 јули 2015). „Болест го исфрли Контадор од Класика де Сан Себастијан“. Cycling Weekly. Посетено на 31 јули 2015.
  10. „Валверде победи на Класика де Сан Себастијан“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 2 август 2014. Посетено на 21 септември 2015.
  11. „Валверде подготвен за Олимпијада“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 2 август 2008. Посетено на 21 септември 2015.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 Фаранд, Стивен (2 август 2015). „Адам Јејтс победи сам на Класика де Сан Себастијан“. Cyclingnews.com. Посетено на 4 август 2015.
  13. 13,0 13,1 13,2 Вин, Најџел (1 август 2015). „Adam Yates wins Clásica de San Sebastián – without knowing it“. Cycling Weekly. Посетено на 4 август 2015.
  14. Фратини, Кирстен (1 август 2015). „Yates gets surprise victory at Clásica San Sebastián“. Cyclingnews.com. Посетено на 4 август 2015.
  15. Фратини, Кирстен (1 август 2015). „Телевизиски мотор се судир со Ван Авермат на Класика де Сан Себастијан“. Cyclingnews.com. Посетено на 4 август 2015.
  16. Катлер, Теди (1 август 2015). „Адам Јејтс ја освои престижната Класика де Сан Себастијан“. The Times. Посетено на 4 август 2015.
  17. Колис, Сајмон (2 август 2015). „BMC call in the lawyers after 'scandalous' San Sebastián moto accident“. Cycling Weekly. Посетено на 4 август 2015.
  18. Кларк, Стјуарт (4 август 2015). „Van Avermaet and Adam Yates bury the hatchet after San Sebastian incident“. Cycling Weekly. Посетено на 4 август 2015.
  19. „Excuses na motorincident“ [Apologies for the motorbike incident]. De Telegraaf (холандски). 11 август 2015. Посетено на 11 август 2015.

Надворешни врски

Read other articles:

Middle Eastern automotive executive Ralph DebbasDebbas in 2020Born1987 (age 35–36)[1]LebanonNationalityLebaneseOther namesRalph R. DebbasEducationLebanon American UniversityCoventry University[2]OccupationCEO of W MotorsYears active2006-presentEmployerW MotorsKnown forFounding W MotorsBoard member ofChairman and CEO of W MotorsAwards2009New Designer of ExcellenceTrophee de L’Argus[3]2013The Visionary Entrepreneur of the Year2015The Luxu...

 

Süleymanlı Zeytun / ԶէյթունPermukimanZeytun di tahun 1915SüleymanlıLokasi di TurkiKoordinat: 37°52′07″N 36°49′30″E / 37.8685°N 36.825°E / 37.8685; 36.825Koordinat: 37°52′07″N 36°49′30″E / 37.8685°N 36.825°E / 37.8685; 36.825NegaraTurkiProvinsiKahramanmaraşPopulasi (2000) • Total459Zona waktuUTC+3 • Musim panas (DST)UTC+3 (FET)Situs webwww.yerelnet.org.tr Süleymanlı, juga dikenal ...

 

هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. فضلًا، ساعد بإضافة وصلة إليها في مقالات متعلقة بها. (أبريل 2023) بنتانول حلقي[1] بنتانول حلقي التسمية المفضلة للاتحاد الدولي للكيمياء البحتة والتطبيقية Cyclopentanol أسماء أخرى Cyclopentyl alcoholHydroxycyclopentane المعرفات رقم CAS 96-41-3 Y بو

Para otros usos de este término, véase Freud (desambiguación). Familia Freud en 1876. La familia de Sigmund Freud, pionero del psicoanálisis, vivió en Austria y Alemania hasta los años 1930 antes de emigrar hacia Inglaterra, Canadá y los Estados Unidos. Diversos descendientes de Freud llegaron a ser muy conocidos en diferentes áreas. Padres y hermanos de Freud Amalia Freud. Sigmund Freud (1856–1939), hijo de padres judíos procedentes de Galitzia, nació en la ciudad morava de Pří...

 

1998 Thai murder case Headline item from Thairath newspaper, crying, Exposed! Cold-blooded student murder, butchering of body The murder of Jenjira Ployangunsri was a sensational crime that took place in Thailand in 1998. Jenjira, a 23-year-old medical student, was killed on 26 January, and her body subsequently dismembered, by her boyfriend Serm Sakhonrat, also a medical student. The case received intense media coverage as the investigation proceeded over the following weeks until Serm was a...

 

Département d'Ille-et-Vilaine. La liste des cavités naturelles les plus longues du département d'Ille-et-Vilaine recense sous la forme d'un tableau, les cavités souterraines naturelles connues, dont le développement est supérieur à cinq mètres. La communauté spéléologique considère qu'une cavité souterraine naturelle n'existe vraiment qu'à partir du moment où elle est « inventée » c'est-à-dire découverte (ou redécouverte), inventoriée, topographiée et publiée...

Esta página cita fontes, mas que não cobrem todo o conteúdo. Ajude a inserir referências. Conteúdo não verificável pode ser removido.—Encontre fontes: ABW  • CAPES  • Google (N • L • A) (Julho de 2013) Copa Espírito Santo de 2014 Copa ES 2014 Dados Participantes 11 Organização FES Período 8 de agosto – 22 de novembro Gol(o)s 147 Partidas 54 Média 2,72 gol(o)s por partida Campeão  Real Noroeste (3º título) Vi...

 

Toninho Horta auf dem INNtöne Jazzfestival 2019 Toninho Horta (* 2. Dezember 1948 in Belo Horizonte, Minas Gerais als Antônio Maurício Horta de Melo) ist ein brasilianischer Jazz-Gitarrist und Komponist, der auch im Bereich der Música Popular Brasileira hervorgetreten ist. Er entwickelte einen eigenen Stil der Harmonisierung und gilt „als feinsinniger Gitarrist, ausdrucksstarker Sänger und als einfallsreicher Komponist“, der einen „eleganten Bogen“ zwischen der Bossa Nova und dem...

 

Đối với các định nghĩa khác, xem Sơn Tây (định hướng). Toàn cảnh thành cổ Sơn Tây nhìn từ trên cao (không ảnh) năm 2022. Thành Sơn Tây, tháng 4 năm 1884, một trong 4 thành trong Thăng Long tứ trấn Bản vẽ thành Sơn Tây Thành cổ Sơn Tây được xây dựng vào năm Minh Mạng thứ 3 (1822) tại tỉnh cũ Sơn Tây, là tòa thành cổ được xây bằng đá ong của Việt Nam có tổng diện tích 16 ha với các kiến tr

غابرييل ميليتو (بالإنجليزية: Gabriel Milito)‏  معلومات شخصية الاسم الكامل غابرييل أليخاندرو ميليتو الميلاد 7 سبتمبر 1980 (العمر 43 سنة)بوينس آيرس الطول 1.82 م (5 قدم 11 1⁄2 بوصة) مركز اللعب قلب دفاع الجنسية  الأرجنتين أخوة وأخوات دييغو ميليتو  معلومات النادي النادي الح

 

Artikel ini sebatang kara, artinya tidak ada artikel lain yang memiliki pranala balik ke halaman ini.Bantulah menambah pranala ke artikel ini dari artikel yang berhubungan atau coba peralatan pencari pranala.Tag ini diberikan pada Maret 2016. SMP Marsudirini CawangInformasiDidirikan1951JenisSekolah SwastaAkreditasiARentang kelasVII - IXStatusdisamakan [1][2][3][4]AlamatLokasiJl. Dewi Sartika 186 A, Cawang, Jakarta Timur, Jakarta,  indonesiaTel./Faks.021-80...

 

American crime drama television series Mayans M.C.GenreCrime dramaCreated by Kurt Sutter Elgin James Starring J. D. Pardo Clayton Cardenas Sarah Bolger Michael Irby Carla Baratta Richard Cabral Raoul Max Trujillo Manny Montana Antonio Jaramillo Danny Pino Edward James Olmos Emilio Rivera Sulem Calderon Frankie Loyal Joseph Raymond Lucero Vincent Vargas JR Bourne Theme music composer Kurt Sutter Bob Thiele Jr. Opening themeNunca by David Hidalgo & Los Refugio Tiernos (seasons 1–2)Nunca b...

Fox affiliate in Mobile, Alabama WALA-TVMobile, AlabamaPensacola–Fort Walton Beach, FloridaUnited StatesCityMobile, AlabamaChannelsDigital: 9 (VHF)Virtual: 10BrandingFox 10 (general)Fox 10 News (newscasts)ProgrammingAffiliations10.1: Foxfor others, see § SubchannelsOwnershipOwnerGray Television(Gray Television Licensee, LLC)Sister stationsWMBP-LDHistoryFirst air dateJanuary 14, 1953 (70 years ago) (1953-01-14)Former channel number(s)Analog: 10 (VHF, 1953–2009)Former af...

 

Book by Spike Milligan Sir Nobonk and the Terrible Dreadful Awful Naughty Nasty Dragon First editionAuthorSpike MilliganCountry United KingdomLanguageEnglishGenreChildren's literaturePublisherHobbs & Michael JosephPublication date1982Media typePrint (Hardcover & Paperback)Pagesc.30 pp (May change depending on the publisher and the size of the text) Sir Nobonk and the Terrible Dreadful Awful Naughty Nasty Dragon (also known by the shorter title of Sir Nobonk and the... Dragon...

 

Tanda baca Tanda baca elipsis …  ...  . . .  ⋯  ᠁  ฯ garis miring, solidus /  ⧸  ⁄ guilemet ‹ ›  « » hubung ‐ hubung tebal - koma ,  ،  、 kurung [ ]  ( )  { }  ⟨ ⟩ penyingkat ’  ' petik ‘ ’  “ ”  ' '    pisah ‒  –  ...

2020 American documentary film The Mothman LegacyPromotional release poster by Sam Shearon[1]Directed bySeth BreedloveWritten bySeth BreedloveProduced byAdrienne BreedloveNarrated byLyle BlackburnCinematographyZac PalmisanoEdited bySeth BreedloveMusic byBrandon DaloProductioncompanySmall Town MonstersDistributed by1091 PicturesRelease date October 20, 2020 (2020-10-20) Running time67 minutesCountryUnited StatesLanguageEnglish The Mothman Legacy is a 2020 American docume...

 

Species of fish This article includes a list of general references, but it lacks sufficient corresponding inline citations. Please help to improve this article by introducing more precise citations. (November 2013) (Learn how and when to remove this template message) Fathead minnow Conservation status Least Concern (IUCN 3.1)[1] Scientific classification Domain: Eukaryota Kingdom: Animalia Phylum: Chordata Class: Actinopterygii Order: Cypriniformes Family: Cyprinidae Subfamily: L...

 

Fictional character from Jujutsu Kaisen Fictional character Yuta OkkotsuJujutsu Kaisen characterYuta Okkotsu as drawn by Gege AkutamiFirst appearanceJujutsu Kaisen 0 #1, The Cursed Child (2017)Created byGege AkutamiVoiced by Japanese: Megumi Ogata English: Kayleigh McKee In-universe informationOccupationStudent at Tokyo Jujutsu HighFamilyMichizane Sugawara (ancestor)Satoru Gojo (distant relative)NationalityJapanese Yuta Okkotsu (Japanese: 乙骨 憂太, Hepburn: Okkotsu Yūta) is the protagon...

An editor has performed a search and found that sufficient sources exist to establish the subject's notability. These sources can be used to expand the article and may be described in edit summaries or found on the talk page. The article may include original research, or omit significant information about the subject. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Asterix in Corsica – ne...

 

Disambiguazione – Se stai cercando la teoria geopolitica statunitense del XIX secolo, vedi Destino manifesto. Manifest Destinyfumetto Disegni di Greg Land. Titolo orig.Manifest Destiny Lingua orig.inglese PaeseStati Uniti EditoreMarvel Comics Collana 1ª ed. Astonishing X-Men (vol. 3[1]) Cable (vol. 2) Eternals (vol. 4) Runaways (vol. 3) Secret Invasion: X-Men Uncanny X-Men (vol. 1) Wolverine: Manifest Destiny X-Men: Legacy (vol. 1) X-Men: Manifest Destiny X...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!