Морено ја започнал неговата професионална кариера во септември 2004 со екипата Релакс-Гам Фуенлабрада. На неговата прва трка, Трката околу Британија, тој веќе постигнал одличен резултат со освојувањето на 5. место во генералниот пласман. Во 2005, тој продолжил со одличните резултати, па така бил втор на Класика де Ордизија и Вуелта а Андалусија.
На крајот, во 2006 ја постигнал и неговата прва победа на етапа на Класика де Алкобендас и уште една на Волта ао Алентежо. Тој ги заокружил неговите триумфи со три подиума на Алентежо, Алкобендас и Вуелта а Бургос.
Исто така, и 2007 се покажала како успешна за него. Тој победил на етапа на аргентинската трка Тур де Сан Луис и мексиканската Вуелта Чихуахуа, го освоил конечниот пласман на Ескалада а Монхуик[2]. Покрај овие резултати, тој се покажал како силен возач со второто место на етапа на Вуелта а Еспања и така стигнал до 12. место во генералниот пласман. Во септември објавил дека ќе премине во француската екипа Агритубел за наредната сезона[3] но потоа Морено ја повлекол оваа изјава.
Меѓутоа, со пропаѓањето на Релакс-Гам Фуенлабрада на крајот на 2007, возачот го изгубил постојаниот договор заедно со можноста да настапува на професионалните трки. Морено успеал да се врати на трките дури во март 2008, откако потпишал договор со шпанската екипа Кејс д’Епарњ.
Потоа поминал две сезони (2008-2009) работејќи како помагач на Алехандро Валверде[4] и потоа преминал во Омега Парма Лото на една година[5].
Во 2011, се приклучил на руската екипа Катјуша-Алпесин[6] и станал помагач на неговиот водач, Хоаким Родригес. Придружувајќи го познатиот „Пурито“ на планинските трки, Морено успеал да се докаже себеси на неколку значајни натпреварувања, вклучувајќи ги Џиро дел Пиемонт и Вуелта а Бургос. На 23 август успеал да дојде до првата етапна победа на Вуелта а Еспања, придружувајќи му се на претходниот бегалец Крис Анкер Серенсен во последните километри. Серенсен бил дел од рано бегство и останал до крај, но Морено го достигнал во последните 400 метри, додека групата била зад него.[7] Следниот ден успешно му помогнал на Родригес на Валдепенас де Хаен. Големата координираност помеѓу двајцата Шпанци го донела Морено на третото место, додека Родригес на врвот на подиумот. Во текот на трите недели на шпанската трка, Морено возел во полна брзина и така успеал да дојде во 9. место во генералниот пласман. Во октомври, Морено победил на италијанскиот класик Џиро дел Пиемонт.[8]
Во 2012, Морено продолжил да оди напред. Остварил победа на ГП Мигел Индураин[9], го однел првото место на етапата 4 на Вуелта а Андалусија и етапите 2 и 7 на Критериум ду Дофине. Морено, исто така му помогал на Хоаким Родригес на Џиро д’Италија; што му помогнало на Пурито да дојде до второто место во генералниот пласман. Помеѓу неговите приоритети за понатамошната сезона се Вуелта а Еспања и другите домашни трки[10].
Ја освоил шпанската трка Вуелта а Бургос, преживувајќи го падот на последната етапа на искачувањето Лагунас де Неила од двајцата сериозни кандидати за генерален пласман, Колумбијците Естебан Чавес од Колумбија-Колдепортес и Серхио Енао од Тим Скај. На крај, Морено ги ограничил неговите загуби на 22 секунди на таа етапа, задржувајќи ја водечката маичка со 10 секунди предност пред Енао. Исто така освоил 2 етапи и бодовниот пласман на трката.[11]
Исто така, имал солиден пласман со петтото место на Вуелта а Еспања 2012, каде му помагал на неговиот водач Хоаким Родригес на планинските етапи. Родригес го зазел третото место на подиумот.[12]