Контадор често е сметан како најдобриот специјалист за искачување и најдобар возач на етапни трки во светот.[6][7] Познати завршници на етапи на нагорнина се победите на Алто де Ел Англиру на Вуелта, Плато де Бел на Тур и Етна на Џиро.[8] Откако се очекувало да го изгуби неговото мало водство на Тур де Франс 2007 на завршниот поединечен хронометар,[9][10] Контадор станал подобар на хронометрите, со неколку победи во оваа дисциплина. Тој ја заработил оцената како универзален возач, велосипедист кој посветил внимание на сите делови од етапното тркање, кои се потребни за остварување високи пласмани во генералните пласмани.
Кариерата на Контадор е обележана со неколку обвинувања за допинг. Случајот „Операција Пуерто“ ја довела неговата екипа ONCE (целосно неповрзана екипа со моменталната екипа Астана) да се откаже од Тур де Франс 2006 пред тој да започне. На крајот било одлучено дека тој немал никаква врска со случајот, но бил повторно обвинет за допинг по неговата победа на трката следната година.[11] Во септември 2010, Контадор објавил дека бил позитивен на кленбутерол на контрола одржана на Тур де Франс 2010, каде завршил како победник, но иако бил суспендиран во текот на истрагата,[12] тој бил прогласен за чист од Кралската шпанска велосипедска федерација. Истрагата од Арбитражниот суд за спорт првично закажана за јуни 2011[13][14] била неколкупати одложувана до февруари 2012, кога судот одлучил дека на Контадор ќе му бидат одземени сите резултати постигнати на Тур де Франс и подоцна, што значело дека ја губи и титулата на Џиро д’Италија 2011. Исто така, бил суспендиран до 5 август 2012 и неговиот договор со Тим Саксо Банк бил раскинат.[4] По завршувањето на неговата суспензија, Контадор повторно му се приклучил на преименуваниот Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк.[15][16]
Личен живот и рана кариера
Контадор е роден во Пинто во автономната заедница Мадрид, трето од четирите деца во семејството. Тој има постари брат и сестра и помлад брат, кој има церебрална парализа. Претходно тренирајќи некои други спортови, како фудбал и атлетика, Контадор го открил велосипедизмот на возраст од 14 години, благодарение на неговиот постар брат Франсиско Хавиер.[17]
Кога Контадор имал 15 години, започнал да настапува на трки на аматерско ниво во Шпанија, придружувајќи му се на Реал Вело Клуб Портилјо од Мадрид. Иако немал ниедна победа таа и следната година, сепак покажал одлични квалитети и наскоро го добил прекарот Пантани (по Марко Пантани, сметан за еден од најдобрите специјалисти за искачување на сите времиња) поради неговите вештини за искачување.[18] Во 2000 година, ги искусил своите први победи, победувајќи на неколку планински пласмани од познати трки во шпанскиот аматерски велосипедски календар.[17]
Тој се откажал од училиштето на 16 години без притоа да ја заврши матурата и потпишал со Ибердрола-Лоаназ, младинска екипа водена од Маноло Саиз, менаџер на професионалната велосипедска екипа ONCE. Во 2001 го освоил шпанското хронометарско првенство под 23 години.[19]
Контадор живее со неговата жена[20] Макарена во градот Пинто, кога не се натпреварува и ужива да лови во неговото слободно време. Ги обожава птиците, лично чувајќи канаринци и други птици во својот дом.[21][22]
Професионална кариера
2004–2006
Контадор станал професионалец во 2003 година за екипата ONCE. Во неговата прва година како професионалец, тој ја освоил осмата етапа на Трката околу Полска, поединечен хронометар. Во текот на првата етапа на Вуелта а Астурија 2004 започнал да се чувствува лошо и по 40 километри паднал и доживеал потрес. Неколку дена претходно страдал од силни главоболки и му било дијагностицирано церебрална кавернома, вродена васкуларна болест, поради која бил подложен на ризична операција, по што следело закрепнувањето и повторното возење велосипед.[7] Како последица на операцијата има лузна, која се протега од едното до другото уво на врвот на главата.[23] Контадор започнал повторно со тренинзи на крајот на 2004 и осум месеци по операцијата ја освоил петтата етапа на Тур Даун Андер 2005, возејќи за Либерти Сегурос, екипата што некогаш се викала ONCE пред преименувањето.[19] Тој заминал на победа на третата етапа и крајниот пласман на Сетмана Каталана, така освојувајќи ја својата прва етапна трка како професионалец. Исто така, победил на поединечниот хронометар во текот на Трка околу Баскија, каде завршил трет и четвртата етапа на Тур де Романди, каде завршил четврти во генералниот пласман.[8]
Во 2006 освоил етапи на Тур де Романди и Тур де Свис како подготовка за претстојниот Тур де Франс. Пред почетокот на трката бил вмешан заедно со неколку негови колеги во допинг скандалот Операција Пуерто од шпанските власти и екипата не можела да настапи на трката. Подоцна бил ослободен од Меѓународниот велосипедистички сојуз, управното тело во велосипедизмот.[24] Контадор се вратил со возење на Вуелта а Бургос, но доживеал пад по завршувањето на петтото место на етапата 4, кога возел назад со автобусот на екипата и кратко бил во бессознание.[25]
Сезона 2007
Откако бил вмешан во допинг скандалот „Операција Пуерто“, Контадор бил без професионален договор до средината на јануари 2007, кога потпишал со екипата Дискавери Канал.[26]
Првата поголема професионална победа на Контадор дошла на Париз-Ница 2007, каде ја освоил последната етапа на трката. Дискавери успешно го развлекол водачот на трката Давиде Ребелин од екипата Геролштајнер, овозможувајќи му на Контадор да го отпочне својот напад на последното искачување. Со Ребелин во групата зад него, Контадор се одржал пред неговите соперници во последните километри, победувајќи на трката.[27]
На Тур де Франс 2007 ја освоил етапата на планинската завршница Плато де Бел и бил втор во генерален пласман зад Михаел Расмусен.[28] По отстранувањето на Расмусен од трката пред етапата 17 поради лажење на неговата екипа за неговите тренинзи пред трката,[29] Контадор го презел водството на трката и жолтата маичка, иако сè уште не ја облекол до завршувањето на етапата.[30] На поединечниот хронометар на етапата 19 успеал да пркоси наспроти очекувањата и да ја задржи жолтата маичка со разлика од само 23 секунди во однос на второпласираниот Кедел Еванс и 31 секунда пред неговиот колега Леви Лајпхајмер. Бидејќи тоа било претпоследна етапа на Тур, всушност етапата го означувала последното вистинско натпреварување на трката (отсекогаш последната етапа е лежерна и возачите не се натпреваруваат, освен во масовниот спринт на крајот на етапата) тоа значело дека Контадор ја обезбедил својата прва победа на Тур де Франс.[31] Тоа било тесна победа и најблиската разлика помеѓу првите тројца во историјата на Тур де Франс.[32]
Откако екипата Дискавери Ченл објавила дека 2007 ќе била нивната последна сезона во професионалниот велосипедизам, Контадор објавил на 23 октомври 2007 дека ќе се преместел во екипата Астана за 2008.[33]
Сезона 2008
На 13 февруари 2008, организаторот на Тур де Франс, Amaury Sport Organisation, објавил дека Астана нема да биде повикана на ниедна од нивните трки во 2008, поради претходните случаи со допинг во Астана, и покрај тоа што менаџментот на Астана и поголемиот дел од возачите биле променети пред сезоната 2008.[34] Следствено на одлуката, Контадор не можел да ги брани победите од минатата година на Париз-Ница 2007 и Тур де Франс 2007. Се насочил кон освојување на втора победа на Вуелта а Кастиља и Леон, како и Вуелта ал Паис Васко преку освојување на воведната етапа и последниот поединечен хронометар. Негова следна трка и цел бил Дофине Либере, но неговата екипа добила покана на Џиро д’Италија 2008 една недела пред почетокот на трката. Контадор бил на одмор во Шпанија, кога му било кажано дека ќе вози на Џиро.[35]
И покрај недостигот на подготовка, тој завршил втор на првиот поединечен хронометар и ја зел розовата маичка по 15 етапа на Пасо Федаја. По освојување на последната розова маичка во Милано станал првиот неиталијанец, кој го освоил Џиро по Павел Тонков во 1996 и исто така втор шпански возач, кој го освоил Џиро по победата на Мигел Индураин на 1992 и 1993. Подоцна ја истакнал важноста на оваа победа, велејќи дека „учеството на Џиро и неговото освојување беше големо достигнување, поголемо отколку втората победа на Тур де Франс“.[36]
На Летните олимписки игри 2008, Контадор се натпреварувал на друмската трка и поединечниот хронометар. Не успеал да заврши на друмската трка, на која 53 од 143 возачи не ја завршиле патеката во топли и влажни услови.[37] Завршил четврти на поединечниот хронометар, осум секунди зад неговиот колега Лајпхајмер.[38]
Контадор влегол на Вуелта а Еспања 2008 како главен кандидат за победа. Негов најголем соперник бил неговиот сонародник Карлос Састре, кој победил на Тур де Франс само еден месец пред трката.[36] Контадор ја освоил етапата 13 по нападот на искачувањето Англиру и овој напад му ја донел златната маичка, како предводник на трката. Го зголемил своето водство по освојувањето на етапата 14 до Фуентес де Инвиерно и го одржал своето водство во следните рамни етапи и последниот хронометар. Тој последен хронометар бил освоен од Лајпхајмер со голема разлика. Подоцна, Контадор изнел некои свои тврдења за Лајпхајмер, дека имал во план да победи на Вуелта, иако на почетокот на трката се решило дека Контадор ќе биде водачот на екипата Астана.[39] Во конечниот пласман, Контадор завршил 46 секунди пред Лајпхајмер и повеќе од четири минути пред Састре.[40] Победата на Вуелта го направила само петти велосипедист, кој победил на сите три Гранд Тур трки, по Жак Анкетил, Феличе Џимонди, Еди Меркс и Бернар Ино.[41] Исто така, станал и првиот Шпанец, кој успеал во овој потфат,[42] најмладиот (возраст 25),[43] и за најкратко време успеал да ги оствари сите три победи (15 месеци).[44] Исто така станал само трет велосипедист, кој победил на Џиро и Вуелта во иста година, придружувајќи им се на Меркс (кој успеал во 1973) и Џовани Батаглин (во 1981).[17]
Подоцна истата година, Контадор ја добил наградата Златен велосипед (Вело д’Ор) за најдобар возач на годината, втора година по ред. Победникот на Џиро и Вуелта ги победил олимпискиот хронометарски првак Фабијан Канчелара и победникот на Тур Карлос Састре во бројот на гласови од меѓународните спортски новинари.[45]
Сезона 2009
На 9 септември 2008, седумкратниот победник на Тур де Франс Ленс Армстронг објавил дека ќе се врати во професионалниот велосипедизам со цел учество на Тур де Франс 2009.[46] Менаџерот на Астана Јохан Брујнел, поранешен ментор на Армстронг и спортски директор, изјавил дека не може да дозволи Армстронг да вози за друга екипа и подоцна потпишал со него. Објавата од Армстронг се судрила со амбициите на Контадор, кој инсистирал дека го заслужил водството на Астана и ја навестил можноста за напуштање на екипата, доколку му биде дадена второкласна улога за поддршка на Армстронг.[47] Подоцна, Контадор бил уверен од страна на Брујнел дека ќе остане водач на екипата и одлучил да остане во Астана за сезоната 2009.[48] Подоцна Контадор изјавил дека ситуацијата била премногу надуена од медиумите.[49] Контадор одлучил да го пропушти Џиро д’Италија 2009 и да се насочи кон победа на Тур де Франс.[50]
Контадор ја започнал неговата сезона 2009 на трката Волта ао Алгарве во Португалија, освојувајќи го генералниот пласман, завршувајќи втор на етапата 3 и победувајќи на одлучувачкиот поединечен хронометар од 33 километри.[51] Тој бил во ситуација да ја освои Париз-Ница повторно по освојувањето на прологот и најтешката планинска етапа, но доживеал пад во формата на етапата 7, губејќи ја жолтата маичка од сонародникот Луис Леон Санчес. Како причина за падот се навело неправилното распоредување на храната во текот на етапата, со што го оставило Контадор без енергија во клучните напади.[52] На крајот Контадор завршил четврт. Контадор продолжил да се подготвува за Тур де Франс со возење на Дофине Либере. Прикажал одличен резултат на воведниот хронометар и останал близу водачот на трката Кедел Еванс на подолгиот хронометар.[53] Меѓутоа, силното возење на сонародникот Алехандро Валверде на Мон Венту го оддалечило Контадор од генералниот пласман, со што потоа возел како поддршка на Валверде при преземањето на жолтата маичка, додека на крајот завршил на третото место.[54]
На 26 јуни 2009, Контадор се натпреварувал на шпанското национално хронометарско првенство. Изјавил дека настапил на трката со цел да стекне поголемо искуство на неговиот нов Трек велосипедизам, но заминал со голема победа над Луис Леон Санчес, бранителот на титулата, победувајќи го со 37 секунди предност. Ова бил првиот настап на националните првенства како професионалец.
Контадор ја освоил етапата 15 на Тур де Франс 2009 кога пристигнал на целта со повеќе од една минута предност пред останатите најблиски кандидати за генерален пласман и со тоа го презел водството во генералниот пласман и жолтата маичка.[55] Потоа го зголемил водството на етапата 17, откако завршил втор во бегството од тројца возачи со исто време како етапниот победник и потоа следниот ден го освоил вториот хронометар, зголемувајќи ја неговата предност на повеќе од четири минути.[56][57]
Контадор го освоил својот втор Тур де Франс на 26 јули 2009 со разлика од 4'11" во однос на Енди Шлек. Тој завршил 5'24" пред Ленс Армстронг, кој завршил трет по неговото враќање на Тур по четиригодишното отсуство.[58] Контадор ги освоил последните четири Гранд Тур трки на кои настапил. Во текот на прославата на подиумот, организаторите на трката погрешно ја пуштиле данската химна наместо Шпанскиот кралски марш.[59][60] По завршувањето на трката, Контадор и Армстронг влегле во војна на зборови, откако Контадор бил цитиран како вели дека, иако Армстронг „е голем возач и [..] имаше добра трка[, но] како личност [..] јас никогаш не му се восхитував и никогаш ни нема да му се восхитувам“, на што Армстронг одговорил дека „шампионот исто така се мери во почитта кон неговите колеги и соперници“.[61] Кавгата предизвикала другите, како директорот на Тур, да се запрашаат „што би било доколку Контадор и Армстронг се наоѓаат во различни екипи“.[61]
На 31 јули, агентот на Контадор (воедно и негов брат) објавил дека Контадор ја одбил понудата да остане во Астана со нов четиригодишен договор, бидејќи не се чувствувал удобно помеѓу казахстанските сопственици на екипата од една страна и Брујнел на друга страна и се надевал дека ќе ја напушти Астана до крајот на годината, иако неговиот договор истекувал на крајот на 2010.[62] Меѓутоа, на 11 август, колегата и блискиот пријател на Контадор Серхио Паулињо го прифатил двегодишниот договор со Тим РадиоШек, означувајќи дека Контадор нема да може да ја напушти Астана како што тој и неговиот агент посакувале.[63] Ова било потврдено на 15 август, кога гласноговорникот на казахстанските спонзори Астана изјавил дека тие планираат да останат како спонзор на екипата Астана до 2013 и дека планираат да ја спроведат и последната година од договорот на Контадор со Астана за 2010.[64]
Сезона 2010
На 21 февруари, Контадор ја освоил својата прва трка во сезоната, португалската Волта ао Алгарве, преку освојување на кралската етапа и завршувајќи втор на последниот хронометар.[65][66] Поради новите правила на UCI насочени кон хронометарските велосипеди, Контадор не го користел неговиот велосипед Шив, туку стандардниот хронометарски црвен велосипед Specialized.[67] На 14 март Контадор го освоил својот втор Париз-Ница, завршувајќи пред другите фаворити пред трката, како што се Алехандро Валверде и Луис Леон Санчес. Неговиот главен напад дошол на планинската завршница во Манд, кога ја поминал целта сам и успешно ја обезбедил жолтата маичка.[68] Исто така, Контадор настапил на Критериум Интернасионал каде завршил втор на последниот хронометар, само 2 секунди зад етапниот победник Дејвид Милар, додека Пјерик Федриго успешно ја одбранил жолтата маичка против соперниците, како што се Кедел Еванс и Самуел Санчес.
Контадор бил фаворит пред претстојниот Тур де Франс 2010, заедно со возачот на Тим Саксо Банк Енди Шлек. На етапата 15 Шлек бил водач на трката и имал одлично темпо преку последното искачување на етапата Порт де Бал, кога му отпаднал неговиот ланец. Контадор и Денис Мењшов веднаш отишле напред и нападнале, поставувајќи темпо на искачувањето и движејќи се надолу до Бањер де Лишон. Им се придружиле и Самуел Санчес и уште двајца возачи, правејќи група од пет возачи. Шлек ги ловел одзади, но немал ниеден возач да му помогне во намалување на разликата. На крајот на етапата ја загубил жолтата маичка и 39 секунди во однос на Контадор.[69] Контадор, кој сега имал водство од осум секунди на трката, се сретнал со различни реакции на доделувањето на жолтата маичка на крајот на етапата. Тоа бил невообичаен настан на трката, новиот водач на трката да биде пречекан со свирежи, кога му била доделувана жолтата маичка.[70] Промената на жолтата маичка направила голема разлика во остатокот од трката, бидејќи сега било на Шлек да го напаѓа Контадор.
Џејред Грубер, кој пишува за Velo Nation, сметал дека Контадор имал право да нападне, бранејќи го на основа на тоа дека Шлек не го чекал Контадор, кога тој бил попречен на калдрмата на третата етапа и изгубил 1' 13" зад Шлек, пад кој го чинел Шлек загуба на неговиот најдобар помошник, неговиот брат Френк Шлек. Но, падот бил на почетокот на трката и тогаш ниеден од возачите не ја носел жолтата маичка.[71] Коментаторот на трката Пол Шервен мислел дека нападот е лош потег, додека неговиот колега Фил Лигет не се согласил со него.[72] Шлек изјавил дека потегот на Контадор го смета за неспортски.[73] Часови по завршувањето на етапата, Контадор изразил извинување за неговото однесување на неговиот канал на YouTube.[74] Пет дена подоцна на хронометарот на етапата 19, Контадор го поразил Шлек повторно, одземајќи дополнителни 31 секунда од него. Контадор бил на чекор на победа на Тур де Франс по третпат со предност од 39 секунди пред Енди Шлек, истото време кој го добил од Шлек на етапата 15.[75] Контадор станал седмиот возач, кој го освоил Тур де Франс без победа на етапа.
Контадор потпишал двегодишен договор со Саксо Банк-СанГард за сезоната 2011, да вози со екипниот менаџер Бјарн Рис, кој открил дека би сакал Контадор да се обиде да ги освои сите три Гранд Тур трки во една сезона, подвиг кој никогаш претходно не бил достигнат. Агентот на Контадор (и негов брат) Фран подоцна изнел изјава велејќи дека тоа било „ништо друго туку само сон“. За две недели, три од шпанските колеги на Контадор потпишале со Саксо Банк: Есус Ернандес, Даниел Наваро и Бенхамин Новал.[76]
Сезона 2011
Сред контроверзијата со кленбутерол, Контадор ја заработил својата прва победа на Вуелта а Мурсија. Го освоил генералниот пласман, како и две етапи на патот кон неговата победа. Подоцна во март, Контадор настапил на Волта а Каталуња, каде ја освоил третата етапа на Валнорд, одржувајќи ја својата предност до крајот на трката.[77] Исто така победил на поединечниот хронометар на Вуелта а Кастиља и Леон.
Контадор настапил на Џиро д’Италија 2011, негово прво појавување на Џиро по неговата победа на 2008. Контадор ја освоил деветтата етапа на Етна, негова прва етапна победа на италијанската трка. Оваа етапа му го донело водството во генералниот пласман на Џиро, како и водство во бодовниот пласман. Исто така го освоил и планинскиот хронометар, долг 12,7 километри. На 29 мај, Контадор ја освоил трката по вторпат.[78][79] Покрај победата во генералниот пласман, Контадор исто така го освоил и бодовниот пласман и завршил втор во планинскиот.
И покрај фактот дека требало да се појави пред Арбитражниот суд за спорт во почетокот на август, Контадор објавил во почетокот на јуни дека ќе настапи на Тур де Франс 2011.[80] Судот планирал сослушување за случајот во почетокот на јуни, но тоа било одложено за во август.[81] Контадор сакал да стане првиот возач, кој победил на Џиро и Тур во иста година, откако Марко Пантани го постигнал тој подвиг во 1998.
На воведната етапа, Контадор бил забавен од пад и изгубил повеќе од една минута. Тој изгубил уште време на екипниот хронометар, но завршил втор на четвртата етапа. Контадор доживеал четири несреќи во првите девет дена на Тур, повредувајќи го своето десно колено пред клучните планински етапи на Пиринеите. Тој отпаднал во последниот километар на етапата до Луз Ардиден и завршил две секунди зад Енди Шлек на врвот на Плато де Бел.[82] На шеснаесеттата етапа до Гап, Контадор нападнал на подножјето на Кол де Манс, додека Кедел Еванс и Самуел Санчес му се придружиле со цел добивање временски разлики во однос на останатите фаворити за генералниот пласман, вклучувајќи повеќе од минута пред Енди Шлек.[83] Тој бил агресивен и на следната етапа до Пинероло, но не можел да се одвои од другите фаворити, освен Тома Веклер и Иван Басо. На етапата до Кол ди Галибје изгубил време во однос на другите фаворити, откако Енди Шлек започнал соло напад на шеесет километри пред крајот на етапата, а Контадор не можел да го следи темпото поставено од Кедел Еванс.[84] Контадор започнал ран напад на последната планинска етапа до Алп д’Ез, достигнувајќи го врвот на Галибје со Енди Шлек, но нивниот напор се покажал неуспешен и тие биле достигнати од остатокот од групата на долгиот спуст од планината. Контадор започнал уште еден напад на првите километри на Алп д’Ез, но на крајот бил поразен од Пјер Ролан, кој завршил прв на етапата, и Самуел Санчес како втор.[85] Контадор завршил петти во генералниот пласман, 3 минути и 57 секунди зад Кедел Еванс, завршувајќи ја низата од шест последователни победа на Гранд Тур трки.[86]
Сезона 2012
Контадор ја започнал неговата сезона, иако за случајот кленбутерол сè уште немал никаква пресуда. Завршил втор во генералниот пласман на Тур де Сан Луис и ги освоил двете етапи на нагорнина. Единствено бил побавен на хронометарот на трката. На 6 февруари му биле одземени овие резултати, како и победите на Тур де Франс 2010 и Џиро д’Италија 2011, како и други останати резултати. Исто така бил суспендиран до 5 август 2012 и неговиот договор со екипата Тим Саксо Банк бил раскинат.
На 8 јуни било објавено дека Контадор ќе се врати во Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк по завршувањето на неговата суспензија, потпишувајќи договор со кој се обврзува да остане во екипата до крајот на сезоната 2015.[15][16] По завршувањето на неговата суспензија, Контадор настапил на Енеко Тур 2012 како подготовка за Вуелта а Еспања, каде завршил четврти во генералниот пласман.[87] Потоа, Контадор бил именуван за водач на Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк за Вуелта а Еспања.[88] Контадор нападнал повеќепати на планините на првите шеснаесет етапи на трката, но без некој особен успех, бидејќи водачот на трката Хоаким Родригес секогаш го стигнувал и завршувал пред него. Ова го чинело многу бидејќи бонус секунди добивале првите тројца возачи на секоја етапа: дванаесет секунди за првиот, осум секунди за вториот и четири секунди за третиот.[89] Дури и на кралската етапа на трката, која завршувала на Суиту Негру и вклучувала делници со наклон поголем од 20% близу целта, Родригес ги достигнал повеќето напади на Контадор и го престигнал пред самата завршница.[90] Меѓутоа, неговата среќа се свртила на седумнаесеттата етапа; тој нападнал во вториот дел на етапата и сам се одвоил на последното искачување откако другиот член на бегството Паоло Тиралонго од Астана отпаднал.[91] Контадор ја освоил етапата со шест секунди предност пред првата група и го презел водството од Хоаким Родригес, кој сега доцнел повеќе од две минути во генералниот пласман.[91] Го одржал водството на трката во текот последната планинска етапа која водела до Бола дел Мондо, каде отпаднал од Родригес и Алехандро Валверде (Мовистар Тим), кој бил на второто место во генералниот пласман. Тој успеал да ги ограничи загубените секунди и го задржал водството на трката.[92] Следниот ден Контадор ја поминал целта во Мадрид со водечката црвена маичка на трката, заработувајќи ја втората победа на Вуелта во неговата кариера.[93]
Контадор настапил на Светските првенства во друмски велосипедизам одржани во Фалкенбург во дисциплините друмска трка и хронометар. Го зазел деветтото место во поединечниот хронометар, каде бил престигнат од крајниот победник Тони Мартин, кој започнал две минути зад него.[94] На друмската трка, Контадор возел како поддршка на неговите шпански сонародници[95] и завршил 53 секунди зад победникот, Белгиецот Филип Жилбер.[96] Неколку дена подоцна, Контадор заминал за Италија каде учествувал на возобновената трка, класикот Милано-Торино. Ја однел победата со забрзување на последното искачување на трката пред самата ознака за последен километар, каде отпаднале останатите возачи. За првпат во неговата кариера освоил еднодневна трка и ја посветил победата во чест на Виктор Кабедо, млад професионален велосипедист, кој починал во несреќа една недела претходно за време на тренинг.[97]
Сезона 2013
Во 2013, единствена победа на Контадор била етапата на Тур де Сан Луис во јануари. Оттогаш, неговата сезона не течела според планираното: иако завршил трет на Тирено-Адријатико бил болен во текот на трката. Ова ги попречило неговите подготовки за остатокот од сезоната. Контадор се вратил на Трката околу Баскија во април, но тоа било предоцна за оптимална состојба за Тур де Франс, каде не можел да се справи со Крис Фрум и завршил на четвртото место.[98]
По Тур, главниот спонзор Олег Тинков изразил критични коментари за стилот на возење на Контадор. На крајот на сезоната, Тинков ја купил екипата, но Контадор останал лојален на екипата.[99]
Сезона 2014
Првата цел во сезоната на Контадор била Волта ао Алгарве. Иако изгубил време од Михал Квјатковски откако Полјаци освоил две последователни етапни победи, Контадор ја покажал својата подобрена форма на трката, освојувајќи го третото место на втората етапа и четвртото на третата етапа (поединечен хронометар) пред да ја освои првата победа во сезоната на четвртата етапа. На етапата со завршница на нагорнина, Контадор нападнал на километар од целта и завршил сам, три секунди пред Руј Кошта.[100] На крајот завршил втор во генералниот пласман, 19 секунди зад Квјатковски.
Контадор забележал повеќе успеси во првата половина на сезоната 2014, завршувајќи втор на Волта ао Алгарве (каде ја освоил четвртата етапа), освојувајќи го Тирено-Адријатико (каде ги освоил етапите 4 и 5), завршувајќи втор на Волта а Каталуња и освојувајќи ја Трката околу Баскија (каде ја освоил првата етапа и ја носел жолтата маичка цело време).[101]
На десеттата етапа на Тур де Франс, Контадор паднал на спустот од Кол ди Плацервазел,[102] кршејќи ја својататибија. Откако возел уште 20 километри, на крајот ја напуштил трката.[103] Потоа, одлучил да вози на Вуелта а Еспања. По девет етапи возење, Контадор бил на три секунди зад предводникот во генерален пласман Наиро Кинатан. Кинтана рекол дека Контадор е „негов соперник број 1“.[104] Контадор го презел водството во генералниот пласман на следната етапа, поединечен хронометар. Ја освоил кралската етапа на трката, шеснаесеттата етапа, додавајќи им дополнително време на неговите најблиски конкуренти.[105] Контадор изгубил време во однос на Фрум на осумнаесеттата етапа и поради тоа Британецот се нашол на само една минута и 19 секунда зад него во генералниот пласман на три етапи пред крајот.[106] На последната планинска етапа, се одвоил од Фрум на 500 метри пред целта, освојувајќи уште една етапна победа.[107] Еден ден подоцна, по краткиот хронометар, Контадор бил крунисан за победник на третата Вуелта во неговата кариера.[108]
Во текот на Вуелта, Контадор најавил дека нема да настапи на Светските првенства во Понферада, велејќи дека патеката воопшто не соодветствува на неговите вештини.[109] Контадор настрадал од пад на Џиро ди Ломбардија, каде го повредил коленото кое го имал повредено на Тур де Франс истата година и со тоа ги изгубил сите шанси за победа на поединечниот пласман на Светската турнеја, одлучувајќи се да ја прескокне Трката околу Пекинг за подобро да се подготви за сезоната 2015.[110]
Сезона 2015
За 2015 година, Контадор објавил дека ќе се обиде да ги освои обете Џиро д’Италија и Тур де Франс, подвиг што не бил направен од 1998 година од страна на Марко Пантани.[111] Неговата прва трка била Вуелта а Андалусија во февруари. Го презел водството на трката по хронометарот на етапата 1б, завршувајќи четврти.[112] Контадор ја освоил третата етапа, завршница на нагорнина, со напад на 7,5 километри до целта.[113] Меѓутоа, ја изгубил водечката маичка на трката на следната етапа, уште една планинска завршница, каде вечниот соперник Крис Фрум ја освоил етапата и водството на трката.[114] Фрум не го предал водството и Контадор ја завршил трката на второто место. Во средината на март, Контадор завршил петти на Тирено-Адријатико, помагајќи му на колегата Петер Саган да ја освои шестата етапа со напад на искачувањето, отстранувајќи ги спринтерите во водечката група.[115] На крајот на март, Контадор го освоил четвртото место на Волта а Каталуња, каде имал тежок пад на претпоследната етапа. Контадор успеал да продолжи и да учествува на последната етапа, обезбедувајќи го пласманот во генералниот пласман.[116] На крајот на април и пред почетокот на Џиро д’Италија, Контадор открил дека бил спремен за големата трка. Неговите повреди здобиени на Волта а Каталуња биле излечени. Изјавил: „Јас сум добар, добрите тренинзи овде на Канарите се завршени и сега сум во фаза на закрепнување пред Џиро. Направив многу искачувања во последните три недели и сега ќе одморам пред следната недела“.[117]
На Џиро д’Италија, екипата на Контадор, Тинкоф-Саксо, имала добар настап на воведниот хронометар, завршувајќи втора зад Орика-ГринЕЏ. Добил шест секунди во однос на Фабио Ару, 12 секунди во однос на Ригоберто Уран и 20 секунди во однос на Ричи Порт.[118] Контадор ја презел розовата маичка на петтата етапа на завршница на нагорнина. Меѓутоа, следниот ден, Контадор го изместил своето рамо по пад на завршницата. Успеал да заврши, но повторно го изместил своето рамо пред појавувањето на подиумот.[119] И покрај тоа, Контадор успеал да продолжи на трката и да ја задржи розовата маичка. Меѓутоа, на тринаесеттата етапа, на она што се сметало за „лесен ден“, Контадор паднал во поголем пад на 3,2 километри од целта. Поради ова, Контадор ја поминал целта 42 секунди зад победниците и неговиот главен соперник, Фабио Ару, со што ја изгубил розовата маичка.[120] Меѓутоа, следниот ден, на хронометарот од 59,3 километри, Контадор ја презел повторно розовата маичка и создал значителна разлика од остатокот на групата.[121][122] На шеснаесеттата етапа, Контадор имал механички проблем при спуст и другите екипи, вклучувајќи и Астана, се обиделе да ја искористат предноста. Сепак, Контадор го стигнал Ару и освоил уште две минути во однос на неговиот соперник додека Микел Ланда станал второпласиран во генералниот пласман.[123] На дваесеттата етапа, Контадор изгубил време од обајцата, Ару и Ланда, но ја задржал розовата маичка. На крајот, ја освоил трката со 1 минута и 53 секунди пред Ару.[124] И покрај што му била одземена титулата во 2011 година поради суспензијата од допинг, Контадор инсистирал дека му била трета победа на Џиро, вклучувајќи ја и трката во 2011 година.[125] Со неговата втора официјална победа на Џиро, заедно со двете победи на Тур де Франс и трите победи на Вуелта а Еспања, Контадор му се приклучил на Бернар Ино како единствен велосипедист кој има повеќекратни победи на секоја од трите големи трки.[126]
Како подготовка за Тур, Контадор избрал да вози на четиридневната Рут ди Сид, каде ја освоил кралската етапа и крајниот пласман. Негов главен соперник бил Наиро Кинтана, возач со кој ќе се натпреварува и на Тур де Франс.[127]
Контадор имал добар почеток во првата недела на трката. И покрај губењето на малку време од Крис Фрум на екипниот хронометар, добил време во однос на соперниците како Нибали и Кинтана, кои изгубиле време на втората етапа. Сепак, имал проблеми на првата завршница на нагорнина, губејќи три минути во однос на етапниот победник, Крис Фрум, со што ги загрозил шансите за победа. И покрај овие проблеми, се подобрил на следните две етапи на Пиринеите, останувајќи во контакт со неговите соперници, останувајќи на шестото место во генералниот пласман. Неговите шанси избледеле по падот на спустот на седумнаесеттата етапа. И покрај напорите на завршното искачување, изгубил две минути во однос на Фрум и Кинтана. Не успеал да закрепне од падот на седумнаесеттата етапа и не успеал да се израмни со соперниците на последните две планински етапи. Контадор ја завршил трката на петтото место, 9 минути и 48 секунди зад победникот Крис Фрум.[128] Иако не успеал да ја постигне двојната победа на крајот, Контадор не жалел за овој обид. „Вистина е дека постојат возачи кои сонуваат да завршат петти. За мене, тоа не беше цел, но мило ми е што се обидов. Ако не се обидев, тогаш по мојата кариера ќе замислував, дали сум можел да го направам Џиро-Тур и сега знам. Не мислам дека е невозможно да се направи двојната победа, но е навистина сложено, бидејќи никој нема искуство како да се подготвиш. Меѓутоа, претпочитам да се обидеш отколку да останеш со желбата“.
По Тур, Контадор планирал да настапи на Класика де Сан Себастијан, но морал да се откаже поради болест, завршувајќи ја сезоната за 2015 година.
Сезона 2016
Во март 2015 година, Контадор потпишал продолжување на договорот со неговата екипа, Тинкоф, но истовремено објавил и дека сезоната 2016 ќе биде негова последна во професионалниот велосипедизам.[129] Како прва трка во сезоната му била Волта ао Алгарве, каде завршил трет и ја освоил завршната етапа на трката.[130] Заминал да го одбрани второто место на Париз-Ница, каде го нападнал предводникот на трката Герајнт Томас на 50 километри пред целта и повторно на завршното искачување Кол д’Ез пред Томас да го достигне на последниот спуст до целта,[131] и на Волта а Каталуња,[132] пред да го освои генералниот пласман и хронометарот на шестата етапа на Трката околу Баскија, подоцна изјавувајќи за печатот дека ќе го одложи своето повлекување за уште една година.[133]
Контадор имал тежок почеток на Тур де Франс, со падови на воведните етапи и губејќи време од неговите соперници. Бил на 20. место во генералниот пласман и недостиг од 3 минути и 12 секунди зад предводникот Крис Фрум пред деветтата етапа, каде се обидел да направи бегство на почетокот на денот, но се откажал од трката, наведувајќи треска.[134]
Во текот на Тур де Франс 2016 било наведено дека Контадор ќе вози за Трек-Сегафредо за сезоната 2017,[137] додека договорот бил потврден од екипата во септември, заедно со трансфер на колегата Хесус Ернандес и спортскиот директор на Тинкоф, Стевен де Јонг.[136] Ова ќе биде негова последна сезона како професионален велосипедист.
Во февруари, Контадор ја започнал сезоната со победа на Вуелта а Андалусија, една секунда пред возачот на Мовистар Тим, Алехандро Валверде.
Во март, Контадор ја пропуштил победата на Париз-Ница од Тим Скај со тесна разлика втора година по ред откако Серхио Енао успеал да направи напад на последниот ден за победа на трката за само две секунди.[138] Подоцна во месецот, Контадор завршил втор на Волта а Каталуња, 63 секунди зад Валверде. Во април, Контадор завршил втор на Трката околу Баскија, повторно зад Валверде.
Во јули, Контадор возел на Тур де Франс по последен пат, но не успеал да се бори за победа, завршувајќи како деветти, 8 минути и 49 секунди зад победникот, Крис Фрум.
Во август, Контадор возел на Вуелта а Еспања, која била негова последна професионална трка. Возел агресивно за етапна победа, освојувајќи ја наградата за борбеност на неговата последна голема трка, како и една планинска етапа.
Обвинувања за допинг
Операција Пуерто
Откако биле објавени конечните списоци за Тур де Франс 2006, на Контадор и на пет други членови на екипата Астана-Вирт им било забрането да настапат на трката поради објавени врски со допинг случајот Операција Пуерто. Контадор и четири други членови на неговата тогашна екипа, ONCE, на крајот биле ослободени од сите обвиненија на 26 јули 2006 од шпанските судови и подоцна двајца од петтемина (вклучувајќи го и Контадор) биле прогласени за чисти и од UCI.[24] Секој добил писмен документ потпишан од Мануел Санчес Мартин, секретар на шпанскиот суд, во кој се велело дека „не постојат никакви обвиненија против нив, ниту пак е поведена каква било правна постапка против нив“.[139]
Во мај 2006 бил објавен документ поврзан со истрагата (Documento 31). Во него, иницијалите на Контадор (A.C.) биле поврзани со рачно напишана белешка, „Nada o igual a J.J.“ (шпански: „Ништо или како Ј.Ј.“). Ј.Ј. биле иницијали за Јерг Јакше, кој подоцна признал дека е виновен за допинг, подготвен од шпанскиот доктор Еуфеманио Фуентес во 2005.[140][141] Контадор бил испрашан во декември 2006 од назначениот судија за случајот Пуерто. Возачот кај судијата Антонио Серано изјавил дека не се знаел лично со Еуфеманио Фуентес.[142] Според францускиот дневен весник Le Monde, тој одбил да биде подложен на ДНК-тестирање, кои би докажало дали земал или не земал од крвта пронајдена во текот на истрагата.[143]
На 28 јули 2007, Le Monde, цитирајќи документ од истрагата до кој имале пристап, изјавиле дека името на Контадор се појавувало во неколку документи пронајдени во текот на Операцијата Пуерто.[144] Второто упатување вклучувало иницијали на имиња на возачи кои се појавувале во документ за тренинг, иако никој од овие два документи не можел да биде поврзан со допинг.[145]
На 30 јули 2007, германскиот експерт за допинг Вернер Франке го обвинил Контадор дека земал лекови во минатото и дека бил подложен на допинг режимот на Фуентес, кој бил поврзан со Операцијата Пуерто.[146][147] Ги поднел неговите обвинувања на германските власти на 31 јули 2007.[148] Контадор ги одбил обвинувањата, велејќи „Јас бев во погрешна екипа во погрешно време и некако моето име се нашло помеѓу тие документи“.[148] На 10 август, Контадор јавно објавил дека е чист возач во врска со обвинувањата и неговото поврзување со Операцијата Пуерто.[149]
Искачување Вербје 2009
Во текот на Тур де Франс 2009, поранешниот првак на Тур Грег Лемонд напишал колумна за Ле Монд (Le Monde) во која истакнал дека времето на Контадор на Вербје било најбрзото искачување во историјата на трката, за што тврдел дека требало поголемо количество на кислород од вообичаеното и дека тоа потребно количество „никогаш не било постигнато од некој спортист во кој било друг спорт“ и побарал од Контадор да докаже дека бил способен за такви аеробни вештини „без употреба на какви било производи за подобрување на резултатот“.[150] Подоцна во текот на денот, на конференција за печат Контадор одбил да одговори на прашања поврзани со статијата.[151] Други експерти, пак, не се согласувале со пресметките во статијата на Лемонд, кои биле направени од францускиот лекар и професор Антоан Вајер, кој бил тренер на велосипедската екипа Фестина до аферата во 1998.[152] Двајца лекари тврделе дека Вајер ги преувеличил бројките за потребното ниво на кислород и дека потребното ниво на Контадор, иако е „доста високо“, „не е толку високо да би можело да се постигне само преку допинг“.[153][154] Третиот, кој забележал дека Вајер е водечки експерт во полето и дека „повеќе од кој било друг знае за самите искачувања“, повторно ги довел во сомнеж тврдењата на Вајер.[155]
Тур де Франс 2010
Во септември 2010, Контадор објавил дека примерокот со урина даден на 21 јули, денот за одмор на Тур де Франс 2010, содржел траги од кленбутерол. Тој изјавил, поради големиот број на тестови кои ги поминал и поради малата количина на супстанцата откриена во примерокот, дека најверојатно дошло до контаминација на храната.[156] Додавајќи тежина на објаснувањето, антидопинг докторот Дон Катлин изјавил дека во додатоците за храна, кленбутерол е еден од почестите. Меѓутоа, кога го прашале дали било можно Контадор да има позитивен тест преку контаминација, Катлин изјавил „без да знам колку е нивото на супстанцата во примерокот, не би можел ништо да кажам“.[157] Контадор изјавил дека е жртва[158][159] и дека може „да ја држи главата високо“, како и дека не треба да биде казнет.[160] Неколку луѓе поврзани со спортот го бранеле Контадор велејќи дека е мала корисноста од дрогата во количините кои биле откриени и дека никој намерно не би користел супстанца, која толку лесно се открива.[161][162][163]
Сепак, имало одреден скептицизам во тврдењето на Контадор дека виновно е контаминираното месо. Во 2008 и 2009, само еден животински примерок бил позитивен на кленбутерол од 83.203 животински примероци тестирани во земјите членки на ЕУ. Во над 19.431 животински тест во Шпанија во истиот период, немало ниеден позитивен тест на кленбутерол.[164] Примерокот на урина на Контадор, земена на денот пред позитивниот примерок, било соопштено дека содржи пластични остатоци кои укажуваа на можен допинг на крвта,[165] но тестот не бил признаен од Светската антидопинг агенција, па затоа не биле покренати обвиненија. Кружела теорија дека допингот на крвта можел да ги намали трагите, доколку кленбутерол бил внесен преку веќе контаминирана крв, наместо голтање или вбризгување.[166]
UCI издала соопштение во кое се вели дека концентрацијата била 50 пикограми по милилитар и дека тоа било 400 пати помалку од минималните стандарди за откривање барани од Светската антидопинг агенција (WADA) и дека била побарана понатамошна научна анализа. Контадор бил првично суспендиран од натпреварување, иако ова немало краткорочен ефект, бидејќи тој веќе го завршил тркањето за сезоната 2010.[167][168][169] Контадор бил информиран за резултатите еден месец претходно, на 24 август.[170] Подоцна количината откриена во примерокот било објавено дека била 40 пати подолу од минималните стандарди, наместо првично објавените 400 пати од UCI. Научниот советник на Контадор тврдел дека била потребна 180 пати поголема количина од откриената за некаква корист во неговите резултати.[171]
На крајот на јануари 2011, Шпанската велосипедистичка федерација (RFEC) предложила едногодишна суспензија, но потоа била прифатена жалбата на Контадор и бил ослободен од сите обвинувања. Контадор се вратил на тркање во февруари на трката Волта ао Алгарве, каде победил во 2009 и 2010. UCI и Светската антидопинг агенција ја обжалиле одлуката на RFEC до Арбитражниот суд за спорт во март 2011, но Контадор останал слободен да настапува на трките додека CAS не закаже сослушување.[172] Сослушувањето на CAS било првично закажана за јуни, но по барање на правниот тим на Контадор, било преместено за август, една недела по Тур де Франс 2011,[81] и подоцна повторно одложено до ноември 2011,[173] додека одлуката била донесена во 2012. Одлуката на 6 февруари 2012 била дека Контадор ја губи титулата на Тур де Франс 2010 и сите резултати по таа трка, вклучувајќи ја победата на Џиро д’Италија 2011 и петтото место на Тур де Франс 2011, биле поништени и бил суспендиран до август 2012.[4] Следниот ден, на конференција за печатот, неговиот договор со екипата Тим Саксо Банк бил раскинат.[2]
↑Веркулен, Паул (28 јули 2007). „A time trial showdown to rival 1989?“. Cyclingnews. Посетено на 19 мај 2009. На патеката како оваа, Еванс и Лајпхајмер обично би биле многу подобри отколку специјалистот за искачување Контадор
↑Haake, Bjorn (14 март 2009). „Sánchez topples Contador“. Cyclingnews. Архивирано од изворникот 2009-06-24. Посетено на 18 мај 2009. He said he had a hunger knock in the finale and could not answer the attack of Sánchez.
For other uses, see Uster (disambiguation). This article uses bare URLs, which are uninformative and vulnerable to link rot. Please consider converting them to full citations to ensure the article remains verifiable and maintains a consistent citation style. Several templates and tools are available to assist in formatting, such as reFill (documentation) and Citation bot (documentation). (August 2022) (Learn how and when to remove this template message) Municipality in Zürich, SwitzerlandUst...
Artikel ini adalah bagian dari seri:Sejarah permainan video Umum Masa keemasan permainan video arcade Sejarah permainan video Kelesuan permainan video di Amerika Utara 1983 Konsol Generasi pertama (1972–1977) Generasi kedua (1976–1984) Generasi ketiga (1983–1992) Generasi keempat (1987–1996) Generasi kelima (1993–2006) Generasi keenam (1998–) Generasi ketujuh (2005–) Generasi kedelapan (2012–) Ragam Sejarah permainan peran daring multipemain masif Sejarah permainan daring Seja...
Private liberal arts college in Colorado Springs, Colorado, United States This article is about the private institution in Colorado Springs, Colorado. For the public university, see University of Colorado System. Colorado CollegeMottoScientia et Disciplina (Latin)Motto in EnglishKnowledge and TrainingTypePrivate liberal arts collegeEstablished1874; 149 years ago (1874)AccreditationHigher Learning CommissionEndowment$822 million (2022)[1]PresidentSong RichardsonU...
Part of the 1985 Irish local elections 1985 Dublin County Council election (Dublin–Belgard) ← 1979 20 June 1985 1991 → 26 seats to the electoral county of Dublin–Belgard within Dublin County Council Map showing the area of Dublin–Belgard An election to the electoral county of Dublin–Belgard within Dublin County to Dublin County Council took place on 20 June 1985 as part of that year's Irish local elections. Councillors were elected from local electoral areas on t...
قرية الأحزوق - قرية - تقسيم إداري البلد اليمن المحافظة محافظة صنعاء المديرية مديرية بني حشيش العزلة عزلة الشرفة السكان التعداد السكاني 2004 السكان 330 • الذكور 155 • الإناث 175 • عدد الأسر 44 • عدد المساكن 54 معلومات أخرى التوقيت توقيت اليمن (+3 غرينيت...
روبين رايت (بالإنجليزية: Robin Wright) روبين رايت في عام 2017 معلومات شخصية اسم الولادة روبين غايل رايت الميلاد 8 أبريل 1966 (العمر 57 سنة)دالاس، تكساس، الولايات المتحدة الجنسية الولايات المتحدة أسماء أخرى روبين رايت بن. الطول 1.68 متر الزوج شون بن (1996-2010) العشير جايسون باتريك ا
1953 film by Jean Gehret The Lottery of HappinessDirected byJean GehretWritten byJean FerryAnne UmmelStarringYves DeniaudSuzanne DehellyAnnette PoivreCinematographyAndré ThomasEdited byIsabelle ElmanMusic byPaul BonneauProductioncompanyFilms MontmorencyDistributed byLes Films Fernand RiversRelease date15 February 1953Running time90 minutesCountryFranceLanguageFrench The Lottery of Happiness (French: La loterie du bonheur) is a 1953 French comedy film directed by Jean Gehret and starring Yves...
For the American banker, see Arthur T. Roth. American long-distance runner Arthur Vincent Roth (December 4, 1891 – October 10, 1950)[nb 1] was an American long-distance runner who won the 1916 Boston Marathon and competed in the men's marathon at the 1920 Summer Olympics.[4] Roth was born in Dorchester, Massachusetts.[5] In 1912 and 1913, he competed primarily in 10-mile road races.[5] Roth competed in the 1913 New York Evening Mail Modified Marathon and ...
Christian Seminary in Kentucky, United States This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Louisville Presbyterian Theological Seminary – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (October 2022) (Learn how and when to remove this template message) Louisville Presbyterian Theological SeminaryFormer nameP...
Sign language used in North Macedonia Macedonian Sign LanguageМакедонски знаковен јазикNative toRepublic of North MacedoniaNative speakers6,000 have requested signed news on television[1]Language familyunknownLanguage codesISO 639-3None (mis)GlottologNone Macedonian Sign Language (Macedonian: македонски знаковен јазик, romanized: makedonski znakoven jazik or македонски гестовен јазик, makedonski gestoven ja...
Microstate in the Alps For other uses, see Lichtenstein (disambiguation). Principality of LiechtensteinFürstentum Liechtenstein (German) Flag Coat of arms Motto: Für Gott, Fürst und VaterlandFor God, Prince and FatherlandAnthem: Oben am jungen Rhein(English: High on the Young Rhine)Location of Liechtenstein (green)in Europe (agate grey) – [Legend]CapitalVaduzLargest municipalitySchaan47°10′00″N 9°30′35″E / 47.166...
Constituency of the Madhya Pradesh legislative assembly in India KurwaiConstituency for the Madhya Pradesh Legislative AssemblyConstituency detailsCountryIndiaRegionCentral IndiaStateMadhya PradeshDistrictVidishaLS constituencySagarEstablished1957ReservationSCMember of Legislative Assembly16th Madhya Pradesh Legislative AssemblyIncumbent Hari Singh Sapre PartyBharatiya Janata Party Kurwai Assembly constituency is one of the 230 Vidhan Sabha (Legislative Assembly) constituencies of Madhya Prad...
У Вікіпедії є статті про інших людей із прізвищем Лук'яненко. Левко Григорович Лукяненко Левко Григорович ЛукяненкоГолова Комісії при Президентові України у питаннях помилування 29 квітня 2005 — 7 липня 2018Президент Віктор Ющенко1-й Надзвичайний і Повноважний Посол У...
Indonesian-Australian badminton player (born 1995) Badminton playerSetyana MapasaMapasa in 2016Personal informationBirth nameSetyana Daniella Florensia MapasaCountryIndonesia (–2013)Australia (2014–present)Born (1995-08-15) 15 August 1995 (age 28)[1]Kawangkoan, Minahasa, IndonesiaResidenceSydney, AustraliaHeight1.66 m (5 ft 5 in)Weight60 kg (132 lb)HandednessLeftWomen's & mixed doublesHighest ranking18 (WD with Gronya Somerville 23 February 2...
Ambassade de Suède en Finlande Suède Finlande L'Ambassade de Suède7,Pohjoisesplanadi Lieu Helsinki Coordonnées 60° 10′ 05,2″ nord, 24° 57′ 15,5″ est Site web site Géolocalisation sur la carte : Helsinki Ambassade de Suède en Finlande Géolocalisation sur la carte : Finlande Ambassade de Suède en Finlande Voir aussi : Ambassade de Finlande en Suède modifier Helsinki vue du port, au fond la Cathédrale luthérienne, à l'avant...
Group of centrally located Indian states This article is about a region in North India. For the Indian Agency (a type of subdivision) that existed between 1854 and 1947, see Central India Agency. Central India region consists of Madhya Pradesh and Chhattisgarh Central India is a loosely defined geographical region of India. There is no clear official definition and various ones may be used. One common definition consists of the states of Chhattisgarh and Madhya Pradesh,[1] which are i...
Grand Prix F1 Brasil 2001 merupakan balapan Formula 1 pada 1 April 2001 di Autodromo Jose Carlos Pace. Lomba Pos No Pembalap Tim Lap Waktu/Tersingkir Grid Poin 1 4 David Coulthard McLaren-Mercedes 71 1'39:01.1 5 10 2 1 Michael Schumacher Ferrari 71 +16.164 1 6 3 16 Nick Heidfeld Sauber-Petronas 70 +1 Lap 9 4 4 9 Olivier Panis BAR-Honda 70 +1 Lap 11 3 5 12 Jarno Trulli Jordan-Honda 70 +1 Lap 7 2 6 7 Giancarlo Fisichella Benetton-Renault 70 +1 Lap 18 1 7 10 Jacques Villeneuve BAR-Honda 70 +1 La...
Japanese professional wrestler Momo WatanabeWatanabe in March 2022Born (2000-03-22) March 22, 2000 (age 23)Sagamihara, KanagawaProfessional wrestling careerRing name(s) Black Fuzzy Peach Fuzzy Peach Momo Watanabe Billed height156 cm (5 ft 1 in)Billed weight55 kg (121 lb)Trained byFuka[1]DebutNovember 16, 2014[2] Momo Watanabe (渡辺桃, Watanabe Momo) (born March 22, 2000)[3] is a Japanese professional wrestler. She is currently signed to...
Overview of transport in Switzerland The Swiss railway network The Swiss road network Switzerland has a dense network of roads and railways. The Swiss public transport network has a total length of 24,500 kilometres and has more than 2600 stations and stops. The crossing of the Alps is an important route for European transportation, as the Alps separate Northern Europe from Southern Europe. Alpine railway routes began in 1882 with the Gotthard Railway with its central Gotthard Rail Tunnel, fo...