Трката била освоена на завршната етапа од данскиот возач Јакоб Фуглсанг, кој вози за екипата Астана.[3] На последната етапа доцнел 75 секунди зад предводникот Ричи Порт (Ванти-Груп Гобер), Фуглсанг нападнал заедно со возачот на Аг2р-Ла Мондијал, Ромен Барде, и возачот на Квик-Степ Флорс, Даниел Мартин на Кол де ла Коломбје, околу 35 километри од завршницата. ПОдоцна биле достигнати пред завршното искачување; Фуглсанг и Мартин повторно се одвоиле на искачувањето, а нешто подоцна Фуглсанг продолжил сам. Фуглсанг останал сам до целта, освојувајќи ја втората етапа на трката за 12 секунди во однос на Мартин. Порт, на крајот, завршил како седми на етапата, 75 секунди зад Фуглсанг; меѓутоа, со бонус секундите на трката, Фуглсанг ја освоил трката со десет секунди предност пред Порт, прва победа за Данска на трката.[4] Мартин завршил како трет на трката, шесте секунди бонус му донеле предност од една секунда пред Крис Фрум (Тим Скај).
На другите пласмани на трката, возачот на ФДЖ, Арно Демар, го освоил бодовниот пласман, додека возачот на Лото НЛ-Џамбо, Кун Бауман, го освоил планинскиот пласман, освојувајќи ги втората и третата етапа, соодветно. Возачот на Бора-Хансгрое, Емануел Бухман, го освоил пласманот за млад возач, додека Аг2р-Ла Мондијал го освоиле екипниот пласман.
Екипи
Бидејќи Критериум ди Дофине е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] Биле поканети и 4 професионални континентални екипи на трката.
На Критериум ди Дофине 2017 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка со сина лента. Временски бонуси биле доделувани на првите тројца на сите етапи освен на поединечниот хронометар: етапниот победник добивал 10 секунди, додека вториот и третиот добивале шест и четири секунди, соодветно. Овој пласман бил сметан за најважен на Критериум ди Дофине 2017 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.[6]
Бодови за бодовниот пласман
Место
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
етапи 1–3 & 5
25
22
20
18
16
14
12
10
8
6
етапи 4, 6–8
15
12
10
8
6
5
4
3
2
1
Дополнително, постоел бодовен пласман наградуван со зелена маичка.[6] За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови за завршување во првите десет на етапа. На сите етапи, победата носела 15 бода, второто место носело 12 бода, третото 10, четвртото 8, петтото 6 и еден помалку за секое место надолу сè до еден бод за 10. место. Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 5 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.[6]
Бодови за планинскиот пласман
Категорија
1.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
10.
Екстра
15
12
10
8
6
5
4
3
2
1
Прва
10
8
6
4
2
1
Втора
5
3
2
1
Трета
2
1
Четврта
1
Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со бело-црвена точкеста маичка.[6] За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории. Искачувањата од екстра категорија носеле најмногу бода, 20 за првиот возач преку врвот; првите десет возачи на искачувањата од екстра категорија добивале бодови за планинскиот пласман, првите осум за оние од прва категорија и првите шест за оние од втора категорија.[6] Помалку бодови се добивале на помалите искачувања, обележани со трета или четврта категорија.[6]
Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, наградуван со бела маичка.[6] Пласманот бил пресметуван на истиот начин како генералниот пласман, но тука се натпреварувале само возачите родени по 1 јануари 1992. Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.[6]
↑ 1,01,1На втората етапа, Аксел Домон, кој бил втор во бодовниот и планинскиот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Томас де Гент (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман. Анхел Мадразо, кој бил трет во планинскиот пласман, ја носел точкестата црвено-бела маичка како последица на тоа.
↑На етапите 3-5, Кун Бауман, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел црвено-белата точкеста маичка, бидејќи Томас де Гент (на првото место) ја носел сино-жолтата маичка како предводник на генералниот пласман.