Дамијано Кунего (италијански: Damiano Cunego; р. 19 септември 1981 во Черо Веронезе, Венето) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за италијанската професионална континентална екипа Нипо-Вини Фантини-Фезане.[1] Негови најголеми победи се Џиро д’Италија 2004, Амстел Голд Рејс 2008 и Џиро ди Ломбардија во 2004, 2007, 2008. Тој завршил втор на Светските друмски првенства во 2008 и на UCI ProTour 2008. Првенствено специјалист за искачување, тој ги подобри неговите хронометарски способности и се одликува со големи спринтерски можности, необично за еден искачувач.
Кариера
Кунего започнал со велосипедизмот како тинејџер, откако имал успешни настапи во крос-кантри.[2] Тој бил откриен од Џузепе Мартинели, кој исто така работел со Марко Пантани.[3] Кунего станал професионалец во 2002 на возраст од 20 години, со Саеко Машине пер Кафе-Лонгони Спорт. Кунего ги освоил Џиро д’Оро и Џиро Медио Брента во неговата прва сезона како професионалец со Саеко во 2002. Во 2003, ја освоил седмата етапа и генералниот пласман на Трката околу езерото Кингај.[4]
Станал познат во мај 2004, освојувајќи ја Џиро д’Италија на возраст од 22 години со Саеко Машине пер Кафе, кој подоцна станал Лампре-Кафита во 2005. Силата на Кунего дошла како удар за неговиот капетан Џилберто Симони. Односите помеѓу двајцата во текот на трката биле заладени, кога Кунего го отспринтал Симони за победа на 18. етапа по соло-бегството на Симони. Ла Газета дело Спорт објавила дека кога Симони бил поминат од Кунего, кој бил опкружен од новинарите, Симони го покажал неговиот прст кон 22-годишниот носител на розовата маичка и луто кажал „Ти си копиле...ти си навистина глуп“.[5]
Во текот на 2004, тој ја освоил Џиро ди Ломбардија во октомври, неговата 13. победа во сезоната. Тој ја завршил првата сезона во Светскиот друмски куп како прв, најмлад возач кој успеал во тоа, на возраст од 23. Исто така, тој бил последниот возач рангиран како прв на Светскиот ранкинг, бидејќи од 2005 ова било заменето со UCI ProTour.
На Џиро д’Италија 2005, Симони и Кунего, двајцата биле предводници на Лампре-Кафита. Кунего не претставувал закана за Симони. Тој отпаднал во текот на првото искачување на Доломитите, губејќи шест минути на етапата и воедно секоја шанса за победа. Во тоа време, неговата екипа загубата ја објаснила како последица на „психолошка криза“, додека Кунего изјавил „голема тежина е симната од мене со овој пораз“. По трката, тој открил дека го има Епстајн-Бар вирусот. Не се натпреварувал на Тур де Франс 2005.
Во 2006, Кунего завршил трет на Лиеж-Бастон-Лиеж губејќи од Алехандро Валверде и Паоло Бетини во спринтерската завршница. На Тур де Франс 2006 Кунего бил најдобриот млад возач. Тој завршил втор на етапата 15 на Алп д’Ез, откако изгубил од Френк Шлек, кој се одвоил во последните 2 километри. Исто така, завршил трет на етапата 17.
Во 2007, Кунего повторно го освоил Џиро дел Трентино и неговиот втор Џиро ди Ломбардија.
Во 2008, ги освоил Класика Примавера и Амстел Голд Рејс,[6] каде се борел со двајца силни спринтери Алехандро Валверде и Френк Шлек; со победата на Амстел Голд се искачил на врвот во пласманот на UCI Pro Tour,[6] и исто така завршил втор на Светското друмско првенство 2008.[7] Тој бил сметан за еден од победниците на Тур де Франс 2008, но не успеал во тоа и отпаднал од трката за победник на крајот на трката. До крајот на годината, Кунего ја освоил по третпат Џиро ди Ломбардија и потоа ја завршил сезоната со победа во Јапонскиот куп, потврдувајќи се себеси како еден од најдобрите специјалисти за класици во светот.
Во 2009, ја освоил Копи е Бартали преку две етапни победи; подоцна освоил и две планински етапи на Вуелта а Еспања станувајќи фаворит на Светското првенство, каде завршил осми.
Во јули 2013, тој бил еден од 27. поранешни возачи и службеници поврзани со екипата Лампре-Мерида кои се обвинети за допинг во италијански суд, чие судење било закажано за 10 декември 2013 година.[8]
Во октомври 2014 година било објавено дека Кунего ќе го напушти Лампре-Мерида и во 2015 година ќе вози за Вини Фантини-Нипо.[1]
Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
|
---|
|
- 1915–18 Прва светска војна
- 1941–45 Втора светска војна
| | *На ова издание на Џиро се натпреварувале само екипи, без индивидуален пласман |
|