Иван Сантаромита (италијански: Ivan Santaromita; р. 30 април 1984 во Варезе) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континенталната екипа Нипо-Вини Фантини-Фезане.[1]
Кариера
Станал професионалец со Квик Степ-Инерџетик во 2006, пред да се префрли во Ликвигас во 2008. Во 2010 ја освоил првата значајна победа како професионалец на Сетимана Интернационале Копи е Бартали, доминирајќи на етапната трка, освојувајќи ја со повеќе од една и пол минута предност пред Пшемислав Њемјец.[2]
Во 2013, Сантаромита ја освоил третата етапа на Џиро дел Трентино. Стигнал до целта со Микеле Скарпони и Паоло Тиралонго и триото било остаток од раното бегство. Сантаромита го претекнал двоецот за прва негова победа од 2010.[3] Сантаромита го напуштил Аксент Џобс-Ванти[4] на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на Орика-ГринЕЏ за сезоната 2014.[5]
Во 2014 година, Сантаромита бил првиот возач кој се повлекол од Вуелта а Еспања на седмата етапа откако скршил прст при пад.[6]
Во 2015 година завршил на шестото место во генералниот пласман на Трката околу Норвешка.[7]
Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски