Тор Хушовд (норвешки: Thor Hushovd; р. 18 јануари1978) — поранешен норвешки професионален друмски велосипедист, кој се натпреварувал од 2000 година до 2014 година. Познат бил во спринтот и хронометарските трки; Хушовд бил трикратен национален друмски првак (2004, 2010, 2013) и победник на Светското друмско првенство во 2010 година. Тој бил првиот Норвежанец, кој водел на Тур де Франс и првиот Скандинавец, кој победил на друмската трка во велосипедизам на Светското друмско првенство. Исто така, тој е Скандинавец со најмногу етапни победи на големите трки. Тој е сметан како најголем норвешки велосипедист на сите времиња. Се повлекол од велосипедизмот во септември 2014 година.[1]
Личен живот
Хушовд моментално престојува во Монте Карло,[2][3] со неговата жена Сузана,[4] и нивната ќерка Изабела (р. 2009).[5] Меѓутоа, семејството поседува и куќа во Гримстад, Норвешка.[6]
„
„Кога ќе се преселиш во место каде не треба да плаќаш данок на приход, нема потреба да криеш дека тоа многу значи. Но, не е само поради даноците... туки и поради динамичните друштвени настани и исправно“.
“
Кариера
Хушовд станал светски хронометарски првак за под 23 години и ги освоил верзиите на Париз-Рубе и Париз-Тур за под 23 години пред што станал професионалец во 1998. Тој бил норвешки шампион во хронометар во 2004 и 2005 и друмски првак во 2004 и 2010. Во 2006, тој освоил седум UCI ProTour-трки и две етапи на Тур де Франс. Тој го освоил прологот во Стразбур и водел по првиот ден и покрај исеченицата на раката. Тој продолжил со шавови и повторно ја стекнал жолтата маичка по втората етапа со третото место. Тој ја освоил последната етапа, победувајќи го Роби Мекјуан во спринт. На Вуелта а Еспања 2006 тој ја освоил шестата етапа, ја облекол златната маичка на три етапа и победил во бодовниот пласман.
На Тур де Франс 2008, Хушовд ја освоил втората етапа во масовен спринт во завршницата.[7]
2009
Во 2009, Хушовд возел за Сервело ТестТим.[8] Тој ја освоил првата екипна победа во сезоната на третата етапа на Трката околу Калифорнија. На Тур де Франс, тој ја освоил зелената маичка за бодовен пласман по вторпат, пред Марк Кевендиш. Обично спринтерите со најмногу етапни победи го освојуваат бодовниот пласман, но Хушовд имал победа само на една етапа, етапата 6, додека Кевендиш победил на шест. По контроверзната 14. етапа, каде Кевендиш бил потиснат во задниот дел од групата поради попречување на Хушовд, Хушовд нападнал сам на етапата 17, планинска етапа, освојувајќи два средни спринта.[9][10] Хушовд ја освоил третата етапа на Трката околу Мисури – 183 км на ридеста етапа – во септември 2009, во завршен спринт.
2010
На 9 мај 2010, Хушовд ја скршил клучната коска на тренинг по судир со млада девојка.[11] На Тур де Франс, Хушовд ја освоил третата етапа, која била необична по возењето на калдрма. Бил подобар во спринтот од пет други возачи.[12] Оваа победа му ја донела зелената маичка, но на крајот ја изгубил од Алесандро Петаки од екипата Лампре-Фарнезе Вини.
На 3 октомври 2010, Хушовд го освоил светското друмско првенство, кое започнало во Мелбурн и завршило во Гилонг, Австралија. Тој бил првиот Норвежанец што го освоил.[13][14]VeloNews напишал: „Хушовд...доминантен на завршниот спринт на крајот на возбудливата трка од 267 километри, победувајќи го Данецот Мати Брешел и Австралиецот Алан Дејвис.“ Фаворитот, Филип Жилбер, бил фатен на три километри пред крајот.[15]
2011
Во текот на Тур де Франс 2011, Хушовд ја носел жолтата маичка и на изненадување на сите ја задржал низ неколку ридести етапи, за кои не се очекувало да ги издржи и второпласираниот Кедел Еванс не можел да ја надополни предноста од 1 секунда, која Хушовд ја имал. Хушовд повторно ги изненадил неговите обожаватели на етапата 13, кога бил еден од првите возачи преку врвот од екстра категорија Кол д’Обиск и користејќи ги неговите супериорни вештини за спуштање (едно време се спуштал со брзина од 69 км/ч) ги стигнал и поминал водачите Давид Монкутие и Жереми Роа, со што ја освоил етапата. Тој повторно ги користел неговите вештини за спуштање на етапата 16, кога тој, Едвалд Боасон Хаген и неговиот совозач Рајдер Хесједал заминале први на спустот по Кол де Манс (спуст, кој за возачот во генерален пласман Енди Шлек изгледал преопасно за трката) и го победил Боасон Хаген во последниот спринт, со што ја освоил неговата втора етапа на Трката.
2012
Хушовд, страдајќи од тогашен недијагностициран медицински проблем, морал да ја напушти Џиро д’Италија 2012 и да го откаже учеството на Тур де Франс и олимписката друмска трка.[16] Подоцна, медицинското ослабување било опишано како „вирус и воспаление на мускулите“ од тим на доктори.[17] Хушовд едвај да постигнал некој забележлив резултат во сезоната освен 14. место на Париз-Рубе. Во октомври, тој изјавил дека се надева дека ќе ја остави лошата година и вирусот зад него и дека е оптимист и мотивиран за сезоната 2013.[18]
Во јуни 2014 година, Хушовд објавил дека ќе се повлече по Светското друмско првенство откако се борел со инфективна монунуклеоза од 2012 година.[20][21] Меѓутоа, откако имал тежок пад на Тур ду Поату-Шарент, Хушовд изјавил дека нема да учествува на Светските првенства.[22] Негова последна трка била ГП Импанис-Ван Петегем во септември.[1]