Трка околу Пекинг — етапна професионална велосипедска друмска трка, која се одржува во Кина. Нејзиното прво издание се одржало од 5 до 9 октомври 2011 година, како завршен настан на Светската турнеја на UCI 2011. Трката е партнерство помеѓу UCI и локалната власт на Пекинг и покрива период на соработка од четири години, од 2011 до 2014 година. Трката е наследство од Летните олимписки игри 2008 и го промовира Пекинг како глобален град.[1] Во септември 2014 година, UCI објавил дека изданието на трката во 2014 година ќе биде последно.[2]
Победници
Наводи
Надворешни врски