БинкБенк Тур

БинкБенк Тур
Лого на трката
За трката
Датумавгуст
РегионБенелукс
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI
ВидЕтапна трка
Директор на тркатаРоб Дискарт
Историја
Прво одржување2005 (2005)
Одржувања18 (до 2023)
Прв победник Боби Џулик (САД)
Најмногу победи Тим Веленс (БЕЛ) (3 секој)
Неодамнешен победник Тим Веленс (БЕЛ)

БинкБенк Тур (холандски: BinckBank Tour; до 2016 година позната како Енеко Тур) — годишна друмска велосипедска етапна трка, која се одржува во Белгија и Холандија. Нејзиното име го претставува главниот спонзор на настанот, енергетската компанија Eneco Energie. Трката била дел од календарите на UCI ProTour и Светскиот ранкинг на UCI, а моментално е дел од Светската турнеја.

Трката била основана во 2005 година под името Енеко Тур, именувана по првичниот спонзор. Со промената на спонзорот во 2017 година, името на трката било променето во БинкБенк Тур.

Историја

Возачите на изданието во 2006 година

Трката околу Холандија започнала на 6 мај 1948 година, но станала редовна годишна трка во 1975 година. Од 2000 година започнала да се вози под името БинкБенк Тур. Почетокот на новиот систем на натпреварување ProTour во 2005 довел до големи промени во самата трка.

Организација

БинкБенк Тур бил продолжение на несигурната Трка околу Холандија, кој претседателот на UCI Хајн Вербруген ја сметал за неопходна од маркетиншки причини.[1] Холандската трка добила подобар спонзор (ENECO Energie). Но, бидејќи трката не била доволно тешка, не можела да биде прифатена во новиот систем на натпреварување ProTour. Тогаш, организацијата на трката побарала помош од организаторите на Трката околу Белгија и Трката околу Луксембург. Тие планирале Трката околу Бенелукс да ги замени останатите три трки. Ова довело Трката околу Белгија да биде коорганизатор. Сепак, Трките околу Белгија и Луксембург, продолжиле да се одржуваат и понатаму. Коорганизацијата или спојувањето на Трката околу Луксембург не се случило, па поради тоа БинкБенк Тур повеќе не поминува низ територијата на Луксембург. Во иднина името треба да биде Трка околу Бенелукс.

Маички

Боите на маичките за водечките во пласманите се менувале низ годините.

Година Генерален Бодовен Планински Младински Борбен
2005[2] Црвена маичка Сина маичка Бела маичка Жолта маичка немало пласман
2006 Црвена маичка Бела маичка немало пласман Жолта маичка немало пласман
2007 Црвена маичка Бела маичка немало маичка немало пласман немало пласман
2008 Бела маичка Црвена маичка немало маичка немало пласман немало пласман
2009 Бела маичка Црвена маичка немало пласман немало пласман немало пласман
2010 & 2011 Бела маичка Црвена маичка немало пласман Зелена маичка немало пласман
2012-2014 Бела маичка Црвена маичка немало пласман немало Црна маичка
2015-2016 Бела маичка Црвена маичка немало пласман немало пласман Зелена маичка
2017 A green jersey A blue jersey немало пласман немало пласман A black jersey
2018 A green jersey A red jersey немало пласман немало пласман A black jersey
2019 A green jersey A red jersey немало пласман немало пласман A white jersey

Победници

Генерален пласман

Победници од 2005 биле следниве:[3][4]

Бодовен пласман

Победници на бодовниот пламсман биле следниве:[4]

Планински пласмани

Само на три изданија на трката постоел планински пласман во 2005, 2007 и 2008. Победници биле:[4]

Пласман за млад возач

Пласманот за млад возач е отворен за велосипедисти под 25 години. Победници на овој пласман биле:[4]

Борбен пласман

Победници на борбениот пласман биле:

Екипен пласман

Најмногу етапни победи

Велосипедист Бр. на етапи
1  Том Бонен (БЕЛ) 7
 Андре Грајпел (ГЕР) 7
3  Едвалд Боасон Хаген (НОР) 5
4  Петер Саган (СВК) 4
 Тим Веленс (БЕЛ) 4
6  Тајлер Фарар (САД) 3
 Здењек Штибар (ЧЕШ) 3
 Сем Бенет (ИРС) 3
9  Алесандро Балан (ИТА) 2
 Силвен Шаванел (ФРА) 2
 Филип Жилбер (БЕЛ) 2
 Марсел Кител (ГЕР) 2
 Роби Мекјуан (АВС) 2
 Мануел Квинцијато (ИТА) 2
 Свен Тафт (КАН) 2
 Макс ван Хесвејк (ХОЛ) 2

Наводи

  1. Graat, John (August 3, 2005). 'Fantastische' Pro Tour zegen voor profronde. Trouw (холандски весник), p. 13.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-10-10. Посетено на 2012-08-11.
  3. „Eneco-Tour du Benelux (Bel & Hol) - Cat. Pro-Tour“ (француски). Memoire du Cyclisme. 2010-10-24. Архивирано од изворникот на 2011-09-14. Посетено на 2011-08-14.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Трка околу Бенелукс“. Cycling archives. Архивирано од изворникот на 2012-10-25. Посетено на 2011-08-14.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!