Енрико Гаспарото (италијански: Enrico Gasparotto; р. 22 март 1982 во Сачиле) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Кубека Асос.[1]
Кариера
Станал професионалец во 2005 година со екипата Ликвигас-Бјанки и останал таму три години.
На Џиро д’Италија 2007, Гаспарото ја предводел екипата Ликвигас на првата етапа кон победа на екипниот хронометар и ја облекол розовата маичка следниот ден.
Гсзпарото ја постигнал неговата прва победа на класик на Амстел Голд Рејс 2012; ја освоил трката на самата завршницата, откако Оскар Фреир бил достигнат на 90 метри пред крајот,[2] и Гаспарото ги поминал возачот на Лото-Белисол Јеле Ванендерт и Петер Саган од Ликвигас-Канондејл.[3] Една недела подоцна, земал дел од Лиеж-Бастон-Лиеж, завршувајќи трет преку спринтање на мала група во трката, каде победил неговиот колега од Астана Казахстан Тим, Максим Иглински.[4] На Вуелта а Еспања, Гаспарото и екипата Астана ги следела лоша среќа уште на првата етапа, екипен хронометар од 16,5 километри. Неговите колеги Паоло Тиралонго, Александар Дјаченко, Андреј Зејц и самиот Гаспарото доживеале пад, кој не бил забележан на телевизиските камери. Неговите колеги можеле да станат и да продолжат, додека Гаспарото, како што било објавено подоцна, ја напуштил трката во Шпанија поради скршеници на три места на неговата клучна коска.[5]
Во ноември 2014 година, Интермарше-Сиркус-Ванти објавиле дека Гаспарото ќе им се приклучи за сезоната 2015.[6]
Гаспарото ја освоил трката Амстел Голд Рејс по вторпат во 2016 година, поразувајќи го Михаел Валгрен во меѓусебниот спринт откако двоецот се одвоил од главната група во завршните километри на трката. Тоа било прва победа за Гаспарото по победата во 2012 година и ја посветил на Антоан Демоатје, негов колега кој починал по падот и судирот на Гент-Вевелгем претходниот месец.[7]
Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски