Глигор Стефанов Попев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација.
Животопис
Роден е во богато прилепско трговско семејство, а и самиот станал крупен трговец. Завршил ІІІ клас во Солунска егзархиска машка гимназија. Од 1892 до 1896 година бил трговец. Во 1894 година бил вклучил во револуционерната организација од страна на Даме Груев и влегол во Битолскиот окружен комитет заедно со Пере Тошев и Ѓорѓи Пешков, а подоцна кон нив се приклучил и Ѓорче Петров [1]. Во 1894 година учествувал во Ресенското советување, а по заминувањето на Ѓорче Петров за задграничен претставник во март 1897 година, Попев бил кооптиран на неговото место во Централниот комитет. Доаѓањето на Попев во Солун коинцидирало со започнувањето на судирот помеѓу Централниот комитет и членовите на Бугарското тајно револуционерно братство. Помошта на Попев во тој судир била голема бидејќи тој како роднина на Коне Самарџиев навремено дознал за плановите на Братството да се ликвидират некој од членови на Централниот комитет. Предвидените ликвидации не се оставриле, а самиот Попев за обидот за ликвидација на Даме Груев истакнал:
„
|
Ако го направеа тоа, ние со заби ќе ги раскиневме, а најпрво јас ќе го убиев својот зет Коне (Самарџиев б.н) [2]
|
“
|
Во револуционерно движење учествувал долги години, а по Балканските војни војни се населил во Бугарија, а таму го завршил и својот живот.
Извори
- ↑ Радев Симеон, „Ранни спомени“, Изд. къща Стрелец, София, 1994 [1]
- ↑ Македония в пламци. Спомени на Григор Попев..., 119