Самарџиев е роден во 1854 година во Прилеп. Учел во тамошното световно училиште и заедно со својот татко се занимавал со самарџиство. Во 1883 година се пресели во Солун и на 1 септември со помош на Насте Стојанов и Димитар Ризов отворил книжарница за печатење на книги за бугарските (егзархиски) училишта и библиотеки во Македонија. Во 1888 година при печатницата на Салваторе Муратори отворил бугарско (словенско) одделение за печатење на учебници за основните училишта и прогимназии. Од 1889 година Самарџиев почнува да го печати и издава литературно-етнографско научно списание Книжици за читање[4] во кое се објавуваат трудовите на Димитар Матов, Васил Иванов К’нчов, Марин Дринов и Андреј Тошев.
Во 1903 година печатницата на Самарџиев била затворена, а повторно почнала да работи по Младотурската револуција во 1908 година. Самарџиев ги печател списанијата "Културно единство", "Татковина " (1909) и "Искра" (1911 - 1912). Во јуни 1911 година Самарџиев ја поддржал иницијативата за основање на легална политичка партија на Бугарите (Македонците-егзархисти) во Отоманското Царство, но проектот пропаднал поради избувнувањето на Балканската војна[7].
Самарџиев починал во Солун, во мај 1912 година. На следната 1913 година, неговата печатницата била опожарена за време на Втората балканска војна[8][9].
Извори
↑Автобиография на Коне Г. Самарджиев - 1908 г., во: списание „Развитие“, II, кн. XI-XII, 1919 година, стр. 331 - 335.
↑Христо Силянов, Освободителнитѣ борби на Македония т.1, 123 - 124
↑Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893-19033 година, Институт за Историја, филозофски факултет, Скопје, 2003.
↑Македония. История и политическа съдба., том І, МНИ, София, 1994, стр. 295 - 296.
↑Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает ....
↑Симеонов, Стоян. Из борбите на македонските българи. Два документа за основаването на легална политическа партия в Турция в навечерието на Балканската война, Македонски преглед, година ХІІ (1940), кн. 1, с. 84.
↑Енциклопедия България, том 6, Издателство на БАН, София, 1988.
↑Парижков, Петър. Книжарницата открих на 1 септември 1883. - Во: "Възрожденски книжари", София, 1980, стр.249-254.