Еден месец пред Востанието бил потешко ранет во една борба со турскиот аскер и поради тоа не можел да земе учество во борбите во текот на самото Востание. По Илинденското востание, како војвода на чета водел повеќе борби против турскиот аскер и грчките андарти.
Грчкиот андартски капетан Пердикас, кој извршил бројни злодела врз месното население, бил ликвидиран токму од овој македонски војвода.
Во една од тие борби, во 1907 година, кај с. Граче, Костурско, загинува и војводата Кршаков. Неговите четници му ја отсекле неговата глава за да му ја зачуваат и тие биле фотографирани од Леонидас Папазоглу [2].
Наводи
↑Λεωνίδας Παπάζογλου, Φωτογραφικά πορτραίτα από την Καστοριά και την περιοχή της την περίοδο του Μακεδονικού Αγώνα, Μουσείο Φωτογραφίας Θεσσαλονίκης, 2004, σ.103. Според Тзавелла, Христофор. Дневник на костурския войвода Лазар Киселинчев, София, 2003, стр.302. Кършаков е роден 1880 година.