4 јули

<< јули >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
2024

4 јули — 185-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (186-и во престапна година). Остануваат 180 денови до крајот на годината.

Настани

1054  Експлозија на супернова е набљудувана од страна на Кинезите, Арапите и најверојатно Индијанците во близина на ѕвездата ζ Бик. Неколку месеци останува доволно светла за да може да се гледа и преку ден. Нејзините остатоција ја образуваат Раковидната Маглина.
1776  На континентален конгрес во Филаделфија е усвоена Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави; овој ден во САД се слави како Ден на независноста.
1802  Вест Поинт, познатата воена академија на САД е отворена во истоимениот град во државата Њујорк.
1855  Во Бруклин, Њујорк од печат излегува првата збирка поеми на Волт Витмен, наречена „Листови трева“.
1862  Луис Керол почнува да и раскажува приказна на Алиса Лидл што подоцна ќе прерасне во „Алиса во земјата на чудата“; точно три години подоцна, на 4 јули, издадена е првата книга од оваа незаборавна бајка.
1918  Болшевиците ги убиле рускиот цар Николај II Романов и неговото семејство (17 јули по новиот календар).
1939  Лу Гериг, легендарен американски бејзбол играч, го објавува своето повлекување од бејзболот.
2004  Формирана е ВМРО Народна партија од страна на приврзаниците на Љубчо Георгиевски, по неуспешниот обид за преземање на раководството во ВМРО-ДПМНЕ. За прв в.д. претседател на партијата е избрана Весна Јаневска.
2012  По 40-годишно трагање, во CERN е откриен Хигсовиот бозон.

Родени

1546  Мурат IIIотомански султан.
1804  Натаниел Хоторнамерикански писател.
1807  Џузепе Гарибалдииталијански револуционер.
1855  Влахо Буковац — хрватски сликар.
1884  Луис Б. Мајерфилмски продуцент.
1917  Манолетешпански матадор.
1921  Жерар Дебрефранцуски економист, добитник на Нобеловата награда.
1926  Алфредо Ди Стефано — аргентинско-шпански фудбалер и тренер.
1927  Џина Лолобриџидаиталијaнска глумица.
1928  Џампјеро Бониперти — италијански фудбалер.
1940  Филип Давид — српски писател.
1949  Славенка Дракулиќ — хрватска писателка.
1961  Хусреф Мусемиќ — босански фудбалер и тренер.
1965  Хорас Грант — американски кошаркар.
1972  Нина Бадриќ — хрватска поп-пејачка.
1995  Поуст Малоун — американски поп-музичар.

Починале

1826  Џон Адамс — американски политичар.
1826  Томас Џеферсон — третиот американски претседател.
1826  Џон Адамс — вториот американски претседател.
1868  Димитриј Иванович Писарев — руски писател.
1916  Алан Зигерамерикански воен поет, познат по својата песна Вечерва имам состанок со Смртта.
1934  Марија Кири-Склодовска — полско-француска хемичарка и физичарка.
1938  Ото Бауер — австриски социјалист.
1944  Благој Јанков - Мучетонароден херој на Македонија.
1970  Барнет Њуман — американски сликар.
1977  Мигел Најдорф — аргентински шаховски велемајстор.
2003  Бери Вајтамерикански пејач, познат како Човекот со кадифен глас.
2005  Неџми Мехмети — македонски писател.
2006  Васко Липовац — хрватски сликар.

Празници

Ден на независноста на САД, кога во 1776 година Конгресот на САД ја донел Декларацијата за независност.

4 јули како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Денот на независноста“ (Independence Day)“ - песна на американскиот рок-пејач Брус Спрингстин од 1980 година.[1]
  • „4 јули“ (4th of July) - песна на ирската рок-група „У2“ од 1984 година.[2]

Наводи

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!