Цер (село)

Цер

Поглед на селото

Цер во рамките на Македонија
Цер
Местоположба на Цер во Македонија
Цер на карта

Карта

Координати 41°25′0″N 21°4′29″E / 41.41667° СГШ; 21.07472° ИГД / 41.41667; 21.07472
Регион  Југозападен
Општина  Кичево
Област Железник
Население 60 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6255
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12075
Надм. вис. 1010 м
Цер на општинската карта

Атарот на Цер во рамките на општината
Цер на Ризницата

Цер — село во областа Железник, во Општина Кичево, на патот помеѓу градовите Кичево и Демир Хисар. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Географија и местоположба

Поглед на селото Цер во подножјето на планината Лубен
Поглед на Церското Поле

Селото се наоѓа во областа Железник, во крајниот југоисточен дел на територијата на Општина Кичево, чиј атар се допира со подрачјето на општините Македонски Брод, Крушево и Демир Хисар.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.010 метри. Од градот Кичево е оддалечено 22 километри.[2]

Селото е сместено во залив на некогашно езеро, а околу селото се наоѓаат планините Лубен и Баба Сач.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Крачунец, Кавчел, Магарево, Рамнин, Мал и Голем Коприн Дол, Црни Врх, Круша, Грнчаро’ец, Патериче, Преслоп, Стрмол, Шумко’а Ливада, Баба, Ливаѓе, Корито, Леско’а, Бело Камење и Буков Дол.[3]

Се простира помеѓу планините Баба Сач и Лубен во областа популарно наречена Преку Турла, бидејќи во близина се наоѓа преминот преку малата планина Турла (стариот пат кон Кичево). Селото се протега во источниот дел на Церското Поле, кое претставува најголемо карстно поле во Македонија (површина 9,5 км2, должина од 7,5 км, широчина 3,7 км). Сместено е на надморска височина од 990 m до 1050 m, во подножјето на планината Баба Сач (1.695 м) од север и Лубен (1.764 м) од југ.

Низ селото минува Церска Река која низводно од селото понира и се движи во подземјето на Церското Поле. Заедно со неколку околни реки, Церска Река излегува на површина кај селото Железнец и го образува врелото на Црна Река.

Иако административно селото е кичевско, сепак Цер е демирхисарско село.

Природно опкружување на местото

Цер се наоѓа во претежно планински предел. Во неговата непосредна близина од северната страна се издига планината Лубен со осамениот и горделив врв Кавчел, висок 1762 метри. Врвот го зазема средишното место во западна Македонија. Од неговата височина се добива глетка на сите страни во Западна Македонија. Од овој врв може да се забележи: Пелистер, Кајмакчалан, Караџица, Шар Планина, Галичица, Кораб и Бистра. Двете планини - во непосредна близина на Цер имаат големи сличности. Нивните јужни делови се каменливи, но со одлични пасишта, а нивните северни страни се покриени со букова шума, посебно северниот дел на Баба Сач, познат под името Стрмол, каде опстојува големо богатство на стари букови стебла кои даваат посебна убавина.

Историја

Поглед на селото во 1903 година
Спомен-гробницата на Христо Узунов и неговата чета

Цер е многу старо село, во пописниот дефтер од XV век во селото биле забележани 58 семејства, 3 неженети и 2 вдовици или вкупно 63. Селото настанало со уништувањето на 5 други помали населби, од каде жителите на петте села решиле да се префрлат во Цер, за да можат заеднички да се одбранат од непријателските пљачкосувања и насилства.[4]

За време на Брсјачката буна од ова село бил познат Анѓеле Танаскоски, кој заедно со Илија Јованоски (Илија Делија) и Мицко од Латово биле водачи на востанието. Анѓеле бил убиен во месноста Лопушник во близина на селата Душегубица и Лазарополе.[4]

Во XIX век, Цер било село во Демирхисарската нахија во Битолската каза на Отоманското Царство.

Селото има доста голема историја. За него може да се каже дека е еден од поголемите револуционерни села во текот на османлиската власт. За време на Илинденското востание, селото е нападнато од турски аскер и башибозук, при што се опожарени 189 од вкупно 245 куќи и се убиени 13 души.

За време на Битката кај Ѓургејца од ова село загинале: Спиро Зуноски, Стеван Крпачоски, Анѓеле Китески, Спиро Бурески, Јон Стаматоски, Ташко Тавоски, Стојан Кацески, Блаже Магдески, Никола Арминоски,Ристе Чавкоски, Вељан Крстаноски и Анѓеле Попоски.

На 24 април 1905 година во селото Цер, војводата Христо Узунов и неговата чета по долга и нерамна битка со османлискиот аскер, се самоубиваат не сакајќи живи да паднат во рацете на непријателот. Денеска таму се наоѓаат нивните гробови во посебно изградена спомен-гробница.

Стопанство

Поранешната фабрика за мермер „Про Гранит“ на влезот во селото

Атарот е голем и зафаќа простор од 50,4 км2. На него шумите зафаќаат површина од 2.229 хектари, на пасиштата отпаѓаат 2.171 хектар, а на обработливото земјиште 534 хектари.[2]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.072—    
19531.163+8.5%
1961945−18.7%
1971672−28.9%
1981390−42.0%
ГодинаНас.±%
1991223−42.8%
1994208−6.7%
2002159−23.6%
202160−62.3%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Цер имало 1.560 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Цер имало 1.960 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Цер се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 202 куќи.[7]

По Првата светска војна, селото Цер е центар на општина во Кичевската околија и има 1.241 жител.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 950Македонци.[8]

Селото е населено со македонско население од кое што голем број емигрирало. Така, селото во 1961 година имало 945 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 208 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Цер живееле 159 жители, од кои 158 Македонци и 1 Србин.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 60 жители, од кои 49 Македонци и 11 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.560 1.960 1.072 1.163 945 672 390 223 208 159 60
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Цер е македонско православно село. Селото е многу старо, се спомнува од првите пописи правени во Македонија, околу 1400-тите. Сите родови во селото се староседелски.[3]

Родови во Цер се: Влинтовци (16 к.), Кацевци (7 к.), Стаматовци (3 к.), Буревци (9 к.), Којчевци (6 к.), Поповци (4 к.), Спасовци (2 к.), Чавковци (8 к.), Шумкаровци (4 к.), Вренцовци (11 к.), Шурбановци (12 к.), Личовци (5 к.), Јуруковци (1 к.), Шлакевци (5 к.), Станковци (5 к.), Тупантовци (1 к.), Костановци (6 к.), Китевци (5 к.), Десковци (6 к.), Мечовци (2 к.), Влчевци (10 к.), Саботниковци (4 к.), Перијовци (1 к.), Насувовци (6 к.), Цабевци (2 к.), Стевановци (2 к.), Дуртановци (3 к.) и Пардовци (2 к.).

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

  • Староседелци: Влинтовци со Брушковци (26 к.), Чиплаковци со Беитовци и Домазетовци (16 к.), Саботниковци со Пардовци (8 к.), Арминовци со Бојаџиовци и Јарчевци (8 к.), Насуовци (4 к.), Цабевци (3 к.), Десковци (4 к.), Стевановци (2 к.), Кацевци (8 к.), Буревци (5 к.), Кокаровци (2 к.), Стаматовци (4 к.), Поповци (8 к.), Шумковци (6 к.), Вренцовци (11 к.), Апостоловци и Дуртановци (3 к.), Касовци (3 к.), Чавковци (4 к.), Крпачовци со Алексовци (11 к.), Којчевци (11 к.), Шурбановци (10 к.), Личовци (7 к.), Митановци (4 к.), Сојкаровци (1 к.), Ѕуновци (2 к.), Змејковци (1 к.), Крцовци (1 к.), Богдановци со Шлакевци (8 к.), Јуруковци (1 к.), Станковци со Тутантовци и Јоцовци (14 к.), Крстановци (6 к.), Зајаковци (4 к.), Несторовци (1 к.), Китевци (7 к.), Брдаровци (1 к.), Мечовци (1 к.) и Волчевци (16 к.)
  • Доселеници: Богдановци (1 к.) доселени се од селото Журче. А таму од селото Слоештица; Размовци (1 к.) доселени се од селото Слатино во Дебрца.[15]

Општествени установи

Општински објект во селото
  • Поранешна амбуланта
  • Поранешна пошта
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Мало Црско, во која покрај селото Цер, се наоѓале и селата Велмевци, Големо Црско, Кладник, Мало Црско и Прострање.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0781, кое според Државната изборна комисија е сместено во месната заедница во селото Цер, а во кое влегуваат селата Големо Црско, Мало Црско и Цер.[16]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 66 гласачи.[17] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 65 гласачи.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 65 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости

Поглед кон главната селска црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[20]
Цркви[21]
Реки[22]
Полиња

Личности

Собир на АФЖ на Цер (НОБ, 1945).

Родени во Цер

Починати во Цер

Иселеништво

Низ Македонија, но најмногу во западниот дел на државата постојат доста родови кои се доселени од Цер, и сите тие се отселени од Цер во постаро време (XVIII и XIX век), па така се познати следните родови иселени од Цер: Ѓоршовци иселени во селото Слатино, Дебрца. Црниновци иселени во селото Велмеј, Дебрца. Миловци, Зајаковци, Ќиријовци и Матевци иселени се во селото Вранештица. Патерковци, Џаџовци и Чулевци иселени се во селото Русјаци. Секуловци се иселени во Крушево. Постари иселеници има и во Бугарија (13 семејства), Романија (31 семејство), Србија (13 семејства), САД (8 семејства), Грција (1 семејство), Русија (2 семејства), Кичево (9 семејства), Битола (17 семејства), Скопје (3 семејства), Велес (1 семејства), Прилеп (1 семејство), Охрид (1 семејство) и во Крушево (1 семејство).[15] Од крајот на 50-тите на XX век населението почнало масовно да се иселува во градовите, па така иселеници од Цер постојат на следните места: Кичево, Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Тетово, Гостивар, Пробиштип и Демир Хисар. Надвор од Македонија иселеници од овој период има во: Србија, Словенија, Хрватска, Австралија, Шведска и САД.[4]

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 311. Посетено на 26 март 2019.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-11-25.
  4. 4,0 4,1 4,2 Поповски, Александар (1993). Цер-Корени. Скопје.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 172-173.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 14.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2019.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. 15,0 15,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 26 март 2019.
  17. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-12-09. Посетено на 26 март 2019.
  18. „Референдум 2018“. Посетено на 26 март 2019.[мртва врска]
  19. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  20. Коцо, Димче (1996). Археолошка картаг на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  21. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  22. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 76. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  23. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  24. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 1256–1259.
  25. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 1505–1506.
  26. 26,0 26,1 26,2 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  27. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  28. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  29. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Надворешни врски

Read other articles:

11-та окрема мотопіхотна бригада Нарукавний знак бригадиНа службі 2017 — по т.ч.Країна  УкраїнаВид Сухопутні військаТип  Механізовані військаЧисельність бригада У Вікіпедії є статті про інші значення цього терміна: 11-та бригада. 11-та окрема мотопіхотна бригада (11 О...

 

Part of a series on financial servicesBanking Types of banks Advising Banq Bulge bracket Central Commercial Community development Cooperative Credit union Custodian Depository Development Direct Export credit agency Investment Industrial Merchant Middle market Mutual savings National Neobank Offshore Participation Payments Postal savings Private Public Retail Savings Savings and loan Universal Wholesale Bank holding company Lists of banks Accounts · Cards Accounts Christmas club Deposit...

 

Para otros usos de este término, véase Chaparro. El Chaparro ParroquiaBanderaEscudo El ChaparroLocalización de El Chaparro en Venezuela El ChaparroLocalización de El Chaparro en AnzoáteguiCoordenadas 9°09′08″N 65°00′59″O / 9.15226, -65.0164Entidad Parroquia • País Venezuela • Estado Anzoátegui • Municipio Sir Arthur McGregorAlcalde Lisandro Marcano (PSUV)[1]​ Superficie   • Total 8196 km²Altitud   • Media 97 ...

Political party in France Pole of Communist Revival in France Pôle de renaissance communiste en FranceFounded2004Split fromPCFNewspaperInitiative communisteYouth wingJeunes pour la renaissance communiste en France (JRCF)IdeologyCommunismMarxism–LeninismLeft-wing nationalism[1]Hard Euroscepticism[2]Political positionFar-left[3][4]European affiliationINITIATIVEInternational affiliationWorld Anti-Imperialist Platform[5]ICS (defunct)Website...

 

Кутюр-д'АржансонCouture-d'Argenson Країна  Франція Регіон Нова Аквітанія  Департамент Де-Севр  Округ Ніор Кантон Шеф-Бутонн Код INSEE 79106 Поштові індекси 79110 Координати 45°59′37″ пн. ш. 0°04′59″ зх. д.H G O Висота 82 - 131 м.н.р.м. Площа 24,16 км² Населення 405 (01-2020[1]) Густота 16,...

 

Mohit Mohan MoitraStatue at Andaman's Cellular JailBornNatun Bharenga, Pabna, Bengal Presidency, British IndiaDied28 May 1933Cellular Jail, Andaman Islands, British IndiaCause of deathForce-feedingNationalityIndianOrganizationJugantarKnown forIndian independence movementParentHemchandra Moitra (father) Mohit Mohan Moitra was an Indian revolutionary and Indian independence movement fighter in the 1930s.[1][2] Early life Mohan Moitra was born in British India at Natun ...

Stasiun Enshū-Mori遠州森駅Stasiun Enshū-Mori pada November 2006LokasiMori 980-2, Mori-machi, Shūchi-gun, Shizuoka-ken 437-0215JepangKoordinat34°49′51.24″N 137°55′25.37″E / 34.8309000°N 137.9237139°E / 34.8309000; 137.9237139Koordinat: 34°49′51.24″N 137°55′25.37″E / 34.8309000°N 137.9237139°E / 34.8309000; 137.9237139PengelolaTenryū Hamanako RailroadJalur■ Jalur Tenryū HamanakoLetak dari pangkal12.8 kilometer da...

 

السادة المرتشونمعلومات عامةالصنف الفني تشويقتاريخ الصدور 12 ديسمبر 1983 مدة العرض 90 دقيقةاللغة الأصلية العربيةالبلد مصر الطاقمالمخرج علي عبد الخالق الكاتب مصطفى محرمالبطولة  القائمة ... سعيد صالح محمود ياسين محمود عبد العزيز نجوى إبراهيم مريم فخر الدين حسين الشربيني آمال

 

Europe de l'Ouest L'Europe de l'Ouest au sein du continent Pays Restrictivement : Belgique, France, Irlande, Pays-Bas, Royaume-Uni Principales langues néerlandais, français, anglais Point culminant Mont Blanc Cours d'eau Rhin, Loire Principale étendue d'eau lac Léman Ville(s) Londres, Paris, Bruxelles, Amsterdam, Anvers, (Genève) modifier  L’Europe de l’Ouest est une région politique, géographique ou culturelle qui correspond à la partie occidentale de l’Europe, mais c...

Chance the Rapper (2018) Chance the Rapper (* 16. April 1993 in Chicago als Chancelor Bennett) ist ein US-amerikanischer Rapper. Inhaltsverzeichnis 1 Biografie 2 Karriere 3 Diskografie 3.1 Studioalben 3.2 Mixtapes 3.3 Singles als Leadmusiker 3.4 Singles als Gastmusiker 4 Auszeichnungen für Musikverkäufe 5 Weblinks 6 Einzelnachweise Biografie Bennett wurde 1993 in Chicago geboren. Sein jüngerer Bruder, Taylor Bennett ist auch ein Rapper. Bennett ist verheiratet. Karriere Bekanntheit in der ...

 

For other uses, see Moravia (disambiguation). Village in New York, United StatesMoravia, New YorkVillageMoraviaLocation within the state of New YorkCoordinates: 42°42′40″N 76°25′23″W / 42.71111°N 76.42306°W / 42.71111; -76.42306CountryUnited StatesStateNew YorkCountyCayugaTownMoraviaArea[1] • Total1.72 sq mi (4.47 km2) • Land1.70 sq mi (4.41 km2) • Water0.02 sq mi (0.06 ...

 

Sungai DiamantinaLokasiNegaraAustraliaCiri-ciri fisikHulu sungaiSwords Range Panjang900 kmLuas DASDAS: 157.000 km² Sungai Diamantina adalah sungai di Queensland barat daya dan di ujung utara Australia Selatan. Sungai ini memiliki panjang sebesar 900 km, dan wilayah DAS seluas 157.000 km². Iklim sungai ini adalah panas dan arid. Koordinat: 26°55′S 139°11′E / 26.917°S 139.183°E / -26.917; 139.183 Artikel bertopik geografi atau tempat Australia ini ada...

Untuk pengertian lain, lihat Tengah (disambiguasi). Kepulauan TengahNama lokal: ᨄᨘᨒᨚᨄᨘᨒᨚ ᨈᨛᨂᨕᨙ (Bugis)ᨒᨗᨕᨘᨒᨗᨕᨘᨀ ᨈᨂᨐ (Makassar)Kepulauan Tengah di sebelah utara Kepulauan Sunda KecilKepulauan TengahTampilkan peta Sulawesi SelatanKepulauan TengahTampilkan peta Nusa Tenggara BaratKepulauan TengahTampilkan peta SulawesiKepulauan TengahTampilkan peta Nusa TenggaraKepulauan TengahTampilkan peta IndonesiaKepulauan TengahTampilkan peta Asia TenggaraGe...

 

1997 World Championship Wrestling pay-per-view event This article is missing information about the reception to Uncensored (1997). Please expand the article to include this information. Further details may exist on the talk page. (September 2021) Uncensored (1997)Promotional PosterPromotionWorld Championship WrestlingDateMarch 16, 1997CityCharleston, South CarolinaVenueNorth Charleston ColiseumAttendance9,285Tagline(s)You'll Never See It Coming!Pay-per-view chronology ← PreviousSuperBr...

 

ニシネズミザメ 保全状況評価[1] VULNERABLE(IUCN Red List Ver.3.1 (2001)) 分類 界 : 動物界 Animalia 門 : 脊索動物門 Chordata 綱 : 軟骨魚綱 Chondrichthyes 目 : ネズミザメ目 Lamniformes 科 : ネズミザメ科 Lamnidae 属 : ネズミザメ属 Lamna 種 : ニシネズミザメ L. nasus 学名 Lamna nasus(Bonnaterre, 1788) シノニム Lamna philippii Perez Canto, 1886 Lamna punctata Storer, 1839 Lamna whitleyi Phillipps, 1935 Oxyrhina daekayi Gil...

Municipio de Acatlán Municipio de México Escudo Ubicación del municipio de Acatlán en el estado de Hidalgo.Coordenadas 20°08′44″N 98°26′24″O / 20.145555555556, -98.44Cabecera municipal AcatlánEntidad Municipio de México • País  México • Estado HidalgoPresidente municipal Elizabeth Vargas Rodríguez (2020-2024) • Partidos gobernantes Nueva Alianza HidalgoSubdivisiones 55 localidadesEventos históricos   • Erección 8 de ag...

 

Ambassador of the United States to LuxembourgSeal of the United States Department of StateIncumbentTom Barrettsince February 10, 2022ResidenceDolibois HouseNominatorThe President of the United StatesAppointerThe Presidentwith Senate advice and consentInaugural holderStanford Newelas EnvoyFormation1903WebsiteU.S. Embassy – Luxembourg The United States ambassador to Luxembourg oversees the U.S. Embassy in that country. They supervise the embassy staff in the conduct of diplomatic relatio...

 

Russian men's handball club For the parent multisport club, see CSKA Moscow. CSKA MoscowFull nameГандбольный Клуб ЦСКА МоскваFounded2017 as SpartakArenaDynamo Sports PalaceCapacity5,000Head coachOleg KhodkovLeagueRussian Handball Super League2022-231stClub colours   Website Official site Sports Teams of CSKA Moscow Football(men's)(women's)FutsalBeach soccerBasketball(men's)(women's)Ice hockeyVolleyball(men's)(women's)BandyHandball(men's)(women...

2020 British film by Philippa Lowthorpe This article is about the British film. For the South Korean film, see Misbehavior (film). MisbehaviourTheatrical release posterDirected byPhilippa LowthorpeScreenplay by Gaby Chiappe Rebecca Frayn Story byRebecca FraynProduced by Suzanne Mackie Sarah-Jane Wheale Starring Keira Knightley Gugu Mbatha-Raw Jessie Buckley Keeley Hawes Phyllis Logan Lesley Manville Rhys Ifans Greg Kinnear CinematographyZac NicholsonEdited byÚna Ní DhonghaíleMusic byDickon...

 

Disraelikartu lobiSutradara Alfred E. Green ProduserDitulis oleh Julien Josephson SkenarioJulien JosephsonPemeranGeorge ArlissDoris LloydDavid TorrenceJoan BennettSinematograferLee GarmesPerusahaanproduksiWarner Bros.DistributorWarner Bros.Tanggal rilis01 November 1929 (1929-11-01)Durasi90 menit (perilisan 1929)87 menit (perilisan ulang 1934)Negara Amerika Serikat Bahasa Inggris Disraeli adalah sebuah film sejarah Amerika 1929 yang disutradarai oleh Alfred E. Green, dirilis oleh Warner B...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!