На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лешница се води како мешано македонско-албанско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 41 куќа.[5]
Според пописот од 2002 година, во Лешница живееле 219 жители, од кои 37 Македонци и 182 Албанци.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 95 жители, од кои 20 Македонци, 70 Албанци и 5 лица без податоци.[7]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
б.п.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
264
1953
131
158
—
—
—
1
...
—
—
290
1961
131
171
—
...
...
—
...
—
—
302
1971
121
199
—
—
...
—
...
—
—
320
1981
100
168
—
—
—
4
...
—
—
282
1991
66
2
—
—
—
—
...
—
—
68
1994
51
125
—
—
—
2
...
—
—
178
2002
37
182
—
—
—
—
—
—
—
219
2021
20
70
—
—
—
—
—
—
5
95
Родови
Лешница е македонско-албанско село.
Македонски родови во селото се: Чуљевци (9 к.) куќите им се во горно маало, они се најстариот селски род. Возможно е да се староседелци; Боздевци (7 к.), Миајлевци (4 к.) и Петревци (1 к.) куќите им се во средно маало, овие родови потекнуваат од предци кои се доселени. Родот Боздевци е доселен од некое село во областа Матија (во Албанија), доселени се како каури пред Албанците, Миајлевци се доселени од торбешкото село Бачишта, а за потеклото на родот Петревци не се знае ништо.
Албански родови во селото се: Исљамовци (12 к.) и Садуловци (12 к.) потекнуваат од ист предок, доселени се од областа Матија. Тука се оженил за Македонка православна, и од тој брак потекнуваат родовите. Куќите им се во долно маало. Лешничките Албанци често се женеле со Македонки. Пред крајот на турското владеење они грабнале три Македонки. После Првата светска војна две наши девојки доброволно се земале за Албанци.[9]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 826 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.