Влезот во селото Марена
Марена — село во Општина Кавадарци, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.
Селото се наоѓа во североисточниот дел од Општина Кавадарци, во Тиквешката Котлина, недалеку од градот Кавадарци, поради што селото влегува во рурбалната зона на централното место.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 207 метри.[2]
Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 4 километри, додека од градот Неготино е оддалечено 8 километри. Сместено е на самиот регионален пат помеѓу овие два града. Селото се наоѓа во Тиквешијата на десниот брег на реката Луда Мара во падините на ридот Градиште.
Атарот зафаќа простор од 12,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.000 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 135 хектари.[2]
Селото е од збиен тип со разредени краеви, поделено на три маала, Горно, Средњо и Долно Маало.[3]
Подрачјето на Марена е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Сува Чешма околу 3 км југоисточно од селото.[4]
Селото било христијанско-муслиманско и христијаните биле чифчии во турско време.[3]
Во XIX век, Марена било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Селото има исклучително полјоделска функција.[2]
Во минатото, селаните главно се занимавале со земјоделство. Марена пред скоро сите села во Тиквешко имала пазар и била мало стопанско средиште на штипско-прилепскиот друм. Сѐ до појавата на пазарот во Неготино, кое имало подобри сообраќајни врски, Марена имала голем пазар и посети на трговци и занаетчии.[3]
Денес, селото главно се занимава со земјоделство и сточарство. Во последно време се отвораат многу претпријатија во селото како и околината најчесто за транспорт и шпедиција.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Марена имало 576 жители, од кои 270 христијани, 300 муслимани и 6 Роми.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Марена имало 288 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]
Муслиманските родови од селото се иселиле пред Втората светска војна, што може да се забележи и од податоците од спроведените пописи по војната.
Марена е средна по големина село, но со пораст на бројот на населението. Во 1961 година броело 690 жители, од кои 622 биле Македонци, 33 Албанци, 23 Срби, 3 Турци и осум жители неопределени, а во 1994 година преминало во големо село со 988 жители, од кои 920 Македонци, 49 Роми, 11 Срби и 8 други.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Марена имало 997 жители, од кои 903 Македонци, 71 Ром, 21 Србин и 2 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 913 жители, од кои 789 Македонци, 1 Албанец, 58 Роми, 6 Срби, 2 останати и 57 лица без податоци.[9]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Марена:[10]
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Според истражувањата од 1920-1924 година родови во селото Марена се:
Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Сопот, во која се наоѓале селата Курија, Марена и Сопот.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Кавадарска градска општина, во која покрај селото Марена се наоѓале градот Кавадарци и селата Ваташа, Глишиќ и Сопот.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0703 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Марена.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 791 гласач.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 784 гласачи.[15]
Во селото Марена има фудбалски клуб ФК Марена кој игра во третата лига на Македонија.
Денес, селото го има зафатено миграција, па многу семејства се иселуваат во соседните општини Кавадарци и Неготино, а исто така дел од жителите се иселуваат и надвор од Македонија.
|access-date=
|url=
|title=