Селото се наоѓа југозападниот дел од Општина Кавадарци, меѓу сливните подрачја на Црна Река и Бошавица, а чиј атар се издига високо и се допира со државната гранична линија со Грција.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 500 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 34 километри.[2]
Има мошне голем атар, што зафаќа простор од 57,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 4.251 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 314 хектари, а на пасиштата 127 хектари.[2]
Историја
Во XIX век, Мрежичко било село во нахијата Рожден во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[5]
Поради иселување на населението, Мрежичко преминало од средно во мало село. Така, селото во 1961 година имало 320 жители, од кои 304 биле Македонци, 8 Срби, 3 Хрвати и петмина жители муслимани, а во 1994 година 57 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Мрежичко имало 32 жители, од кои 31 Македонец и 1 останат.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, од кои 5 Македонци и 3 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Конопиште.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Мрежичко, во која селото Мрежичко било единствено.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Мрежичко, во која покрај селото Мрежичко се наоѓале селата Бојанчиште, Клиново и Рожден.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0711 според Државната изборна комисија, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница и младински дом во селото.[12]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 декември 2017.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.