Сретселото во Бохула
Бохула (на месен народен говор: Боула) — село во Општина Кавадарци, во областа Бошава, во околината на градот Кавадарци.
Името на селото се поврзува со вид на ноќни грабливци „боуви“, кои ги имало во голем број додека областа била под шума.[2]
Селото се наоѓа во јужниот дел од Општина Кавадарци, од десната страна на реката Бошава, чиј голем атар издолжено се допира на една страна со подрачјето на Општина Демир Капија, а на друга страна се издига на северозападната падина на Кожуф, односно на тесен дел на неговиот срт се допира со државната граница со Грција.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 900 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 26 километри.[3]
Има мошне голем атар кој зазема површина од 56 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 3.809,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 1.283,3 хектари, а на обработливото земјиште 391,5 хектари.[3]
Во најголем дел, селото се наоѓа на левата и присојна страна на Бохулска Река. Селото е од збиен карактер со разредени краеви. Било поделено на Спротивно Маало, сместено на десната страна на реката, Средно Маало, Бегуловско Маало, Мањовско Маало, Римишовско Маало, Дисанковско Маало и Голчевско (Горно) Маало.[2]
Селото било муслиманско-христијанско. Поголемиот дел од родовите се староседелци. Кога се доселиле Пиперковци во средината на XVIII век, само една куќа била турска (Рукевци). Кон крајот на XVIII век се населиле Дисанковци од Долни Дисан и тогаш започнало потурчувањето.[2]
Во XIX век, Бохула било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Селото има мешовита земјоделска функција.[3]
Селаните живееле од земјоделство и сточарство. Поради добрите услови за пасишта, селото било посетувано од Каракачани и Куцовласи со својата стока. На Бохулска Река имало пет воденици, четири валавници и една шарлагарница.[2]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Бохула имало 880 жители, од кои 460 Македонци муслимани, 405 Македонци христијани и 15 Роми.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бохула имало 384 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[6]
Од ова планинско и периферно село се иселил значителен број од населението. Така, во 1961 година селото броело 492 жители, а во 1994 година бројот се намалил дури на 33 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Бохула имало 28 жители, од кои 25 Македонци и 3 Турци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 20 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Како родови во Бохула се споменуваат:[2]
Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Конопиште.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Бохула, во која влегувале селата Бохула, Радња и Чемерско.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Крњево, во која покрај селото Бохула се наоѓале селата Барово, Бунарче, Горна Бошава, Долна Бошава, Конопиште, Крњево, Радња, Страгово, Стрмашево и Чемерско.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0708 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Бохула, Радња и Чемерско, кое е сместено во зграда на подружницата „Бор“ во селото Бохула.[12]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 28 гласачи.[14]
Личности родени во Бохула:
Со првите населување на Турците во Бегуловско Маало направиле џамија, додека по потурчувањето на селото, џамијата била изградена во Средно Маало. Денес, нема остатоци од џамиите.
|access-date=
|url=