Доселеници:Терзијовци (2 к.) потекнуваат од предокот дедо-Дино Вла кој дошол околу 1850 година од Крушево; Бојковци-Витановци (1 к.) доселени се на чифлик ви средината на XIX век од селото Конопиште; Ѓоргевци (1 к.) дошол дедо Ѓорге Вла од влашкото село Ливадија кај Воден околу средината на XIX век; Трајковци (2 к.) дошол Доне како домазет во Пешовци од селото Прждево кон средината на XIX век; Лесковци-Аврамовци (1 к.) се доселил дедо Костадин од селото Радња околу 1870 година, поддалечно потекло од селото Лесково во Меглен; Џолевци (2 к.) дошле синовите на Ѓорге од Бохула како домазети. Неде домазет во изумрените Павлевци доселен околу 1880 година, Јованче домазет во изумрените Грујовци околу 1900 година. Уште постаро потекло од некое село Пиперово во Арнаутлук; Ристовци (2 к.) се доселиле двајца братучеди од селото Горни Дисан. А таму кон крајот на XVIII век од селото Долни Дисан; Поповци (1 к.) доселени се во 1908 година од селото Радња. Поддалечно потекло од селото Корешница; Мрежички (1 к.) доселени се во 1910 година од селото Мрежичко; Ѓорговци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Бохула; Камбер (1 к.) тој бил Ром. Доселен околу 1920 година од Неготино.[7]
Стари иселеници се Будуровци, Аџијовци и уште 10 други семејства. Се иселиле во местото Кара Азмак. Од Терзијовци во 1914 година едно семејство се иселило во Аргентина.[7]