Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Кратово, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Пробиштип. Од градот Кратово селото е оддалечено седум километри.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.300 метри.[2]
Атарот на селото не е голем и зафаќа простор од 5,1 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 315 хектари, на пасиштата отпаѓаат 134 хектари, а на обработливите површини само 44 хектари.[2]
Во основа, може да се каже дека селото нема некоја значајна земјоделска функција.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[4]
Куново е мало село, коешто се наоѓа во фаза на наполно раселување. Тоа, во 1961 година броело 166 жители, а во 1994 година, само седум жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Куново живееле 3 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово, се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Кавран, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната општина Мушково, во која влегувале селата Емирица, Каврак, Кнежево, Којково, Куново и Мушково.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0908 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа во селото Луково. Во него се опфатени селата Близанци, Куново и Луково.[10]
↑ 2,02,12,22,32,4Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 79.