Крива Јабука — историско село на територијата на Општина Кратово , денес во атарот на градот Кратово .
Географија
Селото се наоѓало југозападно од Кратово , во јужното подножје на Осоговските Планини . Било сочинето од две маала — Горна Крива Јабука и Долна Крива Јабука.[ 2]
Историја
Во XIX век Крива Јабука било мало македонско село во Кратовска каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика “) во 1900 г. Крива Јабука имала 25 жители, сите Македонци христијани .[ 3] [ 4]
Целото население на селото било под врховенството на Бугарската егзархија . По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев (La Macédoine et sa Population Chrétienne ) во 1905 г. Крива Јаб’лка (Kriva Yabalka) имало 16 Македонци, сите под Егзархијата.[ 3] [ 5]
Личности
Пане Иванов (? – 25 мај 1925) — револуционер, деец на ВМРО
Наводи
↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“ . Државен завод за статистика . Посетено на 22 декември 2022 .
↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
↑ 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари , и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика . София: Българското книжовно дружество. стр. 223. ISBN 954430424X .
↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF) . Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 130–131.
Грбот на Општина Кратово Раселени Историски