Името на селото првпат е забележано во турски документи од 1481 година. Се верува дека неговото потекло е од личното име Емир или пак од титулата емир, што означува владетел, заповедник или кнез на определена територија (како санџакбег). Титулата емир е балкански турцизам од персиско или арапско потекло од областа на турската управа.[2]
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на крајниот источен дел на територијата на Општина Кратово, чиј атар нашироко се допира со подрачјето на Општина Кочани.[3] Селото е планинско и раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 1.200 до 1.420 метри. Од градот Кратово, селото е оддалечено 18 километри.[3]
Ова е типично планинско село во Осогово, источно од градот Кратово. На југ се наоѓа зимскиот центар Пониква. Селото е од разбиен тип, и неговите маала (Буковица, Врдовачка Маала и Шуманска Маала) лежат на надморска височина од 1.200 до 1.420 метри.
Над селото извира Емиричка Река и тече низ него, а потоа преминува низ други места, па завршува како притока на Кратовска Река.
Историја
Подрачјето на Емирица е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Градиште во неговата околина.[4]
Првпат името на селото е документирано во 1481 година во турски документи.[2]
Стопанство
Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 24 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.490,6 хектари, на пасиштата отпаѓаат 595,7 хектари, а на обработливите површини 217,6 хектари.[3]
Во основа, може да се каже дека селото има мешовита земјоделска функција.[3]
Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово, се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Кавран, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната општина Мушково, во која влегувале селата Емирица, Каврак, Кнежево, Којково, Куново и Мушково.
Избирачко место
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 0903 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.[13]
↑ 3,03,13,23,33,4Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 79.