Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Кратово.[2] Селото е планинско и раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 1.120 до 1.300 метри. Од градот Кратово селото е оддалечено седум километри.[2]
Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Кратово од 1618 - 1619 година, селото е запишано под името Мушкова со 38 домаќинства.[4]
Според пописот од 1637 година, селото имало 36 домаќинства.[5]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 12,9 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 602 хектари, на пасиштата отпаѓаат 460 хектари, а на обработливите површини 211 хектари.[2]
Во основа, може да се каже дека селото има мешовита земјоделска функција.[2]
Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово, се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Кавран, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Мушково, во која влегувале селата Емирица, Каврак, Кнежево, Којково, Куново и Мушково.
Избирачко место
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 0906 според Државната изборна комисија, сместено во простории на месната заедница.[14]
↑ 2,02,12,22,32,4Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 79.
↑Хр. Матанов, Княжеството на Драгаши, София, 1997, с. 220
↑Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 253.
↑Турски извори за българската история (т. VIII), предговор и съставителство Е. Грозданова, издание на Главно управление на архивите при Министерския съвет, Архивите говорят, т. 13, София 2001, с. 52.