Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Кратово, чиј атар високо се издига на Осоговските Планини и се допира со подрачјето на Општина Крива Паланка.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.360 метри. Од градот Кратово, селото е оддалечено 14 километри.[2]
Атарот на селото зафаќа простор од 7,2 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 363 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 220 хектари, а на пасиштата 127 хектари.[2]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово, се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Каврак, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната општина Мушково, во која влегувале селата Емирица, Каврак, Кнежево, Којково, Куново и Мушково.
Избирачко место
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 0905 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.[11]
↑ 2,02,12,22,32,4Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 142.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.