Кичево и Кичевско во НОВ — со спогодбата на фашистичките земји од 20 април1941 година била одредена и демаркациската линија помеѓу двата сојузника, Бугарија и Италија. Западна Македонија со градовите Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга и преспанските села, првично биле окупирани од германските сили, а потоа со посебен декрет, предадени во владение на фашистичка Италија.[1] Италијанците, пак, ја предале цивилната власт на албанските квинслинзи. Во нивно владение потпаѓала една префектура и четири потпрефектури.[2] Судирот на интереси помеѓу Италија од една страна и фашистичка Бугарија од друга, се одвивал токму во Кичевскиот регион, па така на терен паралелно се појавиле и проалбанските слуги на Италија и пробугароманските комитети во служба на Бугарија, а против македонскиот народ.
Првите обиди за организација
Македонскиот народ, паралелно со овие настани веднаш започнал со организирање на движење на отпор. Главна улога во организацијата одиграл Кузман Јосифоски - Питу, кој во летото 1940 година, оформил партиско поверенство, но не и организиација, во состав: Ѓорѓи Икономов (секретар), а членувале и Драге Богески, Пепе Јованоски, Перо Волнароски и Томе Буклески. Питу повторно го посетил Кичево во април 1941, заедно со Трајко Бошкоски - Тарцан, но ниту овојпат не била формирана партиска организација. Тоа се случило дури по третата посета, на 10 октомври 1941 година, кога веќе во Кичево се вратиле многу младинци кои биле на образование и работа низ Југославија.
Со исцртувањето на демаркациската линија, Кичево се нашло под италијанско-албанска власт, а во непосредна близина на градот исто така биле сместени бугарските окупаторски војски кои имале други планови за дел од територијата која потпаднала под управа на италијанските сили.
Најпрво биле укинати сите воени, судски, просветни и административни органи, а на нивно место се отвориле албански институции, во кои службен јазик бил само албанскиот, а сѐ со цел да се воведе омраза помеѓу македонското и албанското население. Со ова почнале да се формираат и локални балистички банди кои ги водел Мефаил Шеху.[3]
Биле спалени неколку села (Извор, Пополжани, Карбуница) и извршени убиства низ селата Осој, Јагол, Доленци, Карбуница, Осломеј и во неколку други, сè со цел да се заплаши локалното македонско население и да се потчини на новата окупаторска власт. Како најкрвави настани народот ги запомнил стрелањата на членовите на организацијата од село Карбуница извршено во ноември 1943, но и палежите и убиствата во Кленоец. Најголем злостор во Кичевско бил извршен во мај 1944 година попознат како крвав Ѓурѓовден, кога балистичките банди откако ги ограбиле селата Иванчишта и Кленоец, го запалиле селото Попоец а нивните селани ги собрале пред селската црква, каде после тепањето, некои од селаните (претежно мажи), живи ги фрлале во оган. Истото го повториле во селото Малкоец.[2]
Формирање на првите ослободителни чети
Најголем товар во организацијата на отпорот и борбата за слобода го носела КПМ. Месноста Лопушник била избрана за неформален воен и политички центар за организација и дејствување во Кичевскиот крај. Во непосредна близина била пренесена од Битуше, првата печатница „Гоце Делчев“, но се издавал и партизанскиот билтен кој бил уредуван и редактиран од Кочо Рацин.[4]
Првите акции на овие борци се: нападот на карабинерската станица во Сливово (Охридско), како и општинската зграда во Брждани. Извршени биле и диверзантски акции со сечење на телефонски столбови и рушење мостови. Силен оддек дала нивната акција од 14 јуни1943, кога на Пресека бил нападнат италијански воз. Оваа акција го подигнала моралот и меѓу населението кое се помасовно се приклучувало кон националното ослободителско движење.[2]
Прво ослободување на Кичево
Со капитулацијата на Италија, ноќта помеѓу 8 и 9 септември1943 се разгореле и битките во овој регион. Албанскиот и малесискиот македонски одред успеале да ја разоружаат и италијанската команда во градот Дебар, дел од дивизијата „Фиренце“.[4] Италијанските војски при повлекување оставале пустош низ селата, а паралелно со нив германските и бугарските окупатори се обидувале да се пробијат и постават на нивните позиции. Па, така на 11 септември1943 единиците на Првиот кичевски и Вториот мавровски одред го заземале Кичево. Со ова Кичево станува првиот ослободен град во Втората светска војна. Следниот ден им се приклучил и Првиот македонски баталјон „Мирче Ацев“ со што била создадена слободна територија од превојот Буковиќ до селото Ботун, со два ослободени градови Кичево и Дебар. Населението од овој крај, уживало во својата слобода 21 ден. Покрај поставување на народна власт, било отворено училиште на македонски јазик во селото Подвис, а низ градот и селата се организирал културно-забавен живот.[2][5][6]
Втора окупација на Кичево
Германските војски заедно со балистичките банди на Џемо и Мефаил, извршиле напад на стражарската позиција кај превојот Буковиќ, каде во нерамна борба, целодневен отпор давала четата предводена од комесарот Мирко Милески. Во оваа битка на 1 октомври1943, загинала целата чета на Милески вклучуваќи го и самиот Мирко. Со ова паднал и Кичево под втора окупација. На 6 октомври бројните германски и балистички групи се судриле со македонските партизани во селото Кленоец, каде нивниот пробив бил сопрен со фронтална битка во самото село. Меѓу жртвите биле Јосиф Јосифоски-Свештарот, Мите Трпески како и Трајан Белев.
По скоро еден цел месец, Кичево повторно било ослободено на 1 ноември, 1943 при што биле заробени 19 германски војници со потполковникот Хедлер, како и 30 припадници на балистичките групи. По само четири дена партизанските единици биле приморани да се повлечат и повторно да го отстапат градот на окупаторот.[2]
Конечно ослободување на Кичево
По нецела година проследена со неколку напади и битки со окупаторот, на 1 септември1944 по повеќечасовна битка Кичево било ослободено по трет пат. Градот на неколку пати го менувал својот статус на ослободен и окупиран град. За конечна слобода која ја ужива Кичево до денеска, биле пресудни битките кои отпочнале на 14 ноември кај селата Тајмиште и Колари, со кои битки се пренеле и во самиот град, па така на 15 ноември, 1944Кичево е конечно ослободено.
Вака е опишано сеќавањето на претседателот на Сојузот на борците од Кичево, Владо Дејаноски, за првото ослободување на Кичево:[5]
Кичево е градот кој шест пати е ослободуван од непријателот, кој многу пропатил во оваа војна и затоа ние денес со гордост се присетуваме на првото ослободување на градот, што била воедно и првоослободена територија на Македонија. Првото ослободување на Кичево траело 21 ден, во кој период во село Подвис е отворено и првото училиште на мајчин македонски јазик, а негов учител бил Василко Ристески од истото село. На 26 септември на градскиот плоштад на терасата од музејот се одржал и голем народен митинг, на кој покрај другите на насобраните граѓани им се обратил и Светозар Вукмановиќ-Темпо. На 21. ден од слободата на Кичево, силни германски единици преку Буковиќ навлегуваат на слободната територија, по што партизанските единици и одреди отстапуваат од градот и своите сили ги поместуваат во Дебрца. Последното ослободување на Кичево се случило на 15 ноември1944 година и тоа било шестото ослободување на градот, кој може да се пофали со богата историја збогатена со многу важни настани.
Билансот на жртвите изнесувал 217 борци од Кичево и Кичевско, 106 цивилни жртви и уште 232 жртви од останатите краишта на Македонија и тогашна Југославија. Сите во табеларен приказ се дадени подолу.
БИСТИ НА ДЕЛ ОД БОРЦИТЕ ЗАГИНАТИ ЗА СЛОБОДА НА КИЧЕВО И КИЧЕВСКО
Олга Мицеска
Ибе Паликуќа
Јанко Михајлоски
Исени Акиноски
Драге Богески
Левко Стефаноски - Тарзан
Оштетен натпис
Оштетен натпис
Оштетен натпис
Список на паднати борци за слободата на Кичево и Кичевско
Жртви од Кичево и Кичевско
Бројот на жртви од Кичево и Кичевско, изнесувал 217 воени и 106 цивилни жртви.[2]
↑Окупација на западна Македонија. Скопје. 1975. стр. 7–8. На |first= му недостасува |last= (help)
↑ 2,02,12,22,32,42,52,6Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј на Западна Македонија во НОВ - Кичево. 1982. На |first= му недостасува |last= (help)
↑Зборник на документи и податоци од НОВ. Том VII, книга 2. Белград. 1952. стр. 14.
↑ 4,04,1Слободните територии во Македонија во 1943. Скопје: ООЗТ Комунист. 1983. На |first= му недостасува |last= (help)
В Википедии есть статьи о других людях с такой фамилией, см. Родионов; Родионов, Виктор. Виктор Родионов Полное имя Виктор Константинович Родионов Родился 25 марта 1948(1948-03-25)Косая Гора, Тула, РСФСР, СССР Умер 23 июля 2010(2010-07-23) (62 года)Смоленск, Россия Гражданство СССР Рос...
1999 studio album by Bruce CameronMidnight DaydreamStudio album by Bruce CameronReleased1999Length63:35 Professional ratingsReview scoresSourceRatingAllmusic(favorable) link Midnight Daydream is the only studio album by Bruce Cameron, released in 1999. Track listing Midnight Daydream – 6:42 Doctor Please – 4:52 Mind Gardens – 5:24 Miles Away – 3:29 Born to Lose – 5:32 I Want to Be Late – 4:19 Forever Rebel Girls – 6:18 Just Like a Spaceman – 3:57 So Aliens Have Been He...
For other ships with the same name, see HMCS Preserver. HMCS Preserver during New York fleet week 2009 History Canada NamePreserver Orderedearly 1960s BuilderSaint John Shipbuilding Laid down17 October 1967 Launched29 May 1969 Commissioned7 August 1970 Decommissioned21 October 2016 Identification Hull number: AOR 510 IMO number: 6918546 Callsign: CGRG Motto Le Coeur de la Flotte (The Heart of the Fleet) Honours andawardsArabian Sea[1] FateScrapped BadgeAzure a life preserver Arge...
La clasificación de las plantas nace de la necesidad de obtener un orden en la enorme diversidad de los organismos vegetales propios del reino Plantae y se resuelve mediante los sistemas de clasificación. Históricamente, la clasificación de las plantas se realizó de acuerdo con la presencia, ausencia y forma de órganos fundamentales, como raíces, tallos, hojas, flores y frutos, o de acuerdo con la presencia de uno o dos cotiledones en la germinación de la semilla, así como en la desc...
Dmitri Muratow bei der Verleihung der Karlsmedaille an die Nowaja gaseta, 2012 Dmitri Andrejewitsch Muratow (russisch Дмитрий Андреевич Муратов; englisch Dmitry Muratov; * 29. Oktober 1961 in Kuibyschew (heute Samara), Russische SFSR, Sowjetunion)[1] ist ein russischer Journalist. Er war Chefredakteur der 2022 verbotenen Nowaja gaseta. Im Jahr 2021 wurde ihm der Friedensnobelpreis zuerkannt. Seit September 2023 gilt er in Russland als „ausländischer Agent“....
The Walking DeadDiciptakan olehRobert KirkmanTony MooreKarya asliThe Walking DeadPublikasi tercetakBuku The Walking Dead Film dan televisiSeri televisi The Walking Dead Fear the Walking Dead PermainanPermainan video The Walking Dead Survival Instinct Road to Survival The Walking Dead adalah waralaba media yang mencakup serial buku komik, dua serial televisi, enam novel, permainan video, dan berbagai media lainnya. Serial buku komik Artikel utama: The Walking Dead (buku komik) The Walking Dead...
Pour les articles homonymes, voir Bianchi. Marius BianchiFonctionsConseiller général de l'Orne1880-1904Député de l'Orne5 mars 1876 - 14 octobre 1881Maire de Longny-au-PercheBiographieNaissance 7 juillet 1823Saint-TropezDécès 14 août 1904 (à 81 ans)Maisons-LaffitteSépulture Cimetière du Père-Lachaise, Grave of Bianchi (d)Nationalité françaiseActivité Homme politiqueEnfant Thérèse Murat (d)Autres informationsParti politique ConservatismeMembre de Cercle des chemins de fer (...
Легіслатура штату Мічиганангл. Michigan Legislature 100-те скликання Печатка штату Мічиган Капітолій штату Мічиган Загальна інформація: Юрисдикція: Мічиган Тип: двопалатний парламент Палати: СенатПалата представників Дата заснування: 26 січня 1837 Попередник: Рада території Мічи...
1970 single by The BandRag Mama RagSingle by The Bandfrom the album The Band B-sideThe Unfaithful ServantReleased1970Recorded1969GenreRoots rockLength3:04LabelCapitol RecordsSongwriter(s)Robbie RobertsonProducer(s)John SimonOfficial audioRag Mam Rag on YouTube Rag Mama Rag is a song by The Band which was first released on their 1969 album The Band. It was also released as a single, reaching #16 on the UK Singles Chart, the highest position for any single by the group.[1] The single wa...
Aníbal A. Cavaco SilvaPresiden Portugal ke-20 (Keenam sejak Revolusi Karnasi)Masa jabatan9 Maret 2006 – 9 Maret 2016PendahuluJorge SampaioPenggantiMarcelo Rebelo de Sousa Informasi pribadiLahir15 Juli 1939 (umur 84)Boliqueime, Loulé, Algarve, PortugalKebangsaanPortugalPartai politikPartai Sosial Demokratik PortugalSuami/istriMaria Cavaco SilvaPekerjaanEkonomLecturer and Professor of EconomicsDirector of the Department of Economical Studies of the Bank of PortugalInvestigator...
Leni Robredo 2022 presidential campaignCampaigned for2022 Philippine presidential electionCandidateLeni Robredo Vice President of the Philippines(2016–2022)Camarines Sur's 3rd district representative (2013–2016) Francis Pangilinan Senator of the Philippines(2001–2013; 2016–2022) Presidential Assistant for Food Security and Agricultural Modernization(2014–2015)Affiliation Liberal Party[1] 1Sambayan[2][3] Akbayan[4] Katipunan ng Nagkakaisang Pilipino ...
For all important members of the family Geelvinck, see Geelvinck. For his great-grandson of the same name, see Joan Geelvinck (1737–1802). Amsterdam Heritage: Singel 460 Joan Geelvinck (7 July 1644 – 21 May 1707) was a Dutch merchant and politician who followed his father Cornelis and younger brother Albert on the city council of Amsterdam. Geelvinck was born in Amsterdam. In 1663 he became an ensign, in 1666 lieutenant, in 1676 captain and in 1688 colonel in the civic guard. In 1674 he m...
1983 spy novel by Len Deighton This book-related article describes a work or element of fiction in a primarily in-universe style. Please help rewrite it to explain the fiction more clearly and provide non-fictional perspective. (October 2009) (Learn how and when to remove this template message) Berlin Game First edition (UK)AuthorLen DeightonCountryUnited KingdomLanguageEnglishGenreEspionage novelPublisherHutchinson (UK)Knopf (US)Publication date1983 (UK)Media typePrint (Hardcover)Pages3...
Railway station in Fukuyama, Hiroshima Prefecture, Japan Kamitode Station上戸手駅Kamitode Station, November 2023General informationLocation261-2 Tode Shinichi-chō, Fukuyama-shi, Hiroshima-ken 729-3101JapanCoordinates34°33′5.96″N 133°16′54.79″E / 34.5516556°N 133.2818861°E / 34.5516556; 133.2818861Owned by West Japan Railway CompanyOperated by West Japan Railway CompanyLine(s)Z Fukuen LineDistance18.8 km (11.7 mi) from FukuyamaPlatforms1 side ...
American actress Laura La PlanteLa Plante ca. 1925BornLaura Laplante(1904-11-01)November 1, 1904St. Louis, Missouri, U.S.DiedOctober 14, 1996(1996-10-14) (aged 91)Woodland Hills, California, U.S.OccupationActressYears active1921–1934Spouses William A. Seiter (m. 1926; div. 1934) Irving Asher (m. 1934; died 1985) Children2RelativesViolet La Plante (sister) Laura La Plante (born L...
هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. فضلًا، ساعد بإضافة وصلة إليها في مقالات متعلقة بها. (نوفمبر 2019) تاتيانا مكفادين ، و معلومات شخصية الميلاد 21 أبريل 1989 (35 سنة) سانت بطرسبرغ مواطنة الولايات المتحدة الطول 165 سنتيمتر الوزن 49 كيلوغرام...
В Википедии есть статьи о других людях с такой фамилией, см. Кудрявцева. Ольга Николаевна Кудрявцева Дата рождения 8 (20) февраля 1896 Место рождения Николаев, Херсонская губерния, Российская империя[2] Дата смерти 16 июня 1964(1964-06-16)[1] (68 лет) или 15 июня 1964(1964-06-15)[2...