Борис Алексовски - Карче (10 октомври 1918 во Кичево, Скопско — 2002 во Скопје) — македонски револуционер и член на АСНОМ.[1]
Животопис
Во комунистичкото движење влегол во 1938 година. Станал член на КПЈ и активен учесник во НОВ од 1941 година. Во куќата на Борис Алексовски - Карче, била оформена првата партиска ќелија во Кичевскиот регион и притоа за секретар бил избран Пепе Јованоски, а членови Драге Богески, Пецо Чингоски, Нико Пусоски, Борис Алексовски-Карче, Борис Грујоски, Јанко Михајлоски и Владимир Полежиноски.[2]
Од октомври 1941 година до март 1943 година, бил член и секретар на Месен Комитет КПЈ - Кичево, а од септември 1942 до март 1943, член на Окружен Комитет на КПЈ - Тетово. Член на Првиот областен комитет на КПМ од април до август 1943. По формирањето на Првата македонско-косовска ударна бригада, бил политички комесар на чета, а од 1944 година на баталјон. Кооптиран за член на АСНОМ од октомври 1944. По ослободувањето вршел повеќе државни функции. Бил сојузен и републички пратеник во Сојузното собрание на СФРЈ и во народното собрание на НР Македонија.[3][4][5]
Во меѓувреме ја завршил Вишата партиска школа „Ѓуро Ѓаковиќ“. Носител е на Партизанска споменица од 1941 и повеќе одликувања.[4]
Наводи