1942
1942 (MCMXLII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1942 година од новата ера, 942. од вториот милениум, 42. од XX век и трета од 1940-тите.
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7450 и 7451 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6692 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5702 и 5703 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2695.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1942 година се протега во 4578 и 4579, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4638 и 4639 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2485. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1360 и 1361 исламска година.
Настани
јануари
февруари
март
април
мај
јуни
јули
август
септември
октомври
ноември
декември
Родени
- 7 јануари - Божин Павловски, македонски писател
- 8 јануари - Џуничиро Коизуми, премиер на Јапонија од 2001-2006
- 17 јануари - Мухамед Али, американски боксер
- 12 февруари - Ехуд Барак, израелски премиер
- 25 март - Арета Френклин, американска пејачка
- 26 март - Ерика Јонг, американска писателка
- 28 март - Нил Кинок, британски политичар
- 17 јуни - Мохамед ел Барадеј, директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, од Египет
- 18 јуни - Пол Мекартни, британски музичар
- 13 јули - Харисон Форд, американски глумец
- 27 ноември - Џими Хендрикс, американски музичар
- 21 декември - Ху Ѓинтао, кинески претседател
Починале
- 4 јануари - Орце Николов, македонски комунист, учесник во НОВ
- 7 јануари - Крсто Трајков, македонски револуционер
- 22 јануари - Рачо Петров, бугарски офицер и политичар
- 22 февруари - Штефан Цвајг, австриски писател
- 2 март - Борка Талески, македонски комунист, учесник во НОВ
- 2 март - Лазо Колевски, македонски комунист, учесник во НОВ
- 24 април - Вангел Тодоровски, македонски комунист, народен херој
- 3 мај - Таки Даскало, македонски комунист, учесник во НОВ
- 3 мај - Елпида Караманди, македонски комунист, учесник во НОВ
- 3 мај - Мара Јосифоска - Ѓурѓа, македонски комунист, учесник во НОВ
- 3 мај - Ордан Михајлоски - Оцка, македонски комунист, учесник во НОВ
- 3 мај - Торвалд Стаунинг, дански премиер
- 9 мај - Орде Чопела, македонски комунист, учесник во НОВ
- 23 мај - Ташко Караџа, македонски комунист од Егејска Македонија
- 4 јуни - Рајнхард Хајдрих, германски нацист
- 9 јули - Цветан Димов, македонски комунист, народен херој
- 23 јули - Никола Вапцаров, македонски поет
- 23 јули - Антон Попов, македонски поет
- 30 јули - Марко Христов, македонски револуционер
- 15 август - Спас Банџов, учесник во Шпанската граѓанска војна
- 18 август - Васил Антевски - Дрен, македонски комунист, учесник во НОВ
- 18 август - Периша Савелиќ, црногорски комунист, учесник во НОВ во Македонија
- 12 септември - Мите Богоевски, македонски поет и комунист, народен херој
- 12 септември - Стеван Наумов - Стив, македонски комунист, народен херој
- 19 септември - Рампо Левков - Левката, македонски комунист, народен херој
- 1 ноември - Благој Ѓорев, македонски комунист, учесник во НОВ
- 6 декември - Невена Георгиева - Дуња, македонски комунист, учесник во НОВ
- 19 декември - Мице Козароски, македонски комунист, учесник во НОВ
- 21 декември - Киро Нацев, македонски комунист, народен херој
Поврзано
Надворешни врски
|
|