Али е роден во Луисвил, Кентаки како Касиус Клеј. Името го добил по татка си, Касиус Марселус Клеј Сениор., кој пак истото го добил по аболиционистот и политичар Касиус Клеј од XIX век. Клеј брзо видел оти како скромен боксер не се стигнува надалеку во бокс бизнисот, па затоа и им се потсмеваше на противниците, провоцирајќи ги. По освојувањето на неговата прва светска титула, Клеј чекореше низ рингот викајќи "I am the greatest!" - „Јас сум најдобриот!“.