22 април

<< април >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30
2024

22 април — 112-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (113-и во престапна година). Остануваат 253 денови до крајот на годината.

Настани:

1500  Португалскиот морепловец Педро Кабрал стигнал до Бразил и го прогласил за португалски посед. Ова се празнува како Ден на откривањето на Бразил.
1920  Стапија во штрајк поштарите во Македонија — Ден на поштарско-телеграфските работници на Македонија.
1964  Тангањика и Занзибар се обединиле во заедничка држава — Танзанија.
1970  Почнал да се празнува Денот на планетата земја.
2007  Ѓорѓи Трендафилов е избран за претседател на ВМРО-Народна партија

Родени:

1451  Изабела I — кралица на Кастиља и Леон (п. 1504).
1610  Александар VIIIримски папа.
1707  Хенри Филдинг — англиски писател.
1724  Имануел Кант — основоположник на германската класична филозофија.
1766  Мадам де Стал — француска писателка.
1866  Ханс фон Сект — висок офицер во германската армија.
1870  Владимир Илич Ленин — организатор на Октомвриската револуција во Русија и основач на СССР.
1881  Александар Керенски — руски политичар.
1884  Ото Ранк — австриски психолог (п. 1939).
1891  Никола Сако — американски анархист (п. 1927).
1899  Владимир Набоков — руски писател (п. 1977).
1904  Роберт Опенхајмер — американски физичар (п. 1967).
1916  Јехуди Мењухин — англоамериканско-швајцарски виолинист (п. 1999).
1922  Чарлс Мингус — американски џез-музичар.
1927  Вукан Диневски — македонски глумец.
1930  Георги Сталев Поповски — македонски поет.
1930  Драги Костовски — македонски артист.
1935  Пол Чејмберс — американски џез-музичар.
1937  Џек Николсон — американски глумец.
1942  Џорџо Агамбен — италијански политички филозоф.
1946  Џон Вотерс — американски режисер.
1947  Горан Паскаљевиќ — српски и југословенски режисер.
1949  Миодраг Кривокапиќ — српски и југословенски глумец.
1950  Питер Фремптон — англиски рок-музичар.
1958  Миливој Брачун — југословенски и хрватски фудбалер и тренер.
1970  Андреа Џани — италијански одбојкар.
1977  Марк ван Бомел — холандски фудбалер.
1979  Џон Гадре — француски велосипедист.
1981  Горан Мазнов — македонски фудбалер.
1982  Рикардо Кака — бразилски фудбалер.
1987  Давид Луиз — бразилски фудбалер.
1987  Јаспер Силесен — дански фудбалски голман.
1987  Џон Оби Микел — нигериски фудбалер.
1988  Маја Никшиќ — македонска убавица.
1998  Давид Раум — германски фудбалер.

Починале:

536  Агапит I — римски папа.
1994  Ричард Никсон — претседател на САД.
2007  Томе Арсовски — македонски писател.

Празници:

Ден на планетата Земја
Ден на поштарско-телеграфските работници на Македонија

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!