28 април — 118-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (119-и во престапна година). Остануваат 247 денови до крајот на годината.
Настани:
518
|
Катастрофален земјотрес го разрушил Скупи, претходникот на денешно Скопје.
|
1945
|
Бенито Мусолини и неговата љубовница Клара Петаки се погубени од стрелачки вод составен од членови на италијанското движење на отпорот.
|
1964
|
Излегло првото издание на „Битолски весник“.
|
1969
|
Претседателот на Франција, Шарл де Гол поднесе оставка на функцијата по 11 години владеење. Тој се повлече од функцијата по референдумот за регионализација на државата и укинување на Сенатот, на кој, мнозинство од гласачите се изјаснија против неговите идеи.
|
1980
|
Американскиот државен секретар Сајрус Венс поднесе оставка на функцијата по неуспешната мисија на командосите за спасување на американските заложници во Иран.
|
2001
|
Кај Вејце, Тетовско, на ѕверски начин се масакрирани 8 припадници на македонските безбедносни сили од страна на припадници на т.н. ОНА. Настанот се смета за едно од најголемите ѕверства во поновата македонска историја.
|
2001
|
Милионерот Денис Тито станал првиот вселенски турист во светот. Платил 20 милиони УСД за да лета на Руската ракета Сојуз ТМ-32 и минал скоро 8 дена во вселената.
|
2004
|
Кандидадот на СДСМ Бранко Црвенковски е избран за Претседател на Република Македонија со убедлива победа против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев.
|
Родени:
Починале: