Ислам Историја на исламот
Божје единство Вероисповед Молитва • Пост Аџилак • Добротворност
Мухамед Али • Абу Бакр Дружината на Мухамед Семејството на Мухамед Исламски пророци
Куран • Хадис • Шеријат Исламско право • Теологија Мухамедовите биографии
Сунизам • Шиизам • Суфизам
Академци • Филозофија Уметност • Науки Архитектура • Градови Календар • Празници Жените во исламот • Водачи Политика • Џихад • Либерализам
Исламски лексикон Индекс на статии за исламот
Хиџра (арапски: هِجْرَة или хиџрат, хегира - „преселба“) — пребегнувањето на исламскиот пророк Мухамед и неговите следбеници од Мека до Медина во јуни 622 г.[4]
Во 622 година, предупреден за заговор за негово убиство, Мухамед тајно пребегнува од Мека со Абу Бакр.[5] Мухамед и неговите следбеници се пребегнале во градот Јатриб, 320 км северно од Мека. Јатриб подоцна ќе биде наречен Мединат ун-Наби, што во превод значи „градот на пророкот“, но ун-Наби подоцна се отфрла, па името станува Медина, што значи „градот“.[6] Муслиманската година за која се случува хиџра ја означува првата година од исламскиот календар воведен од Омар во 638 г. или 17 п.х. (со значење „по хиџрата“: меѓународно се користи наставката AH — anno hegirae — „од годината на хиџрата“).[6] Во понатамошниот период[6] градот ќе се нарекува Медина, а областа околу истиот Јатриб.
Како забелешка, ел-Бируни не се согласува со Алви, ибн Сад, Абу Џафар и ибни Хишам за погоре наведените дати.[10][11] Претпоставените дати во наназд пресметаниот исламски календар ќе се разликуваат од вистинските дати поради тоа што се пресметани според современиот меѓународен Грегоријански календар. Хиџра се слави годишно на 1 Мухарем, првиот ден од муслиманската година, поради што многу автори го збунуваат првиот ден со самата година, погрешно пишувајќи дека хиџра се случила на 1 мухарем п.х. 1[6] (на пример 18 април 622 г.) па дури и претпоствената дата според грегоријанскиот календар 26 реби I во 1 п.х. е 16 јули 622 г. иако сето тоа се случило на 12 Реби I (2 July 622 г.).
Важно е да се запомни дека со осмислувањето на табеларниот исламски календар од страна на муслиманските астрономи се протега назад во времето и ги менува сиве овие дати за 88 денови или или три месечеви месеци бидејќи првиот ден од годината во кој се случува хиџра 1 Мухарем AH 1, ќе биде погрешно земен како понеделник 19 април 622 г. за разлика од петок 16 јули 622 г. Муслиманските дати за хиџра се оние кои биле забележани во првичниот арапски месечево-сончев календар и истите никогаш не биле правилно префрлени во месечевиот календар за да се надомести разликата од трите интеркалациони месеци кои биле вметнати за период од девет години, за истите подоцна да бидат забранети во годината на последниот аџилак на Мухамед (10 п.х.).
Технички, првата хиџра се случила во 615 г. кога група на мулимани била советувана од Мухамед за да го избегнат прогонот во Мека да отпатуваат во Етиопија (Абисинија во тој период), која била владеена од христијанскиот крал, Негус. Мухамед не се придружил во ова преселување. Во таа година неговите следбеници пребегнале од Мека поради племето, Курејш, кои беа испратиле пратеници во Етиопија за да ги вратат назад во Арабија. Движењето кое било во зародиш трпело големото противење и гонење, сè до оној момент кога Мухамед и неговите следбеници добиле покана од луѓето во Јатриб и одлучуваат да ја напуштат Мека.