Во религијата, пророк е човек кој го сретнал натприродното или божественото и служи како посредник со луѓето.[1]
Пророци постоеле во многу култури низ историјата, вклучувајќи ги религиите христијанство, јудаизам, пророкот Заратустра во Персија, пророчиштето Делфи во Стара Грција, потоа во исламот, и во многу други. Традиционално, на пророците им се припишува улога на доносители на промените кои зависат од пораките што ги носат. Епитетот „пророк“ е субјективен, бидејќи оној што од едни се смета за пророк, од други може да се смета за лажен пророк. Кон крајот на XX век, епитетот „пророк“ се ставал на некој кој е успешен во анализата на економските ситуации, или на оние кои ги коментираат кризите во општеството.
Германскиот философ Фридрих Ниче, пророците ги нарекува „мелези на болестите и на волјата за власт“.[2]